Кражби по станови!

  • Креатор на темата Креатор на темата Nekojx
  • Време на започнување Време на започнување
Пари немав дома многу, нешто ситно ама накит и инаку носам, не можам на два дена да одам до сеф. Е сега и си купив сеф за дома :)
ако си купил сеф, вари го за арматура да не можат да го извадат
 
Брусилица на акумулаторче кошта околу 100 евра а сече секаков катанец и брава ко нож путер...само да не намислат да ве ограбат...нема заштита инаку реално. Коа се лабави знаат дека врзана работата со командирот а и да не е, полицијата се толкави мрзи, толку корумпирани и толку неспособни да скоро невозможно е да некој арамија одговара за своите постапки. Треба стварно малер да е да го осудат и да лежи...:pos:
 
Јас сум клучар, професија ми е да монтирам брави итн.
Најдобра заштита е да бидат поставени две брави од различни марки. Обавезно, кога зимате нова врата да се менуваат фабричките цилиндри бидејќи тие се со најмала сигурност... за да може да ви понудат поевтина врата или да имаат поголема заработка, монтираат слаби и евтини цилиндри... најчесто Securemme, kineski no name, solid, iseo... Од друга страна, возможно е кај зградите во изработка некој "мајстор" да си направи копии на клучевите. Кога менувате цилидар, брава, обавезно да е земена од клучарски дуќан и да побарате дали бравата има некој сертификат а не да бидат од некој човек... од пазар...
За аларм, најдобро е да се предплатите на некоја агенција за обезбедување. За во случај на провала да испратат патрола, па они да се справуваат со провалниците.
Видео надзор...единствено служи да гледаш и да плачеш додека те ограбуваат.
Солиден цилиндар е окулу 2500-3500
квалитетен, патентиран цилиндар 6000-7500 ден (ориентационо)
 
90% од кражбите се типувани унапред.

Знам голем број случаеви на кражби, најчесто роднини, познаници или комшии на жртвите се умешани у самото крадење или гарантираат добар плен за крадците.

Заштита некаква сумљам дека има (освен ова што го кажа DirectX), едноставно најдобро е да не се чува огромна количина на кеш дома.

Професионални лопови практички невозможно е да бидат фатени освен ако се случи да бидат фатени на дело.
 
Последно уредено:

Во поголемиот дел од ваквиот тип на кражби уствари предмети највеќе се крадат.Повеќето луѓе помали суми на пари во кеш чуваат дома.А и апашот за да ги најде парите може да му треба подолг период.
Ама предмети...Е тоа е веќе друга работа.
Буквално за 5-10 мин. се што може да товари ќе ти собере.
Автоматски споено мислење:

Тоа да, најчесто одат по предмети кои се од вредност.

Најчесто се зема злато поради тоа што многу лесно може да му се изгуби трагот (го топат и го продаваат за смешен процент од вистинската вредност).

Интересно е тоа што одредени луѓе кои што се бават со апашлук подолг период ја имаат таа способност да намирисаат кај се парите или било што од вредност што жртвата чува домa и за многу кратко време тоа да го пронајдат.
 
Финтата е што и тие не се шетаат со празни раце, вујко на еден од убавиве деца пред неколку години со калашников ги пукаше шумарите оти го фатиле каде што краде дрва.

Знам дека имаше некакви глупости околу камерите и затоа прашав.
Полицијата го дели пленот, затоа не се замара. Мене ми ја имаа обиено колата, цела рака на прашината се познаваше, зедоа утисоци и уште чекам да ми ги кажат сторителите.
Од човек во полиција: ако е проценета кражбата до 15к денари воопшто не се ни замараат, тој предмет е решен.
На Zuckerberg нека му ги праќаат, тој има фејс рекогнишн :D
Истото мислење за полицијата го имам.

Пред неколку години среде бел ден си влегол преправен како питач, само мајками била дома, кога го забележала било доцна, цела соба ја претресол... Нека се збие на парите, можело и полошо.

Ама зборот ми беше, одиш во полиција да го пријавиш, уште и ти крив ќе испаднеш...

Типот цел месец си оперирал по градот, многу соседи се пожалија, некои дури и го знаеа кој е, а полицијата... Само записник и толку...

Чув последниот пат коа бил кај некој се спрепнал по скали и го собрале со брза помош.
 
Пуштени ролетни, означување дека сте некаде на шетање само им олеснува.
Ако стават некој на мета за брзо ќе му го научат работното време, навиките итн.

Со камери може само да си ги гледате снимките и да ги споделувате на социјалните мрежи.
Сензор, аларм, обезбедување кое за не знам колку време е на лице место, ама некогаш може и да е касно.

Кај роднини имаат влезено на стара нова година пред неколку години, сигурно ги имаат следено и знаат дека нема да се вратат за кратко.
Овие излезени цела ноќ и да не носат пари со нив оставиле околу 500 евра на комода до ТВ.

Крадците не ги нашле парите [emoji28] а лом направиле во другите соби. Најчесто прво одат во спална соба знаат сите пари чуваат во плакар под алишта, по фиоки.

Него што крадат рано сабајле и тоа недела, знам ваков случај и најчудно ми е од каде таа сигурност дека дома сите спијат?
 
Истото мислење за полицијата го имам.

Пред неколку години среде бел ден си влегол преправен како питач, само мајками била дома, кога го забележала било доцна, цела соба ја претресол... Нека се збие на парите, можело и полошо.

Ама зборот ми беше, одиш во полиција да го пријавиш, уште и ти крив ќе испаднеш...

Типот цел месец си оперирал по градот, многу соседи се пожалија, некои дури и го знаеа кој е, а полицијата... Само записник и толку...

Чув последниот пат коа бил кај некој се спрепнал по скали и го собрале со брза помош.
Тоа е она што ме плаши и мене, кај мене населбата во голема мера е испустена и помладите скоро во сите фамилии се отселени, повеќе ми е шубе за моите.

Ми е криво што нашиве ѓубриња не донесоа барем една убава регулатива. Ако не се лажам во американскиот систем тоа се вика castle doctrine (ако ти е обележан имотот и влезе без најава, смееш и да го испукаш ако не сака да замине при усна опомена). Ќе видиш дали ќе им биде сеедно кога ќе влегуваат.
 
Кај нас у фирма во 2,30 насабајле влегле, со ножици за арматура исекле алките и за 7 секунди собрале 3 лаптопи и џаде!
Мислам дека знам кој се, пошто недела дена пред тоа дојдоа да ни понудат договор агенција за обезбедување :cautious:
ГПС имавме на биро, електронските потписи во компјутерите ни беа, ги извадиле нив, само компјутерите ги земале, алармот растурал, ама кому му е гајле!
Полицијата онака, да им пројде смена!
Не е само штетата, грдо е чуството после тоа:(
 
Да имаш повеќе од 18 години и да мислиш дека полиција нешто ќе ти реши или помогне треба да си крајно наивен. Не знам стварно како би се заштитил од ова, овие што влегуваат се некој профи и не можеш ништо да направиш кога не си дома. Се краде насекаде, дури и каде што не очекуваш се влегува.

Единствено некоја заканувачка порака закачете на вратата, слика од некое оружје као ви стој на масата или во спалната, па може ќе се посерат и нема да влезат :pos: :pos: :pos: ама ако знаат дека не си дома и имаат проверено инфо за што и како и тоа нема да ви помогне :icon_mrgr:
Автоматски споено мислење:

Еве колку помагаат камерите. Татко му го носи до местото како што вие ги носите вашите деца на тренинг или балет, детето влегува и краде, татко му зема после што е вредно, полицијаата го апси и поради годините го пушта за после пак и пак да се повтори делото, ако биде тепан како во Кочани, тука се невладините организации од Сорос да ве нападнат колку сте вие големи расисти и така во круг.
 
Последно уредено:
Nekoj da preporaca firmi sto montiraat alarmi i rabotat niz cela Mk.
Fala
 
Јас сум клучар, професија ми е да монтирам брави итн.
Најдобра заштита е да бидат поставени две брави од различни марки. Обавезно, кога зимате нова врата да се менуваат фабричките цилиндри бидејќи тие се со најмала сигурност... за да може да ви понудат поевтина врата или да имаат поголема заработка, монтираат слаби и евтини цилиндри... најчесто Securemme, kineski no name, solid, iseo... Од друга страна, возможно е кај зградите во изработка некој "мајстор" да си направи копии на клучевите. Кога менувате цилидар, брава, обавезно да е земена од клучарски дуќан и да побарате дали бравата има некој сертификат а не да бидат од некој човек... од пазар...
За аларм, најдобро е да се предплатите на некоја агенција за обезбедување. За во случај на провала да испратат патрола, па они да се справуваат со провалниците.
Видео надзор...единствено служи да гледаш и да плачеш додека те ограбуваат.
Солиден цилиндар е окулу 2500-3500
квалитетен, патентиран цилиндар 6000-7500 ден (ориентационо)
Dali moze da se postavi plus nova dopolnitelna brava/cilindar na metalna vrata?
Автоматски споено мислење:

Nekoj da preporaca firmi sto montiraat alarmi i rabotat niz cela Mk.
Fala
Device security
Автоматски споено мислење:

Да имаш повеќе од 18 години и да мислиш дека полиција нешто ќе ти реши или помогне треба да си крајно наивен. Не знам стварно како би се заштитил од ова, овие што влегуваат се некој профи и не можеш ништо да направиш кога не си дома. Се краде насекаде, дури и каде што не очекуваш се влегува.

Единствено некоја заканувачка порака закачете на вратата, слика од некое оружје као ви стој на масата или во спалната, па може ќе се посерат и нема да влезат :pos: :pos: :pos: ама ако знаат дека не си дома и имаат проверено инфо за што и како и тоа нема да ви помогне :icon_mrgr:
Автоматски споено мислење:

Еве колку помагаат камерите. Татко му го носи до местото како што вие ги носите вашите деца на тренинг или балет, детето влегува и краде, татко му зема после што е вредно, полицијаата го апси и поради годините го пушта за после пак и пак да се повтори делото, ако биде тепан како во Кочани, тука се невладините организации од Сорос да ве нападнат колку сте вие големи расисти и така во круг.
Тие што влагаат да крадат се пратени и врзани со полицијата. Обично пратат кој е на одмор или локација на мобилен за да знаат дека нема никој дома. Заштита само осигурување па да покријат материјална штета и ставање сигурноснна врата со повеќе брави да им треба повеќе време да обијат, а може и алармни системи.
 
Последно уредено:
Во кој филм живеете? Со полицијата биле врзани :pos:
Можеби, ама тие што читате дека опнале 50к+ евра.
Сигурно дека полицијата е врзана со рандом арамија што тресе по 3 куќи дневно. Едноставно се некадарни, а и законите ни се многу лоши.
95% од кражбите се дојава од некој близок, како што пиша некој претходно.
 
Па и врзани се!
Нас кога не опљачкаа луѓе врзани со агенција за обезбедување, полицијата не наговараше да обвиниме рандом циган кој провалувал по станови.
Увидот беше колку да се рече.
А приватно да, блиски луѓе се 99% одговорни за кражби по станови. Претурање прават реда ради, обично јасно знаат кај е пленот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom