NeoTV IPTV (Neotel) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Јефто
  • Време на започнување Време на започнување
Уште да понудат HBO, Cinemax, Cinestar.. Да ќе се покачи цената ама барем ќе биде блиску со понудата на Телеком во канали.
 
Уште да понудат HBO, Cinemax, Cinestar.. Да ќе се покачи цената ама барем ќе биде блиску со понудата на Телеком во канали.
Веројатно затоа постојат различни понуди кај операторите... Тие што сакаат спорт ќе ги имаат Арена, СК и Еуроспорт.. Тие што гледаат филмчиња ќе си продолжат со Netflix и Stremeo :)
 
Веројатно затоа постојат различни понуди кај операторите... Тие што сакаат спорт ќе ги имаат Арена, СК и Еуроспорт.. Тие што гледаат филмчиња ќе си продолжат со Netflix и Stremeo :)
A tie sto sakaat i sport i filmicinja ke su zemat iptv:)
 
Бидејќи Neotel телевизијата е на Android box уред може плус да додадеш и HBO GO и Netflix, Iptv нелегално со 3000 кусур канали ќе купиш и се тоа во еден исти уред ќе го имаш.
 
Се имате ли префрлено некои на Неотел со понудата на СК и Арена програмите + интернет?
Задоволни ли сте?
 
Се имате ли префрлено некои на Неотел со понудата на СК и Арена програмите + интернет?
Задоволни ли сте?

Јас се имам префрлено на Неотел од октомври 2019 и сум крајно задоволен како од оптичкиот Интернет, така и од ТВ понудата.

Морам да потенцирам дека оптичкиот телекомуникациски приклучок кај мене е од Македонски Телеком и рутерот кој ми го имаат дадено на користење е од Македонски Телеком, но оптичкиот Интернет е од Неотел, кои насекаде каде што не е достапна нивната оптичка телекомуникациска мрежа, а истовремено е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, преку оваа вторава ги нудат своите услуги.

Кога сме кај ТВ понудата, истата е одлична - земајќи ја во предвид цената на пакетот Нео Трио 50 кој го користам. ЕуроСпорт 1 и 2, исто како и Спорт Клуб 1, 2 и 3 се достапни во висока High Definition (HD) резолуција, додека Спорт Клуб 4, 5, 6, Голф и Еспортс се во обична слика, односно стандардна резолуција. Арена Спорт каналите не ми се достапни бидејќи не се дел од пакетот кој го користам од октомври 2019, подоцна ги додадоа и не можам да коментирам за нив.

Кога сме кај НеоТВ услугата, морам да потенцирам 2 негативни карактеристики:

1. Андроид IPTV рисиверот е заклучен, односно иако технички е изводливо, сепак е блокиран пристап до YouTube и други апликации, што значи дека освен за НеоТВ, не може да се користи за други апликации кои се достапни за еден Андроид уред;

Снимањето е ограничено на максимум 6 (ШЕСТ) часа - не 6 часа по ТВ канал или 6 часа дневно, туку 6 часа севкупно, откако ќе ги снимиш 6 часа нема повеќе слободен простор во меморијата на уредот, единствено решение е бришење на некои од снимените содржини за да можеш да снимаш повторно - и мораш да го закажеш снимањето однапред, не можеш рачно да почнеш со снимање веднаш кога си сменил ТВ канал и одеднаш ти текнало дека ова што сега го даваат на ТВ каналот сакаш да го снимиш, мораш однапред да го резервираш снимањето пред да почне тој временски термин, премотувањето исто така е ограничено на последните 60 (ШЕЕСЕТ) минути, има ТВ архива на снимки од последните недела дена, но истата е достапна само кај македонските ТВ канали и хрватските РТЛ канали;

Не може да се снима на надворешен извор на меморија како мемориска картичка или USB меморија, иако рисиверот доаѓа со соодветни порти за истите и самиот Андроид оперативен систем ги препознава без никаков проблем, може да се гледаат филмови од USB меморија или мемориска картичка, може да се слуша музика, може да се разгледуваат слики, но тие треба претходно од компјутер да ги префрлиш на USB меморијата или на мемориската картичка, рисиверот ги третира како уреди само за читање, односно Read-only;

2. Одвреме навреме, а тоа одвреме навреме во превод значи барем еднаш месечно, на Неотел им паѓа НеоТВ платформата, па одредени ТВ канали се недостапни и рисиверот вели дека не може да ги прикаже истите, ланското лето 2020 еден ден дури и сите ТВ канали им беа недостапни цел ден и го решаваа проблемот до крајот на денот, ТВ каналите станаа повторно достапни околу 21:00 или 22:00 часот вечер;

Во ваква ситуација, доколку ТВ каналот не е достапен, а имаш закажано снимање за тој временски термин, нема да биде снимена содржината за која си закажал снимање;

Наводно ваквиот проблем со недостапни ТВ канали се појавувал само кај поновите црни Андроид рисивери, додека не се појавувал кај постарите бели Андроид рисивери кои Неотел не ги дава повеќе на користење - барем не кај корисник кој не познава некого во Неотел кој би му направил услуга за да го замени црниот рисивер со бел;

Една од глупостите кај НеоТВ е тоа што доколку 2 (ДВА) часа по ред не смениш ТВ канал или не направиш било што со далечинскиот управувач на рисиверот, истиот автоматски прекинува да прикажува ТВ програма бидејќи претпоставува дека не си повеќе пред телевизор, па мораш со далечинскиот управувач да го продолжиш ТВ преносот, ова го правеле намерно од Неотел со цел да не се трошел непотребно Интернетот.

Со исклучок на овие две негативни карактеристики кај НеоТВ, немам за било што друго да се пожалам за Неотел, оптичкиот Интернет е одличен и никогаш досега не сум успеал да ја надминам границата од 5.000 гигабајти месечен сообраќај која ми следува со пакетот Нео Трио 50 кој го користам, иако постојано симнувам филмови, ТВ серии и програми преку Интернет.
 
Последно уредено:
На апликацијата бесплатно може да се гледаат македонските телевизии. Треба само регистрација.

Скоро сите македонски тв канали се HD плус има уште некој бесплатни канали а тоа се музичката Balkan music, Zdrava tv, Russia Tuday, TRT.

Не знам дали е ова привремено или долго време ќе биде ваква понудата бесплатна?
 
Gledam vo menito vo ponudi ima postpaid i prepaid najverovatno ke ima da si odberis za eden mesec da si platis kako da nadoplnis kredit nesto slicno
 
Бесллатнава понуда гледање на македонските канали на апликацјата е за време на европското фудбал.
 
Бесллатнава понуда гледање на македонските канали на апликацјата е за време на европското фудбал.
Месец дена ќе се активира или можам и сега да симнам па до крај на европското да ми работи?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom