Ај да видиме како ќе изгледаме следна сезона, барем со досегашните трансфери.
Дефинитивно клубот го напуштат:
Чаневски, Стјепановиќ, Вегар. Многу веројатно:Радовиќ, Граџан, Џукиќ, Дарио
Под претпоставка дека ова ќе се заминувањата да погледниме како ќе е составот.
Лево крило: Маџовски, Ојлевски и Цветан. Да сум управа, овде би го шутнал маџовски би се ослободиле средства за добро крило шо би било поубоито во напад. Ојлевски би бил корисен одбрана, а цветан би можел да напредува со поќе играње.
Лев бек: Стипе, Кукуловски и Кубанецот и Куковски како класичен дефанзивен. Овде мислам сме добро покриени.
Среден: Периќ, Обрадовиќ и Танковски. Иако сите го хејтат Марио, мислам дека има простор кај него за напредок, сепак 22 год е. Со оглед на то шо ќе имаме куп утакмици наредна сезона ќе се најди. Дури овде би можел да биди корисен и Јован Талевски од 2ката.
Десен бек: Мараш и Велковски. Овде би се ослободил од Велковски. Толку му е зенитот според мене, и би зел овде нов првотимец, и трета опција Павле Петровиќ од 2ката.
Десно крило: Павлетиќ и Костевски, ок сме и дај боже Радовиќ тука да остани.
Пикери: Кушан и Марковски. Овде би дал шанса и на Арсеновски од 2ката
Голмани: Хендави и Кизиќ...