во 2ра мислам дека беше, се расправавме за како се пишувало: сфати или свати. и сега еден станува и вика:
-професорке јас огон в рака ставам дека се пишува сфати со ф како Фторник на пример :pos2::pos2::pos2::pos2:
а ова беше во петокот последен час имавме англиски и овој истиот од погоре и вика:
-проф. ај пуштете не порано петок е !
ама оваа не не пушташе и тек после 5 мин пред да ѕвони не’ пушти и овој радосен
- еее проф. фала многу. свети среќен трифун и за многу години :nesum:
Амин !
Правевме писмена по македонски за Кирил и Методиј и професорката ги прегледува и се смее и после ни прочита што напишал еден "празноглав"
,,Кирил и Методиј преведувале книги на.....англиски јазик":pos2::pos2::pos2:.
После друг писмена ни чита и вика ,,тато и мама на кирил се викале Лав и Марија":jaj:
Еве нешто и од факс
Седиме лани на час, и пошто факсов ни е во Гази Баба, и у околината има многу џамии и во 12 секој ден урлаа оџиве. И така еден ден, имавме час и почнуваат да пеат. И едно девојче од Струмница, немаше врска за што станува збор пошто не сретнала џамии во нејзиниот живот и вика: Абре луѓе што е ова секој ден штоа урлаат???
И една и одговара: Како ма незнаеш, тоа ти е АЛБАНСКА ЦРКВА!!:pos2::pos2:
Професорот по бизнис прашува еден ученик што ке направи ако има 10,000 евра.Не е многу пари ама за почетник еве на каков бизнис би се нафатил со тие пари.
Овој одговара купи некое комбе макар на старо и ке се занимава со транспорт некаков.И тогаш прашува има ли некој друг со идеја? И тогаш се јавуе Даре-будала чоек и вика професоре ке купам КУРВИ од кина и ке ги продавам тука...хаххахаххаа сите патос доле...едно смеење ко падна лол.Професорот гледа и незнае што да му каже па си преќуте човекот.Хахаа:pos2::pos2::pos2:
Денес на математика...излегува еден другар на табла и додека тој се сврти, еден му вика од позади: морее гледај како си грт во косата!! Професоро го слушна то и прашува кој го кажал тој....другаров шо викна го намести друг кој што седеше до него и професорот му вика...ами ти се гледаш каков си..како некоја петарда :pos2::pos2:
П: Ако ви дое девојка 20 пати издупчена шо ќе прајте со неа? (мисли на пирсови и сл.)
У: Уше 20 пати ќе ја издупчам професорке
:pos2::pos2::pos2:
Ова не е некој си бисер,но на натпреварот по математика пред некоја недела(регионален у Велес) на втората задача имаше пишано ДКАЖИ,место ДОКАЖИ и после следуваше таму задачата и јас глеам не знам да ја решам задачата и си пишав : "Не го разбирам зборот дкажи : )" и глеам после ми дали 2 поенчиња
Едит: На агнлиски: Favorite building: Бињапи Холдинг
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.