Епа тоа ми е поентата бе, човек. Секој си го гледа интересот. И САД и Русија и Кина и Германија, и сите. Сите си ги бранат своите интереси. Разговаравме за темата Белорусија - Русија односот, сојузништво, како русите ни биле браќа, пријатели итн. Нема браќа, сојузници..Има само гол интерес кој ги спојува државите, и само посочив. Тука беше дебатата за тоа, а ти што си нафрлуваш САД, НАТО и каков е нивниот однос со нас, да сме повлечеле паралели и сл. класичен дефокус од твоја страна, не го исклучува фактот дека Русија, никогаш, ама баш никогаш не била на наша страна, поточно, нивниот интерес не бил во склоп со нашиот. Факт..
А чекај, значи немаш против тоа што Русија си го меша носот, туку само против САД и НАТО ? Еве јас имам против секој што си го меша носот тука (Русија, Бугарија, Грција, САД, Германија итн..) БУКВАЛНО ПРОТИВ СИТЕ....
Хаха, убаво е човек да си се цени себе си, но малце треба да се има граници. Се преценуваш, и што си мислиш дека сме некои толку важни па сега Америка толку ќе се меша во Македонија

Не биди како бугарите аман, се да потекнува од тука, тука е центарот на светот, цивилизацијата зависи од ридојте во Мариово, и дека ете го Бајден не спие ноќи и ноќи размислувајќи за Македонија бе

Го видела жабата коњот каде го потковуваат и таа ја кренала ногата....
Ти гледаш преценување, јас секој ден гледам дека македонската земја нема нешто многу да им понуди на сопствените граѓани, а не па на странците, па од тука го извлекувам заклучокот дека не сме ама баш никаков фактор ниту на Балканот, а камо ли па пошироко.
Да, служиме како одлична паричка за поткусурување на Гејлада и на балкански татарстан бидејќи корупцијата е длабоко вкоренета во нивните балкански гени, исто како и во нашите, па колку пати сакаат нека бидат членки на НАТО и ЕУ, колкави и да се нивните економии, на крајот од денот боледуваат од истата болест од која боледува секоја балканска држава - патолошка корупција и организиран криминал, поради што паричка за поткусурање со нивните гласачки маси секогаш е добредојдена за подмачкување на очите на нивната раја.
Но не сме им од никаква корист ниту на САД, ниту на Германија, ниту на било која друга држава членка на НАТО, па од тука следува прашањето:
Зошто толку си го пикаат носот во мала, тотално незначајна и сиромашна држава, која не може да им послужи ниту како евтина работна сила со едвај 2 милиони народ, наспроти Индија и Кина со над милијарда народ ?
И јас сум против било какво пикање на туѓ нос во Македонија, но конкретно од државите кои ти ги именува, единствено тие кои се членки на НАТО си го пикаат носот во Македонија.
Ако имаш било што против кинеското учество во внатрешните работи во Македонија, треба да започнеш со прекинување на увозот на кинески производи во Македонија, бидејќи Кина има огромен удел во македонскиот купувачки пазар. За почеток ќе останеш без основните средства кои ги користиш за да учествуваш во било каква дискусија на форумов.
Ако имаш било што против руското учество во внатрешните работи во Македонија, треба да започнеш со прекинување на увозот на руски гас во Македонија, а и со прекинување на увозот на руска нафта во Македонија - ова второво не знам колку е точно и веродостојно, колку што помнам најголемиот удел во увезената нафта во Македонија го има ОКТА, која е во сопственост на Хеленик Петролеум, кој па увезува и обработува нафта од Русија - не знам колку е точна и веродостојна ваквата информација, така да немој да ја земаш здраво за готово.
Од друга страна, САД, балкански татарстан, Гејлада, па дури и прекрасната Германија со нејзиниот Дојче Телеком прошверцуван во Македонија во 2000 година со помош на рамковнистичките пријатели и сојузници на пвеводбениците и на плавите жолтици, постојано си го пикаат носот во внатрешните работи на Македонија, и ако сите гнасотилаци кои ни ги приредија од 2001 година па наваму беа само за пусто членство во нивниот воен картел наречен НАТО, повторно од тука следува прашањето: каква корист имаат од таквото членство ?
Мала, сиромашна и неразвиена држава, со мал број на жители, без пристап на море, без никакви геостратешки природни ресурси, не може на ама баш никаков начин да придонесе за нивните воено-профитерски потреби, а ако некогаш станеме бојно поле во било каков иден вооружен конфликт, водејќи се според праксата од април 1941 кога швабите биле пречекани како на свадба и праксата од 2001 година кога најголемиот број на лица способни за воена служба мистериозно ги снема од лицето на земјата или станаа хендикепирани, ако НАТО јастребите планираат било какви воени авантури во иднина на оваа мала и тотално незначајна територија, ќе мораат да ги водат нивните воени авантури со воени средства од други држави, а не од нивната најнова членка.
Па повели објасни што бараат тука, за Русите и за Кинезите веќе знаеме дека единствено ги интересираат бизнисот и парите, Русија намерно ја заобиколува Украина со Северен поток и со Турски поток - откако балкански татарстан го откажа Јужен поток - бидејќи им е смачено од тоа да мораат да им нудат поволни цени на увезениот гас на Украинците, кои за возврат бараат уште поголем привилегиран статус, а да не даваат ништо, Кина си воспоставува нови трговски врски со државите од јужна Азија и од Африка, со цел да обезбеди нови пазари за своите производи, додека нашите "пријатели" и "НАТО сојузници" единствено продаваат магла, исто како Итар Пејо кога се спуштила магла над Мариово, а тој на селаните им рекол дека е волна.