Треба да им одговориш: Никако одење. Ризик е одењето, може да одиш и да не завршеш работа, да те заврни или пак некој друг да заврши работа пред тебе, а ти да ноќеваш... па да губиш ден од работа (работа во нашата прекрасна држава која бај да веј одвај чекаш да ја напуштиш со тој БГ пасош) и најдобро да си почекаат и тука да прашаат уште 20 пати како си поминале тие што биле и ШТО ако чекале указ т.е. подигнат им е, ама не е стигнато писмото.Odete luge za 100 evra Li ste za 1 den ke gi za rabotite vo beliot svet
Во меѓувреме, останатите, кои имале две рала меѓу нозе и не чекаат мама и тате да ги носат за раче во животот ќе бидат преселени во ЕУ држава по избор и ќе речат Ви благодарам Вам како Бугари и Вас како Бугарија што ми овозможивте пристап до ЕУ (тоа што 30 години некој кај мене дома не ми овозможи од X причини) и ќе се навраќаат на оваа голгота и овој дел од форумот со насмевка на лицето.
На останатите, ќе им биде крива судбината, дедо мраз, бугарите, комисиите, посредниците... се' некој само не ТИЕ САМИ.
Колку год да не му се свиѓа ова што ќе го прочитаат, вистината е таа и извини што го користам твојот пост како реплика но навистина е тажно човек да гледа како луѓето сами се измачуваат во своето незнаење и неодлучност САМО и САМО затоа што се плашат да направат еден чекор.
Бугарите кренаа рампа (КОНЕЧНО) за да луѓето вака или така земат пасош, луфтата или просторот за тоа (засега) е месец дена. Останува на тие што сакаат - да одат, останатите можат да читаат тука, сите коментари да ги сфаќаат ЛИЧНО и да се пронаоѓаат навредени затоа што некој не им дал нешто на тацна.
Никој во овој живот не ви должи ништо драги мои, колку побрзо го сфатите тоа толку подобро за Вас.
Крај краева, последните неколку месеци има овде пар луѓе кои Ви лаеме дека време е да баталите форумот и да засукате ракавите НЕ за да бидеме во право туку за да ВИ ПОМОГНЕМЕ како на луѓе.
Дел од тие пар луѓе си го исправија патот по своја сопствена заслуга, Барселона зеде пасош, Марин зеде пасош, пар други ликови КОИ НЕ ЧЕКАА НА ТАЦНА ВЕДНАШ ПОСЛЕ УРЕДБАТА ОТИДОА И ЗЕДОА ПАСОШ.
Останатите, сакате лутете се, сакате плачете, сакате колнете ја судбината и како тоа не е фер но во голем дел ДОКОЛКУ имате потпишан указ (без разлика подигнат или не) САМИ си ја одредувате иднината.
На крај, Бог вели помогни си сам за да ти помогнам и јас тебе. Ако мислите дека со пцуење на форум и со неприфаќање на реалноста (која не ви е по мерак) ќе си помогнете тогаш длабоко се лажете.
Софија не е Австралија, ризикувајте ебани 200-300 евра и одете додека се' уште може.
Од Марин имате надробено и нацртано во пост каде и како да се поставите, од другите членови имате ИСКУСТВО дека СИТЕ без исклучок ЗАВРШИЛЕ РАБОТА.
Одговори други, засега нема.
Комисиите сработија, исчистија добар дел заостанатата дополнителна што ја влечкаа од 2018 и заради која дел главевте ради недоволна и навремена информираност од посредниците (друг дел им е останат или исчистен но не го објавуваат - сеедно), останува сега да се чисти делот на ПАСОШИ кои ги даваат на секој кој ќе се појави пред МП. Подигате указ, одите во општина, запишувате адреса, истиот или следниот ден се сликате за ЛК и Пасош и се враќате МКД како ЕУ граѓани.
Така да, нека ви е среќно што и да одлучите (иако ми изгледа дека повторно некој ќе се избаци со прашање дали да оди - ако не вечерва, тогаш сигурно утре).