Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Инаку, Хепта и политика - не оди во иста реченица :D
Тоа го воочив и самиот. Само животот во и вон комуната не е ист, нели? :)

Правата (може) не се дадени од Бог, но без истите ние сме res. Џабе ти се и ка и ба, жабе имаш духовна слобода, која истата можеш да ја манифестираш само во некоја пештера, далеку од очи, далеку од срце без тие права.

Но кога ги имаш тие права, истите треба максимално да ги реализираш. Општествениот договор е покорување на државата пред народот. Веќе нешто напишав за еволуцијата на моќта од императорот кон народот. Така империја по империја прифаќа Устав, а императорот има само симболична улога.

Тука се и твоите религиски права. Можеби ти не сакаш одредени организации да имаат право на збор и мисла, тука го потенцирав диктаторот во твојот карактер. Истите имаат и право на протест, а имаат право и на собирање потписи за референдум. Имаат и ред други права, граѓански, економски, политички, културни... Не можеш да им ги одземеш само затоа што ти тоа го сакаш.

"Мнозинството владее", тоа не е само максима во демократското општество, туку е резултат од реализацијата на правата кои произлегуваат од општествениот договор. :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Сите треба да имаме исти права. Поточно да имаме слобода и живот, сите. Во Liber Oz е убаво тоа дадено. Сеуште некои работи се во доменот на фантазијата за човекот, но - треба да се трудиме да ги имаме тие права, но и да не ги ограничуваме за другиот.

Но тоа „право“ не треба да биде не знам, како дозвола... тоа треба да доаѓа од поединецот дека ако тој има слобода и живот, мора да научи да не стои на патот на нечиј друг живот и слобода.
Тешко е во пракса и бара голема насоченост на мислата, на дејствувањето... за тоа не е спремно сеуште човештвото, но треба да се трудиме да укажуваме на тоа.

Најпрво дека не постои вистинска религија. Не постои „еден пат“. Не постојат „едни ритуали“, „едно обожување“ - а сето друго да е сатанизам и зло.

Кога ќе се исфрли од употреба зборот „неверник“ од речникот на оние кои се дел од некоја религија и проповедаат за истата, споредувајќи ја со другите - ќе знаеш за што зборувам :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Сите ние сме деца на планетата Земја, а со тоа во исто време сме и верници и неверници.

Има принципи и во самото право. Твоето право запира каде започнува моето. Но едно право за да биде право, треба некаде да е систематизирано. Треба да постои. :)

Корените на правото (Хамурабу, Ур-Наму или Липит-Иштар) е "израз" на самите Богови. Правото се појавува со првите империи, така се зацврстува положбата на монархот (тој е даден од Бог), и самото право служи за уредување на општествените односи, кое исто така е оправдано од страна на Бог(овите). Читај го воведот на Хамурабуевиот закони! Од тука извираат и неколку принципи од Стариот завет. :)

Денес правото не служи да те направи подобар човек (пр. 10те Божји заповеди), туку за воспоставување мир во јавниот поредок и давање на одредени права и слободи на поединецот кои би го направиле лојален граѓанин. Целта е опстанокот на самата држава т.е. заштита на темелните вредности кои го формираат уставниот поредок. :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Да не плачеш само кога ќе имаш шеријатски закон во државата, како заштита на темелните вредности на уставниот поредок, израз на самиот Бог, Аллах.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
тоа треба да доаѓа од поединецот дека ако тој има слобода и живот, мора да научи да не стои на патот на нечиј друг живот и слобода.
Се слагаме, а тоа значи почит.
Пример еден од моите омилени ликовњаци... Гигер...
Ја разбирам од каде го црпи сето ова, и да е жив и се сретнеме ја нема да го разубедувам, ќе му оддадам почит, а со тоа и он на моето христијанство....

Признавам дека би ја спомнал намерно мајка му еднаш двапати чисто да ја увидам реакцијата... за да проверам дали добро го разбирам.

Но тоа што Гигер направи за поп културата е прајслес.

Почит.

Љ.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Да не плачеш само кога ќе имаш шеријатски закон во државата, како заштита на темелните вредности на уставниот поредок, израз на самиот Бог, Аллах.
Никогаш не се повикувам на Бог, тоа веќе го установивме. Само дадов краток вовед за поврзаноста на Бог и правото. Морам да направам спојка со религија и право. Има историска градација. :)

Рипнав многу, од римско до средновековие.

Правото денес нема божја манифестација. Има улога на заштита на Уставниот поредок. Државата (Владата) е предлагач, а не Црквата. :)
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Што мислите за јога,медитација,реики?
Опасни нешта. Окултни. Демонски метании замаскирани со езотерија. Како волк во овча кожа.
Држи си се ти на корените свои христијански сине. Или исламски. Само немој да се впушташ во тие мрачни води кои намамуваат со лажна светлина.
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Опасни нешта. Окултни. Демонски метании замаскирани со езотерија. Како волк во овча кожа.
Држи си се ти на корените свои христијански сине. Или исламски. Само немој да се впушташ во тие мрачни води кои намамуваат со лажна светлина.
Воопшто не сум упатен затоа прашав, а ова ми наликува на трол одговор....
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Воопшто не сум упатен затоа прашав, а ова ми наликува на трол одговор....
На подфорумов ќе мора да пребараш, имаше еден член, од Америка која беше упатена во овие ствари и имаше дискутирано тука за тоа.
Само треба да бараш по различни теми за да најдеш.

Реики нема ништо со јога, онаа класичната. Учат колку што знам за суптилна енергија која може да се контролира дури и да се лекува и своето а и туѓо тело.
Можеби е поврзано реики со јога само за учењето за фините слоеви на човекот, не само физичкото, видливо за голо око. :)

А јога, контрола на умот, на емоции, на енергија внатрешна - е поврзано со се. :)
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Значи нема тука ништо против светото писмо.
Ок е да се практикува?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.004
Поени од реакции
83.387
Значи нема тука ништо против светото писмо.
Ок е да се практикува?
Дали има у Свето писмо нешто против реики, јога и слични пракси, не би можел да ти кажам, затоа што зависи кој го толкува Светото писмо.
Православните апологети ќе ти речат дека светите оци само смеат/можат да го толкуваат Светото писмо, а они не зборат ништо (колку што знам) за реики и јога.
Исто, многу е можно православието да има различен став кон едново, а различен кон другото.

Ја лично сум против реики и јога од причини кои немаат директна врска со православието.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Значи нема тука ништо против светото писмо.
Ок е да се практикува?
Оди на Премин Портал, христијанско гласило и барај што став имаат за јога. Мислам дека ја сатанизираат и ја преставуваат за зло.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Оди на Премин Портал, христијанско гласило и барај што став имаат за јога. Мислам дека ја сатанизираат и ја преставуваат за зло.
И во право се. Јас го знам тоа од прва рака искуство, директно демонизирање. Ама јас се помирив со тоа пошто додуша и убаво ми е. Но на другите им препорачувам подалеку од јоги и сл. и да си се чуваат до верата нивна христијанска православна.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
И во право се. Јас го знам тоа од прва рака искуство, директно демонизирање. Ама јас се помирив со тоа пошто додуша и убаво ми е. Но на другите им препорачувам подалеку од јоги и сл. и да си се чуваат до верата нивна христијанска православна.
Секој со своето, кои сме ние, кои не сме прашани да дадеме совет за тоа кој што да следи, да се расфрламе со мудрости?
Треба да се остави човек сам да побара и совет и помош и се останато... од премногу совети луѓето не знаат што да прават со себе си и ете ти проблеми... од секаков вид.
За христијаните ислам, будизам, дури и разни христијански деноминации се „зло“. Многу зло проповедање кај другите, е сомнителна работа :)
За исламот, исто така се е зло освен тие самите...
И потоа кога некој ќе критикува религии од старото време - е зло.

Па секако сум зло за тие религии уште пред да кажам или направам нешто - осуден од раѓање со „првобитен грев“ кој сакаа да ми го тутнат во раце :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom