Белорусија

Член од
14 август 2006
Мислења
45.542
Поени од реакции
85.093
...Ете нацизмот е поголемо зло од комунизмот...И?
Ништо. Тоа само.
Автоматски споено мислење:

Нацизмот на Евреите им го забранувал поточно уништувал се што се декларира како Евреин. Право на самоопределба им забранува, и поради тоа што некој е евреин и се декларира како таков го губи животот, а овде некој ако речи
Не е точно. Нацизмот не им забранувал на Евреите да се декларираат така. На нацизмот сосема му било сеедно Евреите дали и како се декларирале. Имало доста Евреи кои се декларирале како Германци и биле екстерминирани, бидејќи се Евреи. Го болело цеф Хитлер како се декларира некој Евреј. Он му бара по предци според Нирнбершките расни закони и според тоа судбината му ја крои, а не според тоа како се декларира.
Автоматски споено мислење:

Хлодоморот според мене можеби го нема она што го имало во Холокаустот, но можам да кажам дека после Холокаустот е најголемо зло што било направено врз еден народ и воопшто против човештвото од комунистички и нацистички монструми...
Не го негирам Хлодоморот (треба Холодомор, само ја си го викам Хлодомор).
Ја негирам тезата дека е програмиран да уништи една националност, а во реалност нема врска со националност, туку заради условите, таа националност највеќе настрадала.
Тоа не смее да се релативизира, и да се разводнува од типот селанство меланство реформи меформи...
Тука веќе, заоѓаш во поглупи води.
 
Последно уредено:

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.369
Поени од реакции
6.056
Не е точно. Нацизмот не им забранувал на Евреите да се декларираат така. На нацизмот сосема му било сеедно Евреите дали и како се декларирале. Имало доста Евреи кои се декларирале како Германци и биле екстерминирани, бидејќи се Евреи. Го болело цеф Хитлер како се декларира некој Евреј. Он му бара по предци според Нирнбершките расни закони и според тоа судбината му ја крои, а не според тоа како се декларира.
Така било, ете не коишто се декларирале, туку коишто биле Евреи...А Христијаниве во СССР што ги требеле, сигурно не викале сите 100% дека биле Христијани пред да ги убиваат. Сигурно дел од нив викале дека не се, но сепак..Онај што ќе го спомнел Сталин во најмала сомнителна конотација, 10 години на -40 камења кршел во Сибир...И сега јас за разлика од тебе, не релативизирам ни едно нацизам ни комунизам, двете се PURE EVIL.....Ти релативизираш нешто со реформи земјоделски, со задруги итн..
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.542
Поени од реакции
85.093
Така било, ете не коишто се декларирале, туку коишто биле Евреи...А Христијаниве во СССР што ги требеле, сигурно не викале сите 100% дека биле Христијани пред да ги убиваат. Сигурно дел од нив викале дека не се, но сепак..Онај што ќе го спомнел Сталин во најмала сомнителна конотација, 10 години на -40 камења кршел во Сибир...И сега јас за разлика од тебе, не релативизирам ни едно нацизам ни комунизам, двете се PURE EVIL.....Ти релативизираш нешто со реформи земјоделски, со задруги итн..
Не релативизирам никако. Упростено кажав зошто и како е дојдено до тој глад. Терминологијата е таа.

Христијаните доживувале прогони, но тоа престанало и црквата останала дел од општеството. Прогоните и рушењето цркви престанало. Прогонот кон христијаните бил посилен на почетокот од СССР и ниту ги истребиле, ниту црквата престанала да постои. Ништo слично на нацистичките прогони кон било кого. Но по почетокот на Втора Светска Војна сосема е сменет односот кон црквата. И односот, воопшто кон сопственото население, од страна на советите. Анти-религиозноста во советското општество веќе никогаш не го достигнало нивото од пред Втора Светска и анти-религиозните кампањи од тоа време.
Имало и повремени периоди на анти-религиозни иницијативи и во повоениот период, но не како пред тоа.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Ете вака, на ова ќе ти повлечам паралела со Македонија, и тука ќе си го пронајдиш одговорот. И Македонија била(дел сеуште е) под Српска,Бугарска и Грчка окупација....И србите и бугарите и грците тука се однесувале како окупатори...Денеска 90% од жителите на Македонија, србите ги сметаат за пријатели, а Бугарите и Грците не. Зошто е тоа така? Кога еве и србите тука праеле бељи....Еве хипотетички да земиме во предвид и да се немаше осамостоено овој дел на Македонија, пак србите немаше да бидат омразени ни пола од она што се омразени грците и бугарите...
Неможеш паралела со нас да повлечеш. Пошто ти збоириш само за Македонците во Вардарска Македонија. Оние што се во Бугарија исто Србија ја сметаат за непријател. Кај нас се случува еден процес на асимилација и претежно проблемите настануваат од таков еден аспект, додека Пољаците никој не ги асимилира. Дури и ако ги споредиме Нацистичката окупација со Советската, па и ако отидеме понатаму и ги споредиме злосторите на Советите внатре во Русија и во Полска, и во двата случаи имаме повеќе причини да се мрази „Германскиот“ режим одколку „Рускиот“. Но реално пошто тие два режими не постојат, ниту имаат некаков континуитет, Пољаците немаат реални причини да се мразат ниту Русите, ниту Германците. Освен ако некоја пропаганда машинерија не вели нешто друго.

Ова што го кажуваш многу ме подсетува на тоа што Бугарите го кажуваат за СФРЈ, како Српска држава. Руската империја има најмногу територија изгубено во времето на комунизмот. Рускиот народ има најмногу жртви дадено за време на комунизмот. Ако сакаш споредба, тоа ти е исто како кога крстоносците го освоиле Цариград... Нивното владеење неможеш да го сметаш за Византиско владеење.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.369
Поени од реакции
6.056
Не релативизирам никако. Упростено кажав зошто и како е дојдено до тој глад. Терминологијата е таа.
Епа сега ако бараме терминологии за да ги разводниме работите, можам и јас да ти наведам што на Хитлер му згрешил некој евреин, и зошто ги мразел евреите и сега јас треба да го оправдам Холокаустот, бидејќи знаеш, Хитлер вака и вака?? Ти, умрените во Холодоморот, со твојата терминологија сакаш да ги претставиш како колатерална штета, како некој исход од експеримент кој што тргнал однаопаку, а овие не сакале да го сторат тоа.. Исто како да ти речам сега јас, нацистите ги наполнале гасните комори со неариевци, и случајно некој Герхард се сопнал и го пуштил плинот и настанал Холокаустот....Искрено, ме боли мишо ковач за терминологиите...Факт е дека масовно умирање на луѓе од глад имаше како директна последица на Сталин и неговиот комунизам, и буквално требење на Евреите од страна на нацистите....

Христијаните доживувале прогони, но тоа престанало и црквата останала дел од општеството. Прогоните и рушењето цркви престанало. Прогонот кон христијаните бил посилен на почетокот од СССР и ниту ги истребиле, ниту црквата престанала да постои. Ништo слично на нацистичките прогони кон било кого. Но по почетокот на Втора Светска Војна сосема е сменет односот кон црквата. И односот, воопшто кон сопственото население, од страна на советите. Анти-религиозноста во советското општество веќе никогаш не го достигнало нивото од пред Втора Светска и анти-религиозните кампањи од тоа време.
Ништо слично бе, каква сличност..Овие христијаните ги праќаа на мировни мисии во Сибир, каде живееа богато на државна сметка до 100 и назад. Само да видат дали може да се живее на Сибир. Земаа списоци од доброволци кој сака Сибир да оди да живее, државата се плаќа. Само штета немаа опрема многу, Survivor ќе беше Советски трејд марк...
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.685
Поени од реакции
5.315
После ВВ2 цела Европа гладувала, и УК, инфраструктурата лом, економија нула. За азиските земји да не праам муабет, Кина исто има митови децата си ги јаделе да преживеат. Сепак и тоа е последица на наци германија и јапан...
Иначе коа читаш за вакви ствари и мислиш дека се толку страшни пошто потекнувале од комунизмот , земи малку прочитај и за капиталистичките Франција, Португал, Белгија што правеле со црнците во Африка, како се иживувале врз нив, па дури во кафези ги чувале за атракција. Или капиталзмот како цутел у САД на камшикуваниот грб на црнците што од глад, неухранетост и исцрпеност од прекумерна капиталистичка работа пцоисувале ко кучиња по ранчовите... и каде се им било забрането да влагаат на јавни места (т.е. сегде) пошто нелуѓе биле за капиталистичките им газди.
Ама тоа изглеа не ти смета... Украина пост ВВ2 со 0 економија и инфраструктура -ради нацистите- ти боде оче само. Чудна работа.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Колку за информација. За Хитлер гулаците инспирација да ги направи конц. логорите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.151
Поени од реакции
12.774
Навивам...Се што е злобно за човештвото, треба под итно да му се стави крај... Комунистички и нацистички партии треба во преамбулата на секој устав на секоја земја во светот да се забранат да постојат.
А партии кои себеси се декларираат како демократски, а кога се на власт практикуваат бомбардирање на цивилно население со осиромашен ураниум, треба и тие да се забранат или да бидат заштитени како бранители на слободата и демократијата ?
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.369
Поени од реакции
6.056
А партии кои себеси се декларираат како демократски, а кога се на власт практикуваат бомбардирање на цивилно население со осиромашен ураниум, треба и тие да се забранат или да бидат заштитени како бранители на слободата и демократијата ?
A каде тоа бомбардирале цивилно население со осиромашен ураниум? И кој тоа бомбардирал..Биди попрецизен...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.151
Поени од реакции
12.774
A каде тоа бомбардирале цивилно население со осиромашен ураниум? И кој тоа бомбардирал..Биди попрецизен...
Па во 1999 година ја бомбардираа Југославија со осиромашен ураниум, ако добро помнам цел еден воен сојуз наречен НАТО - во кој тогаш членуваа 19 држави кои себеси се декларираат како демократски, па претпоставувам дека истата демократска декларативност важи и за политичките партии кои биле на власт во тие 19 држави во тоа време - ја предводеше таквата злосторничка операција против човештвото.

Четири години подоцна САД - основачка држава членка на НАТО, која себеси се декларира како демократска, па претпоставувам дека истата демократска декларативност важи и за нивниот тогашен претседател Џорџ Буш Помладиот и за неговата Републиканска Партија која тогаш имаше мнозинство во американскиот Конгрес и Сенат - изврши инвазија и окупација на Ирак, пропратена со масовно бомбардирање на градови како Фалуџа и Наџаф, во кои до денешен ден новороденчињата вообичаено умираат пред својот прв роденден или најдоцна кратко време после својот втор роденден поради изложеност на зрачење од осиромашен ураниум.

Ова се некои од најтазе примерите кои ми текнуваат, извини бидејќи не ми текнува на некои други.

Што велиш, политичките партии кои биле на власт во тие држави кои извршија злосторства против човештвото треба да бидат со Устав забранети, исто како и фашистичките и комунистичките партии ?
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.369
Поени од реакции
6.056
Па во 1999 година ја бомбардираа Југославија со осиромашен ураниум, ако добро помнам цел еден воен сојуз наречен НАТО - во кој тогаш членуваа 19 држави кои себеси се декларираат како демократски, па претпоставувам дека истата демократска декларативност важи и за политичките партии кои биле на власт во тие 19 држави во тоа време - ја предводеше таквата злосторничка операција против човештвото.
Дечко, намали малце со филмојте,инфомакс,мактел и компанија. Ние на балканов сме амеби во споредба со остатокот на светот, не сме толку битни за да ни рокаат ураниум.. Немој толку да гледаш Во Центар со Ефтов, уште да ми речиш дека со хеликоптери не трујат со коронава, и мислам дека можиме и да завршиме да се цитираме. Ние на Балканов колку и да си даваме значење дека сме нешто битни и дека сме центар на светот, народите од Австрија нагоре, не знаат на карта да не покажат освен Грција, а камоли да се замараат да фрлаат осиромашен ураниум во Мариово,Бујановац,Пехчево и Смедерево.
Што велиш, политичките партии кои биле на власт во тие држави кои извршија злосторства против човештвото треба да бидат со Устав забранети, исто како и фашистичките и комунистичките партии ?
Море човече, какви злосторства против човештвото зборуваш? Тоа што го урнаа крвникот Садам Хусеин од власт, чија аздисана багра колеше и бесеше свои граѓани низ Ирак? Синојте негови што зацрнија илјадници фамилии силувајќи им ги жените и ќерките? Садам требаше да падни многу поодамна.. Како што сега треба и ќе падни Лукашенко, само него му одат со пософт верзија.

Ете стигнуваат информации дека покрај забрана за летовите од и во Белорусија, Германија со цела ЕУ ќе забрани секаков извоз и увоз во и од Белорусија. 75% од извозот и увозот на Белорусија му е со ЕУ.. Само ми е жал што на крајот нема да пати тој психопатот со мустаќите туку ќе патат недолжните Белоруси поради фрустрациите и извитоперениот ум на нивниот водач.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.470
Поени од реакции
7.836

Како тоа мислиш недолжните .... Кој го гласал, кој го остава толку години да владее, кој му го чува животот, кој ги спроведува неговите одлуки ... Ако не им чини, зашто не се побунат ?
Нема недолжни, сите сме виновни, кој помалку, кој повеќе.

За осиромашениот ураниум штом кажуваш дека не се случило (а се случило), јасно е дека си 102,5% прозападен. Но штом одбираш страна и се правиш слеп за нивните грешки ист си како следбениците на нацистите и комунистите, само другата страна од паричката.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.369
Поени од реакции
6.056
За осиромашениот ураниум штом кажуваш дека не се случило (а се случило), јасно е дека си 102,5% прозападен. Но штом одбираш страна и се правиш слеп за нивните грешки ист си како следбениците на нацистите и комунистите, само другата страна од паричката.
Човеку, од кај знам дали се случило? Бројките од заболени од рак би биле енормно зголемени доколку имаше осиромашен ураниум, а не се.. Сега да верувам на медицината и фактите или на Васко Ефтов и Лазански?
Автоматски споено мислење:

Како тоа мислиш недолжните .... Кој го гласал, кој го остава толку години да владее, кој му го чува животот, кој ги спроведува неговите одлуки ... Ако не им чини, зашто не се побунат ?
Нема недолжни, сите сме виновни, кој помалку, кој повеќе.
Хахаххааххахаха...Гласале бе...Да да... Како што би рекол Чика Стаљин..Не е битно кој гласал, битно е кој ги број гласојте...А на последните избори во Белорусија опозицијата НЕ присуствуваше на броењето гласој....Тхе енде.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom