Ќе врзам три поста по ред, па ќе делува дека повторно како пред некој месец ѝ го носам на грб форумов на Кајгана, ама нејсе.
И претходно пишував дека младите Кутревци можат многу да научат од Живко Алкалоид во когошто странците имаат инвестирано толку многу за во погоден момент да ни го октроираат како некаковси експертски премиер. Не се сомневам дека и нив при некоја „добронамерна“ посета од амбасади ги испипале дали имаат интерес за влегување у политика.
faktor.mk
Една од тие работи е координирано со пензиските фондови акцијата со години да ја движат нагоре до астрономски височини. Нпр. кога ПКБ моментално би се тргувал со валуацијата на АЛК, цената би му била 69.100 денари
![Шок! :shook: :shook:](/styles/default/xenforo/emot/ija.gif)
Оваа шема потоа ја преслика и брокерско-фондовската екипа што координирано ги расте индексираните акции до астрономски височини.
На тој начин, како мали акционери ќе влезат и ќе се „збогатат“ и многу општествено влијателни личности коишто насекаде ќе шират добар глас за компанијата и менаџментот, наместо како сега у секоја ситуација и на секое место да јадат го.на против нив. Дури ми е смешно кога ќе слушнам некого што заработил 20-30% проценти или земал една-две дивиденди од АЛК, КМБ, ТНБ или МПТ како очи ќе ти извади ако кажеш било што лошо за фирмата
Кога ќе го видат Живко на волку добар глас, акцијата до плафон, а сите околу него задоволни, му шират позитивен имиџ и ѝ градат бренд на компанијата, мислам дека се доволно интелигентни да заклучат у која насока треба да им иде однесувањето.