Фан клуб - РК Вардар

Колкава е вредноста на резервистите како Јагуриновски, Шеваљевиќ, Векиќ, Димитриоски и остали ни покажаа првите 10 минути кога Металопластика буквално не растури. Ни избега на +6.

Чупиќ уште еднаш покажува колку ќе фали. Во небитна утакмица со Металопластика која се знае дека глатко ќе ја добиеме се фрла да спаси аут. :cuc:
 
Чупиќ уште еднаш покажува колку ќе фали. Во небитна утакмица со Металопластика која се знае дека глатко ќе ја добиеме се фрла да спаси аут. :cuc:
Ќе фали пре пре премногу, и сите најдобри ракометари од цел свет да ги имаме во состав ќе фали Чупко и неговата големина како играч. Тешко дека ќе имаме ваков борец во клубот во иднина. Јас уште неможам да го прежалам моментот дека си заминува... :(
ЛЕГЕНДИШТЕ!!!:cuc:
 
 
Едно нешто после утакмицава - следната сезона мора да се форсира Атанасовски. Момаков има страшна конституција, има потенцијал, а има и прилично напреднато во играта. Барем што можеше да се види од минутите што ги изигра денес.
 
Последно уредено:
Едно нешто после утакмицава - следната сезона мора да се форсира Атанасовски. Момаков има страшна конституција, има потенцијал, а има и прилично напреднато во играта. Барем што можеше да се види минутите што ги изигра денес.
Го спомна Вујо во интервјуто,рече ќе добива шанса...

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Крај на сезоната...сребро во Сеха лига ако се смета за оваа сезона уствари е за предходната, ЛШ исто како да не сме играле. Најпозитивното е дуплата круна во Куп и Супер лига каде што ако не беа поискусните играчи и тоа ќе го загубевме.

Чупиќ
Едноставно легенда, миленик на сите нас уште од првиот натпревар во црвено-црниот дрес, секако голот во последна секунда и уште многу пати не спасил на различен начин, секогаш борец сите гледавме дека и на натпревари против Бутел, Металопластика и др. Секогаш даваше се од себе и оставаше срце на терен, не ми се верува дека од денес па натаму треба да велиме "Кога беше Чупиќ во Вардар..." Ќе биде запишан во историјата на клубот со златни букви.
Жал ми е што не се прости пред публика, заслужи многу повеќе спрема тоа што тој го направи за сите нас, нека ја повлечат 27-та и мирно да спиеме, ако не го направат тоа мора да реагираме со петиција или со нешто друго бидејќи изгледа на овие од управа касно ќе им текне па после ќе речат " Еее сеа ако повлекуваме бројќи на сите легенди, плус касно е сеа му ја дадовме на..."

Калараш
И тој исто непроценлив борец, Комита и пол, буквално ги сакаше Македонија и Вардар како свој дом тоа се гледаше. Дефинитивно заслужи да остане но ете и тој ќе биде запишан во легендите.
Буквално од најмала ситница што можеше да ја направи за Вардар ја правеше, немаше објава која не ја имаше лајкнато. :D

Кизиќ
Сите го знаеме како дете на Вардар, некогаш доста преценет, но имаше блескави моменти како на денешниот натпревар, подобро за него што заминува иначе ќе си ја упропастеше кариерата која му предстои.

Дисингер
И Диско секако ќе фали но во оној дел на искусните играчи од шампионската генерација, на терен би требало да играме цело време со Тале па за да посакаме да се врати Диско.
Како изгубен делуваше на натпревари освен со Е. Пелистер :D

Јотиќ
Јотиќ таман фати некој ритам па Корона и повреда мислам имаше и толку му беа неговите пет минути, знаеше да биде добар но и катастрофален, ако се земе некој добар центар сигурно нема да фали, ако останеме само на Гаџа тешко ќе биде...

Кантегрел
Не доби многу минутажа иако тврдам да ја добиеше ќе беше топ плус да имаше публика уште повеќе, за него ми е криво што не се прослави поради Боре дрвоно, ај да беше покрај некој фантастичен голман ајде ама поради Боре да не добиваш минутажа е дно.

Векиќ
Јас незнам што бараа 5г договор да потпишат со буквално дрво, еден убав потег не направи во цела сезона.

Шевалевиќ
Беше најавен како засилување за втората полусезона а не за последните 3 натпревари колку што знам. Многу пати пишувавме дека е превара од играч.

Алушевски (мислам вака му е презимето)
Само со Е. Пелистер знаеше како да се игра, некој нека ме потсети ако кажал нешто на тајм аут освен " Широко, значи широко отвори и трчај"

Фала им на сите!
Оние што не направија ништо за Вардар треба да бидат горди што успеале да го облечат светиот дрес на двократниот европски шампион.
За тие што направија многу ние ќе бидеме горди што сме имале такви играчи.
 
Фали уше дрвото да го задржале..
 
Немаше дрес за Векиќ, изгледа ќе го гледаме уште една година во Вардар. Се надевам дека не се премислиле да донесат уште еден десен бек, па да го решиле тоа прашање со негово останување. Вујо сака такви тезгериња за одбрана, ама сепак премногу е еднодимензионален, а за такви играчи нема место во модерен ракомет.
Атанасовски се покажа добро денес, но се познава дека му недоатасува многу за да биде солидна класа. Неколку пати го соборија, а пример пикер како Столе, со далеку пониска градба, ќе ги однесеше како тенк. Сеоак, даде три гола, изнуди 2 пенали за 10 минути, сосема солидно, иако во тие моменто Металопластика играше со втор состав.
 
Немаше дрес за Векиќ, изгледа ќе го гледаме уште една година во Вардар. Се надевам дека не се премислиле да донесат уште еден десен бек, па да го решиле тоа прашање со негово останување. Вујо сака такви тезгериња за одбрана, ама сепак премногу е еднодимензионален, а за такви играчи нема место во модерен ракомет.
Атанасовски се покажа добро денес, но се познава дека му недоатасува многу за да биде солидна класа. Неколку пати го соборија, а пример пикер како Столе, со далеку пониска градба, ќе ги однесеше како тенк. Сеоак, даде три гола, изнуди 2 пенали за 10 минути, сосема солидно, иако во тие моменто Металопластика играше со втор состав.
Мое мислење, не ги бива ни Векиќ, ни Атанасовски, посебно не за клуб како Вардар, па дури и на ова ниво на кое се наоѓаме.

Атанасовски со МНООООгу работа можда би можел да се изгради во нешто бољи пикер, али никогаш не би достигнал ни приближно ниво на Стоилов, а мислам дека веќе има 22-23 год..
 
Нашето ниво не е многу високо во моментов, така што секој играч кој што игра на некој солиден левел во два правци (или па би можело да се изделка во таков со работа), а истовремено кошта малце пари треба да се задржи. Веројатно таа е логиката по која оди управата.

На крај краева, десни бекови и голмани не се пазарат во јуни, ако пазариш во јуни најдоброто на кое што можеш да се надеваш се просеци. Многу веројатно и буџетот не ни дозволува да испазариме и организатор на игра и десен бек во моментов чим решиле да го задржат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom