Белорусија

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Не, ги брани зошто имаат интерес. Утре да им заврши интересот во Белорусија, Лукашенко уште утре ќе лета во егзил или во затвор (што сум убеден дека за брзо време ќе се случи, едино ако се испазари мирно да замини)...Тоа што го мислам, не ме прави ни про ваков ни про таков, туку тоа е мое размислување.
Aко мислиш дека Русија ке изгуби интерес за Белорусија, а која им е на самаа граница, тогаш појма немааш од геополотика, Русија како тшо кажа првенствено ради интересот ке ја брани и Белорусија и Новорусија и Крим...
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.368
Поени од реакции
6.053
Тука си грешка, Русија гради многу позитивна политика кон Белорусија. Мора да им е важен обичниот Белорусин, бидејќи многу се внимателни со политиката кон Белорусија. Пошто ако не пазат Бркле не е тој што го држи пријателството со Русија. Туку народот што ја осеќа таа блискост..
Позитивна политика кон Белорусија гради зошто има интерес од тоа. Искрено кажано, скоро сите словенски држави народот го осеќа поблиску Русинот отколку Германецот, па еве конкретно во нашиот случај, Русија со прст нема мрднато за Македонија цела своја историја. Зошто? Зошто интересите не ни се поклопувале....
Автоматски споено мислење:

Aко мислиш дека Русија ке изгуби интерес за Белорусија, а која им е на самаа граница, тогаш појма немааш од геополотика, Русија како тшо кажа првенствено ради интересот ке ја брани и Белорусија и Новорусија и Крим...
Никаде не реков дека Русија ќе изгуби интерес за Белорусија.
Автоматски споено мислење:

Уште му цртате на куртонот? Џабе е, не може да разбере.
1335924754554_1945603.png
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Позитивна политика кон Белорусија гради зошто има интерес од тоа. Искрено кажано, скоро сите словенски држави народот го осеќа поблиску Русинот отколку Германецот, па еве конкретно во нашиот случај, Русија со прст нема мрднато за Македонија цела своја историја. Зошто? Зошто интересите не ни се поклопувале....
Македонија од осамостојувањето во 1990 мантра ЕУ-НАТО. Народот во 90тите години масовно гласаше за таа политика, сите анкети беа НАТО-ЕУ во огромен процент. Ниеднаш официјалната политика не се смени. Ниту кога беше ДПМНЕ на власт со Никола Грујовски, како што мантраше тогашната опозиција. Дури и кога ја ќе видиш историјата на независна Македонија, ДПМНЕ од самиот почеток било повеќе прозападно ориентирано. Зошто Русија кога нема никаква подлога кај нашиот народ, би пробала да прави салто мортале со нас.

Во врска со Сан Стефано, дали ги знаеш ти приликите кои биле во Македонија, и дали си ги споредил со условите во кои е потпишан Сан Стефано. Македонија настрана од оние ајдутски чети во Малешевијата кои го кренале востанието, немала никаква организирана логистика која би можела да ја брани државата или да организира војска што ја брани, за разлика од Бугарите, кои веќе дефакто имале држава. Истото се случило и со првата Балканска војна. Всушност Бугарската струја затоа и го исфорсирала востанието, пошто 1903 преговорите за поделбата на Румелија веќе биле во тек и заглавени биле околу Охрид.

Ајде еве и да одиме по таа твоја логика „Русија нас кога ни помогнала“, која уствари е пропаганда од западот. Слично како пољаците, нас Русите не малтретираа (под Советскиот сојуз) и затоа сме со Германците, кои ни убија 6 милиони народ. Ако значи одиме по таа логика, Зошто би оделе со Американците и со Британците? Зотоа што ни пуштаа напалм во Грција? Зошто би оделе во Сојуз со нашите окупатори од втора светска војна? Може Русите не ни помогнале, ама овие директно ни наштетиле.

Западот ни ја урниса државата, не ги почитуваше основните човекови права. Не ни го признаа името, не ни го признаа знамето. Јадевме санкции за тоа. Подржаа терористи и криминалци во 2001, ни го инсталираа iq33 и тоа малку што остана од нашата држава отиде во неповрат. Све што ни направија е преку празни демагогии и начелно е против нивните демократски заложби, кои најверојатно се само на папир.

