Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Секако, сакаш општеството да го поставиш на нови постулати, но само мал дел се согласува со тебе.Дури и кога единствениот избор би бил детето да остане во дом лишено од тоа да биде дел од некое семејство, да биде сакано, да има детство и колку толку нормален живот? Сексуалната ориентација никако не може да влијае врз начинот на кој еден родител ќе го воспита и израсне своето дете.
Инаку темава е отворена пред 10 години. Времињата се менуваат и не може да очекуваш дека сите анктирани го делат истото мислење со тебе сега. Па пред 50 години и жените немале права, па еве сега имаат. И црнците немале права, па ете имаше и црнец претседател.
Професорите се бават и со наука. Во своите учебници ги инкорпорират сите тековни случувања во своето поле на кое работат со децении. И секако дека ти си во право, каде со книгата си поминала 12 недели, пред професорот кој целиот свој професионален живот го посветил на тоа поле.
Да, треба да посвојуваат само адекватните родители. Не сите хетеросексуални парови и се адекватни посвоители. Дури и кај нас само по исклучок странец може да постои. За статистиките колку парови годишно се одбиени веќе дискутиравме.

Продолжи на наредниот член, нема да те цитирам повеќе.
