Слободната воља и религиите!

K

Kitsune

Гостин
Слободната воља и религиите се две планети разлика
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Не беше излагање, прашање беше. Ме интересира како еден верник гледа и наоѓа смисла во поставеноста на начинот со кој треба да се спаси.
Од кого ќе се спаси? Нели неговиот создател е сезнаен? Нели се е според неговата промисла? Во паганизмот на пример имаш повеќе богови, па еден може да ти биде спасител од некој друг бог или богови, но овде се доаѓа од еден бог.
Се сведуе на татко ти што ти забрануе да јадеш од тортата, ама знае дека ќе посегнеш кога нема да гледа и ќе јадеш шамар.
 
H

Hyperion VI

Гостин
Нели се е според неговата промисла?
Све е според Неговата промисла,меѓутоа луѓето што веруваат во судбина според мене раскажуваат некои „Мики Маус" прикаски.
Бог ја дава „слободната волја",на секој поединец,негово право е како ќе ја искористи,дали во морални цели или неморални цели.
Во право си и дека е сезнаен,но тоа не ти ја поништува слободната волја.
Не се согласувам со политеистичкиот концепт кој го спомна,заради тоа што постои само Еден Бог,
тие што ти ги викаш „богови",во суштина се демони,само што „античките цивилизации" воделе многу неморален живот во секој аспект,па затоа биле демонизирани и ги насликале тие свои претстави.
Секако дека Бог прво се јавува кај својот,тогашен избран народ-Евреите.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

За да имаш слободна волја треба да си надвор од оваа просторно временска конструкција. А тоа би значело дека си вечен, односно несоздаден.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
За да имаш слободна волја треба да си надвор од оваа просторно временска конструкција. А тоа би значело дека си вечен, односно несоздаден.
Да. Но, во рамки на инкарнацијата имаш слободна воља. Во рамки на својата инкарнатска перспектива.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Бог ја дава „слободната волја",на секој поединец,негово право е како ќе ја искористи,дали во морални цели или неморални цели.

Во право си и дека е сезнаен,но тоа не ти ја поништува слободната волја.
Сите паѓаат на замкава која е парадокс. Не може Бог да знае сѐ, а јас да имам слободна волја. Ако Бог знае што ќе направам за пет минути (бидејќи знае сѐ), јас немам слободна волја да го сменам тоа. Ако можам да направам што сакам со слободна волја, Бог не може да знае што ќе направам за пет минути. Ако Јуда имал словодна волја, Исус немало да знае дали тој ќе го предаде (или некој воопшто ќе го предаде). Или Бог не знае сѐ или јас немам слободна волја.
 
Ем знае сѐ,ем имаш слободна волја.
(Тука е парадоксот).
Ама еве претпоставувам дека на форумов има и други сериозни христијански теолози,па би сакал да чујам и некое нивно мислење.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Све е според Неговата промисла,меѓутоа луѓето што веруваат во судбина според мене раскажуваат некои „Мики Маус" прикаски.
Бог ја дава „слободната волја",на секој поединец,негово право е како ќе ја искористи,дали во морални цели или неморални цели.
Во право си и дека е сезнаен,но тоа не ти ја поништува слободната волја.
Не се согласувам со политеистичкиот концепт кој го спомна,заради тоа што постои само Еден Бог,
тие што ти ги викаш „богови",во суштина се демони,само што „античките цивилизации" воделе многу неморален живот во секој аспект,па затоа биле демонизирани и ги насликале тие свои претстави.
Секако дека Бог прво се јавува кај својот,тогашен избран народ-Евреите.
Слободната волја не е аргумент, бидејќи таа е можност - слобода да бираш од опциите што ти се на располагање а не и причина за изборот. Што ќе одбереме зависи од нашите особини, карактеристики, не од тоа што имаме слободна волја. Друг апсурд во врска со овој ,,аргумент" е неспоивоста помеѓу тезата дека се е според божјата промисла од една страна и тврдењето дека имаме слободна волја. Или имаш слободна волја, или се е според некоја божја промисла.
Автоматски споено мислење:

Се сведуе на татко ти што ти забрануе да јадеш од тортата, ама знае дека ќе посегнеш кога нема да гледа и ќе јадеш шамар.
Татко ми не е семоќен ниту сезнаен. Не може да ме создаде според своја промисла.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Само потсетување: ако одите во водите на слободна волја, религиите и богови - има таква тема на подфорумов: Религиите и слободната волја.

Ако се докажуваме дали за спасение (ако веруваме дека имаме наследен грев или имаме потреба да се „спасуваме“ ) на моменталната состојба (духот/внатрешниот свет) кај човекот е потребна слободна волја и постојано надградување со повратна врска или религија, молитва, духовен отец итн итн и „да биде Неговата волја, не мојата“ тогаш во ред. Убави муабети има засега - лајк ит... :)

Испреплетени теми, крај не може да се најде :)
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Слободната волја не е аргумент, бидејќи таа е можност - слобода да бираш од опциите што ти се на располагање а не и причина за изборот. Што ќе одбереме зависи од нашите особини, карактеристики, не од тоа што имаме слободна волја. Друг апсурд во врска со овој ,,аргумент" е неспоивоста помеѓу тезата дека се е според божјата промисла од една страна и тврдењето дека имаме слободна волја. Или имаш слободна волја, или се е според некоја божја промисла.

Автоматски споено мислење:

Татко ми не е семоќен ниту сезнаен. Не може да ме создаде според своја промисла.
Оваа аналогија (повише шега) се однесува на делот каде татко ти знае дека нема да го послушаш, а сепак те казнуе и те остава да мислиш дека имаш слободна волја, наместо да те спречи.

Не дека татковците ги имаат сите атрибути на Бог. Замисли сите татковци да ги имаат особините на Бог, тогаш ќе се дешаваат милион контрадикторности. Еден ќе сака да ги земе сите пари на светот (пошто се со човечки особини, но како ако се како Бог?), а и друг - па не може да бидат омнипотентни. А како татко ти е семоќен и сезнаен, но лимитиран у човечко тело од законите на физиката, а? Зошто мислам дека татко ти е омнипотентен?

*и сите други прашања кога човек интерпретира фигуративен говор буквално.
 
Кога се прави споредба, обично тоа е за да се потенцира поврзаноста, сличноста. Колку поголема сличност, толку поуспешна споредба, колку повеќе ,,дупки" во сличноста, толку понеуспешна е истата.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Мудрост е Хокма,
А "страв од бога" е всушност прифаќање дека хокма.. мудрост постои како аспект на "бог" и доколку си во синк со хокма всушност си во флоу со животот, начинот... таоизам. Одлуките акциите реакциите... и неакциите би биле интуитивно "исправни" во причинско последичниот однос на нештата... како некој лавиринт во кој без мислење туку интуитивно бираш кај да скршнеш и секогаш изборот е точен, води кон нешто подобро.

Доколку си со "смртните гревови" не можеш да си во синк со хокма па викаме Исус е спасителот, односно пример за чист човек, без гревови а кога нема грев постои само Љубов....

Практично... мислам дека @Bodhidharma живее најчесто во тој синк, не се замара многу односно го има во пракса она на Алан Вотс - Лет Гоу.... Не е во синк кога се замара со политика. :)

Љ.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Кога се прави споредба, обично тоа е за да се потенцира поврзаноста, сличноста. Колку поголема сличност, толку поуспешна споредба, колку повеќе ,,дупки" во сличноста, толку понеуспешна е истата.
Не е така у логика, вака функционираат аналогии.

Постојат лажни аналогии (мешање баби и жаби) и соодветни аналогии.

1. Во лажните аналогии ти земаш множества А и Б кои делат заеднички елемент Х и кажуеш дека само зошто Х им е заеднички елемент, тоа значи дека им е и У, а не им е.

Пример: И Бог (множество А) и татко ти (множество Б) знаат дека ќе го изедеш колачот (и двајцата го делат елементот Х). Тоа значи дека и татко ти е сезнаен како Бог (го делат елементот У). Ова е лажна аналогија, само зашто и двајцата знаат дека ќе го изедеш колачот, тоа не значи дека и двајцата се сезнајни, само Бог е. Да го пишев ова, ќе направев логичка грешка. Но јас не го сторив тоа.

2. Во правилната аналогија споредбата ја даваш на база на заедничките елементи. Бог знае дека ќе го изедеш колачот (елемент Х); може да те спречи (елемент У); ама не го прави тоа оставајќи те да мислиш дека имаш слободна волја (елемент Z); за на крај да те казни (елемент K). И татко ти знае дека ќе го изедеш колачот (елемент Х); може да те спречи (елемент У); ама не го прави тоа оставајќи те да мислиш дека имаш слободна волја (елемент Z); за на крај да те казни (елемент K). Јас овие множества ги споредуем на база на нивните заеднички елементи. Тоа не значи дека нужно мора да ги делат и елементот на сезнајност и омнипотентност (уште помалку да се идентични А=А) за да ја направам аналогијата. Ако се идентични пак, тогаш не правам аналогија, туку зборувам за истиот феномен, Бог или татко ти.

Дури и две работи да делат само еден атрибут, успешна аналогија е ако ги споредиш на база на атрибутот што го делат. Неуспешна аналогија е ако ги споредуеш на база на други атрибути што не ги делат само зашто делат еден атрибут. Еве уште еден пример:

Девојката има сини очи и небото е сино. Тоа е единствениот атрибут што го делат, синилото.

1. Ако кажам дека сината боја на небото ме опива и тоа е исто како што ме опива синилото на нејзините очи, јас правам успешна аналогија. Таа не мора и да е составена од воздух за да направам „поуспешна споредба" бидејќи јас ги споредувам на база на синилото кое е атрибут на нејзините очи и небото.

2. Ако речам: „Бидејќи небото е сино како и нејзините очи, таа е исполнета со облаци" - правам погрешна аналогија.

Само второто е логичка грешка, првото не е. Ниедно правило во логиката не вели дека ако споредуваш две множества А и Б на база на заеднички елемент Х, аналогијата е поуспешна колку што повеќе заеднички елементи кои не се Х тие ги делат (односно се послични). Додека се задржуваш на елементот Х што го делат, ти правиш успешна аналогија. Ако не е така, реферирај извор кој го потврдува тоа што го кажуваш.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
А "страв од бога" е всушност прифаќање дека хокма.. мудрост постои како аспект на "бог" и доколку си во синк со хокма всушност си во флоу со животот, начинот... таоизам. Одлуките акциите реакциите... и неакциите би биле интуитивно "исправни" во причинско последичниот однос на нештата... како некој лавиринт во кој без мислење туку интуитивно бираш кај да скршнеш и секогаш изборот е точен, води кон нешто подобро.

Доколку си со "смртните гревови" не можеш да си во синк со хокма па викаме Исус е спасителот, односно пример за чист човек, без гревови а кога нема грев постои само Љубов....

Практично... мислам дека @Bodhidharma живее најчесто во тој синк, не се замара многу односно го има во пракса она на Алан Вотс - Лет Гоу.... Не е во синк кога се замара со политика. :)

Љ.
Имав еден период еднаш од еден месец негде, некако ми беше пусто....необјасниво бледо, без апсолутно никаква причина. И едни витамини не ми стигнаа тој период, уствари не, требаше да се плати многу ДДВ и царина, таа на царина си рачунала како и прднало на памет. Ме оживеа таа нервоза...после возам накај дома, се пцујам со луѓе на раскрсници и се смејам како нездрав.....убаво ми дојде. Се потсетив зошто е се така како што е :)
Политиката доаѓа тука негде...да исполни некои дупки :D
Автоматски споено мислење:

Да. Но, во рамки на инкарнацијата имаш слободна воља. Во рамки на својата инкарнатска перспектива.
Се поставува прашање на кој начин одлучуваш кога ти си "само" набљудувачот. Телото и умот ти се играчката во која си инкарнирал(евентуално реинкарнирал).
Дефинитивно носиме со себе нешто во оваа инкарнација, инаку близнаците не би требало да се понашаат така како што се понашаат. И можеби таму е клучот на разбирање на слободната волја.
Иако сега ми текна на едно друго размислување, Јунг и архетиповите........како сме ние марионетки на сите тие "сили" или кажи ги богови/ангели/светци. Исус у задње време го гледам на тој начин.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom