Фан Клуб: Интер

Но во исто време имаш луѓе кои гледаат само од бизнис перспектива, овие луѓе немаат никаков проблем да ги шитнат Хакими и Лукаку и уште некој во истиов преоден рок и да ти продаваат муда за бубрези дека тоа било неопходно.
Рече Морати и ти го продаде Роналдо. Ти го откачи Рекоба. Ти го продаде Ибрахимовиќ. Ти го продаде Ето. Ти го продаде Снајдер. Ти го продаде Мота. Ти го исфрли Цезар.

Истиве можат да направат и комплетна распродажба еден ден, да го шитнат клубот на некој фонд и да не ги видиш никогаш повеќе.

Тоа е разликата помеѓу Морати и нив, ние можеме само да се надеваме дека Интер ќе им биде финансиски исплатлив проект некако, инаку ќе не закопаат толку длабоко што нема бел ден да видиме.
Пошто Морати на Бил Гејтс не продаде, нели? :D

Замара Урко, не знае да скрати него кружи со Роналдо, фамилијата Морати, и уште 2 муабета што ги врти цело време у огромни постови.
Сака да каже дека Морати со Роналдо (како најјак играч у свет тогаш, а и претходно со Матеус) можеше и мораше да напраи од Интер да се понаша ко Баерн Минхен што се понаша моментално. Да собере гиганти за спонзори и клубот така да живее. Маркетинг.
 
Рече Морати и ти го продаде Роналдо. Ти го откачи Рекоба. Ти го продаде Ибрахимовиќ. Ти го продаде Ето. Ти го продаде Снајдер. Ти го продаде Мота. Ти го исфрли Цезар.
Пошто Морати на Бил Гејтс не продаде, нели? :D
Види, знам дека во главно се заебаваме на форумов, ама вака повремено кога ќе почнеме сериозни дискусии, фокусирај се малку. Ако држев некоја линија дека не смее никој да се продаде, тогаш ќе стоеја досеткиве. Ние цело време од почеток дискутираме кој да се продаде кога веќе мора, а не дали да се продаде.
 
Е сеа, многу сакаш и ти. :D

Oк ај се фокусирам. ЛАУТАРО сакаш да го продадеш.
И тоа е се што треба да знаеме за тебе како личност.
 
Не се разбираме. Јас ти викам дека сите работеа така, и дека идејата за self-sustainable клуб во тоа време единствено беше остварлива ако сакаш да си во долниот дел на табелата и небитен. Едноставно не беше можно тогаш да се носиш со таква конкуренција и истовремено да работиш економски исплатливо и без долгови. Дали ти како фан на Интер повеќе би сакал Морати да кажеше: слушајте, ова не е економски исплатливо, немаме пари за трошење, ќе се бориме за УЕФА лига во следниве години. И да не го земеше ни Роналдо ни Заморано ни Креспо ни Виери... дека се нема пари. И да бараше разбирање од навивачите за тоа.

Не гледам како Интер би бил исклучок, и тогаш немавме стадион, и тогаш немавме некои посебни приходи надвор од влезници и дресови, и тогаш немаше некој голем интерес надвор како што нема ни сега. Никој во Азија не ти купува дрес и ден денес, и овие кинески навивачи ќе купат фејк кинески дресови. Арапските земји ги интересира строго премиер лигата или евентуално ПСЖ, латино земјите се по Реал и Барса. Од ТВ права се зема помалку од просечен англиски клуб.

Од маркетингот нема да имаме никаков ќар ако не направиме саглам екипа и да почнеме да победуваме. Се што прават на тој план ќе биде залудно ако немаат цел да доминираат во лигата и да направат нешто во Европа. Мене на крајот на денот ме интересира кого можеме да победиме, а не колку лајкови денес ќе им удрат на Фејсбук.
Ио, ја кажуем комбинација од двете, а не едното, или другото, туку таа златна средина. Морати купуваше ѕверки ама и тимот беше ужасно менаџиран, како со трансфери, така и со тренери, а на финансиски план ужасно си тераше, веспи не му фрлаа за џабе да го еам.
Да, сите работеле така, ама не сите биле у толкав минус каков што имаше Интер кога дури и кога историски најголемите приходи ги донесоа во Италија, пак беа у була.

Имаа најголем стадион, не знаеа да го напунат, знаеш дека со Сунинг ја имавме рекордната посетеност во просек по сезона а Интер ништо не освојуваше, додека пак со Морати на тие играчи, на тие титули, пак на стадион немаше луѓе. Така да ете ти еден пример на лошо менаџирање, тимот да ти биде гледан повеќе у сезона каде се бори за ЛШ отколку кога атакува на све што постои у фудбалот, ти има ова логика ? Одраз на какво работење е истово ?

Не се замаравме многу со тие сегменти, односно со сегменти на кои можеше многу подобро да котираме, ко ете, поише продадени билети на пример што секако ти носи повеќе пари, али ова е еден од многуте други примери, има и други кои на самиот Морати ќе му овозможеа уште да е тука.

Факт е дека у глобала цела Италија се соочува со такви проблеми, нарочито тие што немаат свој стадион, ама тоа не значи дека треба клубот да зависи само од парите на газдата, тоа е погрешно на многу нивоа, зашто во таква ситуација ако умре од смрт газдата, клубот доживува бродолом и нема за што да се фати за да издржи извесен период пред да дојде некој друг, преку ноќ може да пропадне и да доживеа слична судбина ко таа на Фиорентина.
 
Само Баерн Минхен е екипата која долго време тера системски и на самофинансирање, и работи како што треба школски, но нив им се можеше бидејќи Бундес лигата си ја претворија во монопол.

Сите други екипи во светот тераат сеуште на Морати стајл, само што имаат повеќе кеш и повеќе фирми да перат пари преку клубовите.

Денешниве шеици буквално тераат на ист начин како Морати, Абрамович како тера сеуште?!

Така да остајте го Морати на раат, јас сум кажал и порано, овие оризариве само 30% направат колку што направил Морати за Интер, тоа ќе биде доволно за нас.

ФФП е ништо ако имаш пари, ние имавме проблеми бидејќи веќе немавме кеш, и пари за фрлање.
 
Морати купуваше ѕверки ама и тимот беше ужасно менаџиран, како со трансфери, така и со тренери, а на финансиски план ужасно си тераше, веспи не му фрлаа за џабе да го еам.
Трансфер политиката беше лоша, секако се согласувам со тоа, иако пак други беа околностите, играчите се нудеа да играат во Серие А, имаше милион играчи од јужна Америка и Европа, за жал немавме кадар да го стабилизира составот, оттука и Pazza Inter. За финансии не се дискутираше многу во тоа време, навивачите не броеја пари, не прашуваа од каде доаѓаат и каде одат. Не знаевме колку е платата на овој или оној, тоа стана модерно да се следи изминативе 15 години.

Да, сите работеле така, ама не сите биле у толкав минус каков што имаше Интер кога дури и кога историски најголемите приходи ги донесоа во Италија, пак беа у була.
Не сите се тркаа со Јувентус и Милан да освојат скудето, тоа е поентата. Морати можеше да заштеди ама повторно, тоа ќе беше многу поинаков Интер. Инаку да разграничиме, гледаш дека повеќе зборувам за периодот од 1997 до 2002 некаде, кога се правеа еден куп трансфери и се фрлаа пари на сешто. Ова за 2010 не го спорам, се смени се до тогаш, и ЛШ титула не не оправаше финансиски, и на Морати му беше јасно тоа и си замина. Иначе имаше и екипи кои буквално рикнаа, како Лацио, Лотито и ден денес ги отплаќа долговите на Крањоти.

Имаа најголем стадион, не знаеа да го напунат, знаеш дека со Сунинг ја имавме рекордната посетеност во просек по сезона а Интер ништо не освојуваше, додека пак со Морати на тие играчи, на тие титули, пак на стадион немаше луѓе. Така да ете ти еден пример на лошо менаџирање, тимот да ти биде гледан повеќе у сезона каде се бори за ЛШ отколку кога атакува на све што постои у фудбалот, ти има ова логика ? Одраз на какво работење е истово ?
И овде две работи би кажал:

Прво, Сунинг се уште ги нема стигнато бројките од времето на Роналдо и потоа Виери. Ова беше време кога не освојувавме титули. Публиката доаѓаше затоа што Морати купуваше страшно добри играчи. Во времето кога освојувавме титули доаѓаа 50-55к, 59к после триплетата, што е повеќе од сега. Под 50 паднавме по распродажбата, што е добар показател што ќе се случи ако почнат да распродаваат.

Второ, светов се менува брзо, се патува и се стига секаде брзо и за пристојни цени. Секој натпревар на Меаца има едно чудо туристи дојдени од секаде со план да гледаат и натпревар додека се во Италија. Можностите се поголеми, социјалните мрежи се на пикот од своето постоење, Сунинг ова успешно го користи и треба да им се честита. Покрај тоа што тие работат добро на тој план, земи го во предвид и хајпот дека ќе не биде, тоа носи публика.

Прво, Сунинг се уште ги нема стигнато бројките од времето на Роналдо и потоа Виери. Ова беше време кога не освојувавме титули. Публиката доаѓаше затоа што Морати купуваше страшно добри играчи. Во времето кога освојувавме титули доаѓаа 50-55к, 59к после триплетата, што е повеќе од сега. Под 50 паднавме по распродажбата, што е добар показател што ќе се случи ако почнат да распродаваат.
Сезона 17/18 - 57 илјади гледачи у просек.
Сезона 18/19 - 58 илјади гледачи у просек што е на 6то место на највеќе гледачи во сезона.

Само 5 сезони Морати им бега на кинезите што се тиче публика на стадион.

Еве ти статистики по сезони. Обрати внимание на 18/19 сезоната која е втора во историјата според број на гледачи 1,105,612 позади 10/11 каде 1,124,020 луѓе го гледале Интер. На трето место е 17/18 со 1,093,053 гледачи.

Само 1 сезона Морати им бега на кинезите што се тиче гледачи ширум светот.
Автоматски споено мислење:

А да, одамна се немав прогласено за победник.

Чиста победа имам денес!!!! Фала.
 
Што кажав во постот што си го цитирал, а да е погрешно?
 
Што кажав во постот што си го цитирал, а да е погрешно?
Дека кинезите сеуште го немаат стигнато Морати што се тиче публика и гледачи. Што воопшто не е така.
Кинезите како што може да се види имаат боље бројки од шампионските сезони. После 7 години бантер ера.
Само 10/11 сезона кога бевме европски шампиони, повеќе луѓе го гледале Интер од 17/18 и 18/19 - бантер ера сезоните.

Тоа ти збори Урко, дека Морати во тие години со Роналдо имаше по 60к навивачи у просек на стадион и он ништо посебно не успеа да напраи од аспект на маркетинг и слично. Да се крене клубот да може да зависи сам од себе. Ко Баерн.

А и победив секако.

И ова се дел од фактите кои покажуваат дека кинезите беа/се на прав пат да го вратат Интер горе... сеа за сеа се у застој ради проклетата светска ситуација.
 
Прво, Сунинг се уште ги нема стигнато бројките од времето на Роналдо и потоа Виери.
59к после триплетата, што е повеќе од сега.
Овие две работи ги кажав во однос на тоа и двете се точни. 60+ во времето на Роналдо и Виери, 59 после триплетата, што е повеќе од Сунинг.

Ништо што кажав не е погрешно, ти победуваш секако во дуелот со самиот себе.
 
Wowowowowowwk се собраа калчо романтичарите и држат беседи за сенилниот паљачо Морати, кој ниту знаел како се води клуб, ниту знаел да одработи меркато како што треба ниту имал било каков план и визија за Интер. Ме заболе кур за неговата љубов кон Интер и таа милијарда потрошена кога на секој Роналдо имаш 6-7 Коковци, Сорондовци, Окановци и Карагауновци. 2000 години на чело на Интер и требаше Мурџо да му исцрта како треба еден професионален клуб да фунцконира. Недостатокот на знаење и визија на президенте е главната причина што Интер тонеше 11 години. Во две години оризарите скоро и да ги испраа сите гомна во кои Морати го остави Интер, точно дека ги пресече короната но ако успеат со продажба на десен бек да задржат тимот тоа ќе биде уште една лекција за сенилниот кој знаеме како ја реши финасиската криза после триплетата и како ги продаваше клучните играчи, како Милан и Јувентус се засилуваа од Интер со леснотија ко Грујо што купуваше џабалак плацеви на Водно
 
Последно уредено:
Триплета сезона само 1000 луѓе поише од бантер ерата. hhhhhhhh

3 спрема 0.

Се гледаме коа ќе го продадат цел состав мике мој. :smirce:
 
Само на форумов може да се мери успех со посетеност , а не трофеи.
Фантастично достигнување.
Па кинезите имаат успех со 0 посетеност hhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhh

ПОКЕР ОД ПОБЕДА!!!!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom