Фан клуб - РК Вардар

За да го добие Вардар ваучерот, Михајло потпиша некој документ дека ако Самсоненко не ги подмири долговите до Март, тој ќе ги превземе. Тоа сигурно некоја формалност, чисто да го добијат ваучерот. Чисто се соменувам дека Михајло било што би превземал.

Инаку чим Михајло вика дека Вардар има буџет 2 - 2.5 мил, Еурофарм има некаде 1.3 - 1.5 според таму некои документи што излегоа, а претседателкава на Металург рече за БалканХандбал дека они имаат буџет 700.000 - 800.000 евра. Делуваат реални бројкиве.
 
Има видео од целиот прес ?
Автоматски споено мислење:

Ако Аљуш му е помошник на Вујо, што ќе биде Бутин ?:D
 
За да го добие Вардар ваучерот, Михајло потпиша некој документ дека ако Самсоненко не ги подмири долговите до Март, тој ќе ги превземе. Тоа сигурно некоја формалност, чисто да го добијат ваучерот. Чисто се соменувам дека Михајло било што би превземал.

Инаку чим Михајло вика дека Вардар има буџет 2 - 2.5 мил, Еурофарм има некаде 1.3 - 1.5 според таму некои документи што излегоа, а претседателкава на Металург рече за БалканХандбал дека они имаат буџет 700.000 - 800.000 евра. Делуваат реални бројкиве.
И јас се сеќавам дека имаше некој таков документ како услов да го добиеме ваучерот. Бидејќи во спротивно како нов правен субјект немавме континуитет и ќе немавме право на ваучер. Само ми се чини дека таа изјава е битна колку ланскиот снег. Не верувам дека туку така Михајло би си го накалемил долгот на Самсоненко.

Што се однесува до играчиве од Работнички кои беа прокоментирани, не сум сигурен дали тие играа на двојна регистрација или на позајмица (не знам како е дозволено во лигава), но секогаш беа наши играчи. И ако не сум грешка, Работнички немаше никакви обврски кон нив, ги плаќаше Михајло, а за возврат го добивавме нивниот ваучер.
 
Да донесе некој шеик за спонзор, да не сме зијан :D

Па знаејќи каква мустра е Михајло, може да е нешо Кувајтско од тие две потенцијални странски компании. Еве Гаспром и нешо Кувајтско, не би се бунел :D
 
Михајло тука спомененува македонски бизнисмен, јас мислам со македонски бизнисмен не би отишле многу далеку...

Може мисли од македонски спонзори на Минчо од металург
 
Да донесе некој шеик за спонзор, да не сме зијан :D

можеби и услов било овој да го потпишат за да влезе некој ко спонзор


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Со три европски титули од кои две во дресот на Вардар, Иван Чупиќ останува засекогаш меѓу клупските легенди. По завршувањето на клупските обврски во првенството и освојувањето на двојната круна, играчите заедно со Ласте и Ждаре, од фанклубот на Иван Чупиќ од Драчево му подготвија изненадување на нашето десно крило.

Подароците од соиграчите и фанклубот беа само предмети кои треба да го потсетуваат „Чупко“ на убавите моменти во Вардар, а атмосферата во „Аквa стар“ ресторанот веројатно подолго време ќе се памети. Музика, дружење, огномет... А и клубот им се заблагодари на Ласте и Жаре за нивната поддршка сите овие сезони, со надеж дека заедно ќе се радуваме на нови успеси.

На прославата подарок по завршувањето на играњето за Вардар доби и Сергеј Горбок. Традицијата да им се доделуваат врамени дресови беше за момент прекината поради пандемијата, но клубот не го заборави Горбок кој неколку сезони мина во нашиот клуб и исто така беше дел од историските успеси на „црвено-црните.

Остануваат уште два натпревари за Вардар сезонава, и тоа во СЕХА лигата против Металопластика, во понеделеник и вторник, по што ќе се замине на заслужен одмор.

Стои во објавата од клубот.

FB_IMG_1622841889608.jpgFB_IMG_1622841891981.jpgFB_IMG_1622841893939.jpgFB_IMG_1622841895987.jpgFB_IMG_1622841898658.jpgFB_IMG_1622841900792.jpgFB_IMG_1622841903142.jpg
Автоматски споено мислење:

Мислам дека ако од клубот имаа намера да го повлечат дресот со бр.27 ќе го направеа сега и ќе пишуваше во објавата, кога веќе направиле прослава и им дале дресови во рамка пологично би било да го повлечеле официјално тогаш. :(
 
Последно уредено:

Легендата жив ќе се изеде, ама тоа е.
Автоматски споено мислење:

Многу ме интересира кој е младиов бизнисмен од Македонија до кој дошол Михајло. Ајде да чујам, кои ни се млади а успешни бизнисмени во МК?
 
Последно уредено:
Многу ме интересира кој е младиов бизнисмен од Македонија до кој дошол Михајло. Ајде да чујам, кои ни се млади а успешни бизнисмени во МК?
[/QUOTE]

1.Синот на Стерјофарм
2.Синот на Минчо
3.Синот на Мукаетов
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom