UEFA EURO 2020 - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Нашиов многу нападен бе.. Некако според мене требаше малку да се модифицира сонцето да не е толку забалежително. Комбинација со рисот и сонцето требаше. Оти од дека па ние лавови??
Жолтата боја на вистинскиот дрес е многу поблага отколку на сликичката погоре, и има fade-out ефект.
 
едино што би можеле да добијат повик се Кастровили и Тонали рецимо

Дилемата на Манчини беше Песина или Сенси.
Кастровили и Тонали не беа во план.

Толои место Манчини му беше многу паметна одлука.
Катастрофален киксер е Манчини и слабо покрива, плус спор е ко тенк. Се виде тоа на натпреварите со големите тимови каде убедливо пливаше дури и против просечно брзи напаѓачи.
 
Дали некој од тука ќе оди во Букурешт? Имам карта за натпреварот со Австрија, ги читав правилата од линкот на претходната страна, ама уште толку ме збунија, обајатен сум периодов ама и општо животов го поминувам припрост. Ако некој оди нека ми каже кај треба да поплукам крв :D
 
Да де, само онака ги спомнав како изненадувања да речеме, пошто се најдоа на поширокиот список. А се играчи што после Европското гарант редовно ќе бидат во комбинација, за следни квалификации и лига на нации.

Кастровили, Тонали, Песина и Закањи прашање на време е кога ќе влезат во редовен состав, секако ако продолжат вака да играат. Верати и Жоргињо веќе влагаат во 30ка а Кристанте реално не е некој играч. Сенси е повреден повеќе од времето. Така да...

А за Манчини да, се согласувам дека е киксер и тапа играч моментално мада во недостиг на некој сериозен квалитет гарант и он ќе виде дел од составот во иднина. Бонучи, Киелини и Ачерби гарант завршуваат со Италија после првенствово.
Чудно ми е што 3ца штопери му се леваци, а деснаци се само Бонучи и Толои. Еден лев бек левак, и тој цела сезона не игра у Челзи, Емерсон, другиот е деснак кој никад не играл лев бек у одбрана со 4.
На десен бек се покриени, средината е топ, нападот исто.

Донарума
Флоренци-Бонучи-Киелини-Емерсон
Барела-Жоргињо-Верати
Киеза-Чиро-Инсиње

Вака ќе игра Манчини гарант. Џабе ќе се буните за Бастони. :D
 
Вишок десни бекови поведе, па сега ќе ги игра и лево.
Ги игра играчите што не се повикани за Европско. Маестро Саутгејт.
 
И Англија и Австрија не покажаа ништо. Холандија се мачеше со.... Шкотска... и прими 2 гола. :confused:
 
Пиша баш откако излегоа вестите дека Трент ќе оди на ЕП, ама како дел од средината.
Мислам дека секако ќе го преместеше Саутгејт, ама очекував да е после првенствово.
20210603_034041.jpg
 
Се виде тоа на натпреварите со големите тимови каде убедливо пливаше дури и проти
Не знам зошто ама многу смешно ми дојде ова. Убедливо пливал бе :pos: Не само што пливал во одбрана него и убедливо го правел тоа. :icon_mrgr:
 
Кога работев како бартендер, ако не можеш да постигнеш со нарачки ќе ти кажат пливаш. :D
 
Да де, само онака ги спомнав како изненадувања да речеме, пошто се најдоа на поширокиот список. А се играчи што после Европското гарант редовно ќе бидат во комбинација, за следни квалификации и лига на нации.

Кастровили, Тонали, Песина и Закањи прашање на време е кога ќе влезат во редовен состав, секако ако продолжат вака да играат. Верати и Жоргињо веќе влагаат во 30ка а Кристанте реално не е некој играч. Сенси е повреден повеќе од времето. Така да...

А за Манчини да, се согласувам дека е киксер и тапа играч моментално мада во недостиг на некој сериозен квалитет гарант и он ќе виде дел од составот во иднина. Бонучи, Киелини и Ачерби гарант завршуваат со Италија после првенствово.
Чудно ми е што 3ца штопери му се леваци, а деснаци се само Бонучи и Толои. Еден лев бек левак, и тој цела сезона не игра у Челзи, Емерсон, другиот е деснак кој никад не играл лев бек у одбрана со 4.
На десен бек се покриени, средината е топ, нападот исто.

Донарума
Флоренци-Бонучи-Киелини-Емерсон
Барела-Жоргињо-Верати
Киеза-Чиро-Инсиње

Вака ќе игра Манчини гарант. Џабе ќе се буните за Бастони. :D

вој е тој тим сигурно :) Манчини и Спинацола не се за репрезентација, Калабрија сигурно заслужи ако ништо повеќе да е замена за Флоренци.
Кастровили е таков играч што им фали на Италија и требаше да добие шанса, Бастони би играл само ако игра 3-5-2.
Бернадески пред Политано, тоа може само он да го направи..
 
Дали некој од тука ќе оди во Букурешт? Имам карта за натпреварот со Австрија, ги читав правилата од линкот на претходната страна, ама уште толку ме збунија, обајатен сум периодов ама и општо животов го поминувам припрост. Ако некој оди нека ми каже кај треба да поплукам крв :D
Јас ќе одам брат. Значи за секој натпревар посебно за да влезеш на стадион ти треба:

Негативен ПЦР тест најмногу до 72 часа пред натпреварот - околу 50 евра е во Романија

или

Негативен брз антиген тест најмногу 24 часа пред натпреварот - околу 17 евра (таму треба да го направиш во една од акредитираните болници одобрени од УЕФА)

или

Да имаш доказ (официјален документ) дека си го прележал вирусот.

Доколку си го прележал ти треба еден од овие документи:

1. Документ дека имаш антитела на вирусот (не постар од 14 дена пред натпреварот).

2. Документ - позитивен ПЦР тест не понов од 15 дена пред натпреварот и не постар од 90.

3. Документ (исписница) од болница дека си го прележал вирусот, исто така не понов од 15 и постар од 90 дена.
Автоматски споено мислење:

Дечки кој сака да оди а нема карти можете да најдете на: viagogo.com или од olx.ro (ова ви е како Пазар 3 кај нас, во Романија). Јас имав 2 карти за против Украина мечот од ФФМ а денеска на olx.ro најдов уште 2 за против Украина за другарчиња едни за по 70 евра и плус 4 за против Австрија за по 75 евра. Се договараш и му праќаш пари преку Revolut или PayPal и он ти ги трансферира картите од неговата на твојата официјална апликација (UEFA Euro 2020 Mobile Tickets) преку и-мејл адресата со која што си се регистрирал на апликацијата. Картите стигаат веднаш. Многу е лесно и едноставно.
 
Последно уредено:

Ти благодарам многу на одговорот! Ми разјасни доста работи.
Јас го прележав вирусот во април, што значи не се поминати 90 дена. Лабораторијата (Биотек во мојов случај) треба да ми издаде потврда дека сум бил позитивен тогаш и тогаш? И ако да, тој треба да се преведе нешто на англиски или сум завршил работа со потврда со печат било каква?

Претпоставувам наједноставно е да вадам прц пошо важи 3 дена и да тргам за Романија на 12ти, пошо за до таму да стигнам би требало веќе да имам документ.
Фала ти многу на помошта.
 
Дали кога го прележа вирусот се тестираше и беше позитивен? Доколку го имаш тестот тогаш тоа ти е доказот, само преведи си го на англиски. Доколку не си се тестирал и немаш доказ тогаш отиди направи си тест на антитела, сигурно ќе имаш и тогаш немаш гајле само на англиски нека ти е. Тие две варијанти ти се најлесни и најевтини. Нема потреба ПЦР да правиш, тоа нека ти биде последна опција.
 
Gi gleam sea belgijcive so grcija, bez brujne se kao bez idejni.. dali deka prijatelska, ama 0 igra imaat.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom