Нема збор, голманчено на Лил имаше одлична сезона. Но не можеме да знаеме како ќе му се погоди во Милан и општо во Италија. Сепак таа позиција е доста деликатна.
Манџукич како играч не го сметам за некоја загуба но позицијата што ја држи/може да покрие е многу битна, а кога ќе видиме дека Манџукич, Ибра, Леао и Ребич се тука... Значи Милан ќе мора „да пазари“ и напаѓач летово, што не верувам дека ќе биде уопште лесно. Ваљда нема на овие 3ца да остане за цела следна сезона.
Тоа и јас го кажав, многу ќе биде битно што ќе може да земе милан за „ич пари“. Или евентуално за некој ситниш.
Ќе сакаш само да го објасниш ова појак ростер и подлабока клупа? Нели има доста на позајмица што прво треба да се одкупат? Па после доаѓањево на новово голманче за 20тина милиони, па земање замена за Ибра (пошо реално колку и да е добар 40 години има, не е за прв шпиц у тим), па подобрување на останати позиции итн.?
За Скудето не ве ни отпишувам нит ве ставам како фаворити, реално се е можно следната сезона во Италија, иако тоа нема да зависи само од Милан тука се и Интер па и Јуве па после и останатите екипи којшто веројатно ќе се засилат исто така. ЛШ место моментално е најреална цел, а и верувам дека ќе ја остварите.
Јас никаде не кажав дека имате финансиски проблеми. Но реално и не верувам дека сте финансиски во некоја завидна состојба т.е дека можете добро да потрошите и озбилно да се засилите