Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Тоа го воочив и самиот. Само животот во и вон комуната не е ист, нели?Инаку, Хепта и политика - не оди во иста реченица
Правата (може) не се дадени од Бог, но без истите ние сме res. Џабе ти се и ка и ба, жабе имаш духовна слобода, која истата можеш да ја манифестираш само во некоја пештера, далеку од очи, далеку од срце без тие права.
Но кога ги имаш тие права, истите треба максимално да ги реализираш. Општествениот договор е покорување на државата пред народот. Веќе нешто напишав за еволуцијата на моќта од императорот кон народот. Така империја по империја прифаќа Устав, а императорот има само симболична улога.
Тука се и твоите религиски права. Можеби ти не сакаш одредени организации да имаат право на збор и мисла, тука го потенцирав диктаторот во твојот карактер. Истите имаат и право на протест, а имаат право и на собирање потписи за референдум. Имаат и ред други права, граѓански, економски, политички, културни... Не можеш да им ги одземеш само затоа што ти тоа го сакаш.
"Мнозинството владее", тоа не е само максима во демократското општество, туку е резултат од реализацијата на правата кои произлегуваат од општествениот договор.