И покрај све што ни направија нас, ти веруваш во нивните пропаганди кога зборат за некоја си таму држава во која никогаш не си ни бил, ниту пак познаваш некого.

Не мора да одиш подалеку, да ги споредиш само „злосторствата“ на Лукашенко, со само злостроствата што западот ни ги направи нас како народ само во последните 30 години, Лукашенко може да изгледа како светец. Да не збориме за Ирак и Сирија. Каде што директно или индиректно загинаа милиони луѓе. И ако некој сеуште го продава западот како спасител, тој мора да е или екстремно глуп, или да си ја продал душата на ѓаволот. А тие што го јадеа од Лукашенко, малку им е. Треба тоа све убаво да се исчисти и да им излезе од ум тоа еднаш за секогаш. Пошто западот ништо арно нема да им донесе на Белорусија.
 
Значи во сите можни историски констелации, и во сите можни историски правди и неправди, ти очигледно ќе најдиш нешто што би се фатил и за влакно ама да ја оправдаш улогата на Русија и нејзината постапка. Ете, од СССР па се до улогата на Русија во формирањето на Санстефанска Бугарија, па се до пост ВСВ периодот, и од 90та наваму, го демонизираш западот, а идеализираш Русија. Твое право си е тоа, ама не се сложувам. Русија не е подобра од никоја велесила која има моќ да контролира со дел од сферата на влијание..Дури сметам дека ако би ја имала моќта на западот, би била дааалеку побрутална...

Русија нас не ни помогнала, не е мантра на западот, туку непобитен факт. Ете да ја земеме Црквата, Отоманското време, итн итн..Ама баш никаква помош сме немале од нив..

Тие што го јадеа од Лукашенко се луѓе кои за сопствено мислење искажано јавно чмаат по затвори. Зарем тоа ти е ок тебе? Сега еве пишуваш на форум против глупостите што се прават во Македонија, и ти тропа дома чичко полицаец и одиш взатвор малце да посвириш клавир, бидејќи на кајгана си пишал нешто контра... Ако ти е тоа ок тебе, мене не ....
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Сега еве пишуваш на форум против глупостите што се прават во Македонија, и ти тропа дома чичко полицаец и одиш взатвор малце да посвириш клавир, бидејќи на кајгана си пишал нешто контра... Ако ти е тоа ок тебе, мене не ....
Замисли да им тропнеше чичко полицаец на оние малоумници кои го заговараа грдото лице на Македонецот, пред да ја продадат државата...

За мене, тоа не само што беше нужно туку и самото тоа што не се случи ги направи да ги сметам за соучесници на тие што имаа можност и сили да го спречат тоа што ни се случи.

Значи Белорусија под Лукашенко постапува баш како што треба да постапи една држава кога си ги брани сопствените интереси и избегнува субверзивно надворешно влијание.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.368
Поени од реакции
6.053
Замисли да им тропнеше чичко полицаец на оние малоумници кои го заговараа грдото лице на Македонецот, пред да ја продадат државата...
Суровата вистина за нас, за жал, е дека не не бива за држава. 30 години такви срања ни се имаат случено, народот си ќути и си трпи. Приватизација, осиромашување до голе коже на народов, војна,брутална партизација до хигиеничарки во подрачна единица Пехчево, промената на името, договорот со Бугарија, си ги сркнавме како чорба, без А да речиме. Нам оддамна ни е заминат возот за да бидиме држава, треба да се случи чудо за да се исправиме на вистинскиот пат..Па комотно можам да кажам од самото основање.
Значи Белорусија под Лукашенко постапува баш како што треба да постапи една држава кога си ги брани сопствените интереси и избегнува субверзивно надворешно влијание.
Државата треба да си ги брани сопствените интереси, но не треба да си го угнетува сопствениот народ. Тоа е поголемо злосторство.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Суровата вистина за нас, за жал, е дека не не бива за држава. 30 години такви срања ни се имаат случено, народот си ќути и си трпи. Приватизација, осиромашување до голе коже на народов, војна,брутална партизација до хигиеничарки во подрачна единица Пехчево, промената на името, договорот со Бугарија, си ги сркнавме како чорба, без А да речиме. Нам оддамна ни е заминат возот за да бидиме држава, треба да се случи чудо за да се исправиме на вистинскиот пат..Па комотно можам да кажам од самото основање.
Истото ова ќе се случеше и со Белорусија, да не беше бркло...

Бркло за разлика од нашите политичари, знае дека покрај привилегиите има и обврска да ја заштити Белорусија од субверзивното дејство на западот. И тоа успешно го прави и е за поздрав како се справува со тоа. Па макар и да изгледа тоа како угнетување... Нормално е да се угнетуваат оние кои заговараат пропаст на државата. И ние да ги угнетевме тие куртоните, немаше ваква да ни е државата. Ние ги пуштивме да праат што сакаат и без А ни ја продадоа државата, пошто тие што беа тогаш на власт беа дефакто соучесници на ова предавство. Белорусија има среќа што го има Бркло и што Бркло има поддршка од Русија, па да им се наебе матер на тие исти струи што нас не упропастија. И BTW би ги повикал сите куртони кај нас, да одат во Белорусија да креваат шарена револуција, ако имаат муда, а немаат пошто све се тоа кај нас бескичмењаци, кои ништо продуктивно во животот не работеле, туку се на цицка на НВО, а се смеат на партиските потрчковци кои се на државна цицка... Исти курац и различно паковање, само што потрчковците партиски знаат дека се потрчковци, овие другиве се сметаат за интелектуала. Тоа треба све да се истреби, за да една држава може да има позитивен старт.
 
Последно уредено:

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.368
Поени од реакции
6.053
Бркло за разлика од нашите политичари, знае дека покрај привилегиите има и обврска да ја заштити Белорусија од субверзивното дејство на западот. И тоа успешно го прави и е за поздрав како се справува со тоа. Па макар и да изгледа тоа како угнетување... Нормално е да се угнетуваат оние кои заговараат пропаст на државата. И ние да ги угнетевме тие куртоните, немаше ваква да ни е државата. Ние ги пуштивме да праат што сакаат и без А ни ја продадоа државата, пошто тие што беа тогаш на власт беа дефакто соучесници на ова предавство. Белорусија има среќа што го има Бркло и што Бркло има поддршка од Русија, па да им се наебе матер на тие исти струи што нас не упропастија.
А зошто мешањето од Западот го нарекуваш субверзивно дејство, а мешањето на Русија го оправдуваш? Еве јас го осудувам и едното мешање и другото. Белорусија САМА треба да си ги решава своите проблеми, а не со помош од западот, Русија,Кина или кој и да било друг.

И BTW би ги повикал сите куртони кај нас, да одат во Белорусија да креваат шарена револуција, ако имаат муда, а немаат пошто све се тоа кај нас бескичмењаци, кои ништо продуктивно во животот не работеле, туку се на цицка на НВО, а се смеат на партиските потрчковци кои се на државна цицка... Исти курац и различно паковање, само што потрчковците партиски знаат дека се потрчковци, овие другиве се сметаат за интелектуала. Тоа треба све да се истреби, за да една држава може да има позитивен старт.
Конечно во нешто да се сложиме. :)

на кико пак му пуштиле лубрикантче овие од еу, олку упорен никој не е а да не е платен
Момак, не сме сите како тебе, и глуп си со ова верглање - лубрикант, куртон како зарибан стокец. Биди љубезен и одјеби.. Ако ти си навикнат да те полнат со куртони и лубриканти, со тоа што 55 пати го повторуваш истото не можиш да си ја испериш совеста....
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
А зошто мешањето од Западот го нарекуваш субверзивно дејство, а мешањето на Русија го оправдуваш? Еве јас го осудувам и едното мешање и другото. Белорусија САМА треба да си ги решава своите проблеми, а не со помош од западот, Русија,Кина или кој и да било друг.
Зошто викаш го нарекувам субверзивно? Па да ти кажам од лично искуство. Покрај све тоа што ни го направија во борбата да им бидеме сојузник, при што идните сојузници и довчерашни касапи ни правеа сопки за да влеземе во тој сојуз. И на крајот ќе испадне јагнето на свадба кога го викаат иде на колење. А зошто Руското кај Белорусија го оправдувам? Дека се стварно сојузници. Дека стварно му е Бркло сојузник на Путин.

