Овој Преку Тасевски откако беше на штеловање кај Васко, ептен некако забега у десно, како за некој од неговата фела.
Мислам, он знае ли дека у неговиот занајат, половина се лгбтљ+-? Не е можно да е до толку игнорантен...
Кога ѝ скокна на онаа госпожата - кај се парите па кај се парите, мислев ќе изведе поента, дека невладините од тој профил арчат многу пари, а резултати од нивната “работа“ - нема.
Контра моите очекувања, Преку Тасевски, со свежо исчупана веѓа, завлезе длабоко во докажување на својата машкост и способноста да прокреира, објаснувајќи како Царовска сакала на син му да му го грицне морковчето. Или така нешто...
Он, како татко, секако дека има право да си го воспитува синот онака како што смета дека е исправно, ама со тоа не би требало да го доведува во заблуда дека светот е црно-бел и никако сив или шарен. Син му, како човекова индивидуа од 21 век, би требало да биде добро информиран член на општеството. Никаква пропаганда не може да му предивика чувства ако тие веќе не биле таму. Никој не станал геј затоа што од некаде разбрал дека има и мажи кои можат да бидат во романтична/интелектуална/сексуална врска со друг маж, ниту пак геј се пострејтерил оти педерлукот бил, како што вика Преку Тасевски, табу тема.
Во цитатов, едно истражување кое Преку Тасевски би требало да го прочита.