Сума-сумарум титула се доби, се изгуби можноста за следна (што не би било така да се донесеше само АД и да се правеше тим околу него).
п.с. Знаев дека ќе направиш споредба во смисла овие ништо не направиле (Лонзо и компанија), а од др страна види Лејкерс титула.
Да, имаат и прескапо ја платија (1 во 3 сезони засега) бидејќи оваа сезона сигурно не гледаат наслов, а ако по некоја случајност Бруклин и во иднина остане со онај состав не гледаат ни наредните две години - што ќе му дојде во 5 години 1 титула.
Ај ќе видиме, јас нема да се дрзнам да кажувам и предвидувам што ќе биде (ама фала за анти-џинксот) и како она велат Америте - „не е готово додека дебелата не запее“.
Понатаму „5 години 1 титула“, тоа е пак предвидување и тек ќе видиме дали си во право. Но тоа што не мора да чекаме за да видиме, е фактот дека скоро сите клубови во НБА би убиле за „1 натитула во 5 години“. Исто така СИТЕ клубови би направиле сѐ што можат за да го имаат „старецот Леброн и ровкиот АД“.
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Стариот е стар а ровкиот е нежен, да, ама такви какви што се, се најдоброто 1-2 дуо во лигата... Нормално, кога се здрави. А здрави се кога не играат пренабиен распоред после најкраткиот одмор меѓу сезони.
Што се тиче „1 титула во 3 сезони“ тоа веќе сме го збореле, досадно е, но пак ќе кажам - не си реален. Нема клуб во НБА што „1 титула во 3 сезони“ нема да го смета за ОДЛИЧЕН УСПЕХ... Смешно е и тоа што првата година со Леброн и копиљаците ја рачунаш како сезона кога оделе на титула, иако рака на срце којзнае што можеше да биде во плејоф ако Леброн не се повредеше на пола сезона. Можеби си заборавил, ама пред повредата Лејкерс беа во горниот дел од табелата НА ЗАПАД.
Пак пристрасно гледаш кога се работи за тимот за кој навиваш.
...титула, ете бидна тоа лани (каква - таква, заслужена)
После јас сум бил „пристрасен“.
Кој ќе остане непобеден нема да кажам, ама ќе кажам дека сте многу смешни сите што упорно верглате дека во некои сезони се помалку вредни шампионските титули, пошто „полесно се освоиле“... Глупости, по таа логика најмалку вредна титула на Лејкерс е онаа на Шек и Коби кога имаа
16:1 скор во плејоф. А замисли тек Ајверсон да не се скренеше во таа една утакмица што по некое чудо ја зема Фили - тек тогаш колку „лесна и невредна“ титула ќе беше тоа.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)