За да разбереш подобро, ќе ти објаснам вака. Тоа што го имаме ние со НАТО, не е сојузништво. Сојузништво е тоа што го има Британија, Франција и Германија со НАТО, или на пример Белорусија со Русија, Русија со Сирија. Па дури во случајот на Ерменија, да речеме туторство... Све е ова недостижна далечина за тој „сојуз“ во кој сме ние членови. Само што ние ете ги кривиме Русите, затоа што западњаците имаат таков однос према нас. Како да нашите стари не ни ја насочиле во песните блудницата вавилонска. Како да Партизаните и тоа едни од најхрабрите на Балканот, не беа палени со напалм во првата интервенција на САД после ВВ2. Тогаш исто им бевме сојузници против Хитлер. И исто како што ни направија, све што ни направија... А све тоа поради тоа да го смениме името... Кој сојузник ти го прави тоа?

Зошто мислиш дека сега наеднаш се они фините?

И еве да видиме разлика. Што Русија ни направила? Дали не не призна под уставно име? Дали не одржуваше доста пријатен однос со нас? Дали имавме притисок од Русија да го решиме прашањето со Црквата, што излезе од Србија? Дали не уценуваше нешто Русија во корист на Србија? Дали Русија во нешто не ни дала поддршка во рамките на нашите меѓународни договори. Јас незнам од каде потреба толку да се пљукаат Русите. Ова ти е параноја веќе :)

Зошто мора да одиме наназад додека не најдеме некое зло, и зошто тоа мора да важи за Русија, а не за Америка. Не ни можат да се добројат лошите работи што ни ги направиле западњациве, напрема на прсти што можеме да им замериме некои работи на Русите. Јас не сум заговорник да се мења курсот на меѓународната политика многу лесно, и многу работи се во моменталниот контекст речиси непоправливи. Во моментов верувам дека не би било решение нагло вртење кон Русија, но во најоптимистички случај за нашата иднина, ќе испадне дека ние сме ги изгубиле последните 30-40 години наредени (од нашите сојузници) на лента за во кланица, наместо да градиме држава. Колкав елан во 1991, кое разочарување денеска. Јас мислам нуклеарка да ни фрлеа НАТО, помалку штета по Македонскиот народ ќе направеа, од тоа што ни го направија во периодот 1991-2021.
 
Последно уредено:

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.368
Поени од реакции
6.053
Дека се стварно сојузници. Дека стварно му е Бркло сојузник на Путин.
Јас не знам како ја сваќаш геополитиката, ама јас не се сложувам со тебе. Мене ми е јасно дека НЕМА СОЈУЗНИЦИ, а никогаш и немало. Има само реален интерес. Сојузник постои како флоскула, а како пракса, не постои во светот..Имаме мал милион примери каде преку ноќ од големи сојузници стигнуваат до крвни непријатели, зошто? Зошто им се разидувал интересот..Интересот е тој што ги врзува тн сојузници. Така и со односите Белорусија - Русија
И еве да видиме разлика. Што Русија ни направила? Дали не не призна под уставно име? Дали не одржуваше доста пријатен однос со нас? Дали имавме притисок од Русија да го решиме прашањето со Црквата, што излезе од Србија? Дали не уценуваше нешто Русија во корист на Србија? Дали Русија во нешто не ни дала поддршка во рамките на нашите меѓународни договори. Јас незнам од каде потреба толку да се пљукаат Русите. Ова ти е параноја веќе :)
Не знам колку си запознат со Црковните прашања, во моментов РПЦ е поголем кочничар за МПЦ од самата ГПЦ.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Јас не знам како ја сваќаш геополитиката, ама јас не се сложувам со тебе. Мене ми е јасно дека НЕМА СОЈУЗНИЦИ, а никогаш и немало. Има само реален интерес. Сојузник постои како флоскула, а како пракса, не постои во светот..Имаме мал милион примери каде преку ноќ од големи сојузници стигнуваат до крвни непријатели, зошто? Зошто им се разидувал интересот..Интересот е тој што ги врзува тн сојузници. Така и со односите Белорусија - Русија
Не знам колку си запознат со Црковните прашања, во моментов РПЦ е поголем кочничар за МПЦ од самата ГПЦ.
Па откако влеговме во сојуз којшто во моментов е бајаги непријателски настроен кон Русија, треба Русија за тоа да се радува и да ни дели поклони? Се разбира дека во моментот кога влеговме во НАТО, ние станавме непријател на Русија. Како треба една држава да се однесува кон непријателите? Како се однесуваат Американците со непријателите? Не ли сме го осетиле тоа на наша кожа?

Следно што ќе речеш Русите не ни се браќа, ги убиваа нашите војници кои ги праќавме да ја освојат Русија.

И не е вистина дека во историјата не постојат сојузништва. Секако дека постојат, во различен контекст и во различен формат. Ама сигурно дека постојат. И не се посреди само интересите, игра доста улога и културата и религијата и меѓусебното почитување, па дури и самата соработка што ја имаат ги прави интересите да им се испреплетуваат. Знаеш во војните на Русија со Турција има доста Македонски доброволци, помеѓу србски и црногорски, еве ајде и тракијци. Ама све е тоа словенско население. Гледаш историјата ни кажува дека сме биле сојузници. Зошто инаку толку Македонски доброволци би се потегнале да војуваат на страната на Русија. Тоа е одприлика сојузништво. Нашите просветители, скоро сите имале закрила од Русија. Арно ама тоа зло што се појавило, комунизмот, ги избришало сите можни трагови и конекции што сме ги имале. А приказните се кажани од една подруга перспектива.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.368
Поени од реакции
6.053
Па откако влеговме во сојуз којшто во моментов е бајаги непријателски настроен кон Русија, треба Русија за тоа да се радува и да ни дели поклони? Се разбира дека во моментот кога влеговме во НАТО, ние станавме непријател на Русија. Како треба една држава да се однесува кон непријателите? Како се однесуваат Американците со непријателите? Не ли сме го осетиле тоа на наша кожа?
Значи, ние сме опкружени со НАТО членки, ние сме мала држава, и наш интерес е да бидиме во НАТО, сакале или нејќеле. Тоа е во наш интерес. За жал, ја немаме таа комоција да одбираме страна и да влијаеме нешто битно во светските геополитички текови. Колку и да си придодаваме значење ние сепак на крајот сме едно мало гратче во САД или Русија.
И не е вистина дека во историјата не постојат сојузништва. Секако дека постојат, во различен контекст и во различен формат. Ама сигурно дека постојат. И не се посреди само интересите, игра доста улога и културата и религијата и меѓусебното почитување, па дури и самата соработка што ја имаат ги прави интересите да им се испреплетуваат. Знаеш во војните на Русија со Турција има доста Македонски доброволци, помеѓу србски и црногорски, еве ајде и тракијци. Ама све е тоа словенско население. Гледаш историјата ни кажува дека сме биле сојузници. Зошто инаку толку Македонски доброволци би се потегнале да војуваат на страната на Русија. Тоа е одприлика сојузништво. Нашите просветители, скоро сите имале закрила од Русија. Арно ама тоа зло што се појавило, комунизмот, ги избришало сите можни трагови и конекции што сме ги имале. А приказните се кажани од една подруга перспектива.
Не знам за каква закрила зборуваш, ама за таа `закрила` доволно говори еве еден мал гест, за честитката за Св Кирил и Методиј. Нам ни праќаат едно, на бугарите друго. Ете отприлика тоа е секогаш политиката на Русија во цела историја. Еве последните 2 години сме во НАТО, пред тоа не бевме. За Санстефанска Бугарија не бевме, кога се осамостојувавме не бевме, за Букурешкиот договор кога Русите си пиеја со грците,бугарите и србите после потпишувањето на истиот не бевме и да не набројувам. Да, можеби културолошки и традиционално имаме поврзаност со нив, но што фајде од тоа кога ни со прст не мрднале за нас во цела наша историја?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom