Здраво дечки. Ако може да ми дадете совет што да правам. Имено, станува збор за уринарна состојба. Значи имам нормално мокрење, без печење, без болка во бешиката, но мислам дека не се празнам целосно. Истотака за да го започнам млазот ми требаат 5-10 секунди. Потоа, имам нормален млаз, но чувствувам дека не сум завршил па стискам за да се доиспразнам и излегуваат само капки со паузи од околу 10 секунди. А помеѓу тие паузи, без да сакам си излегуваат капки. Дури и после капките имам сензација за уринирање, но драстично е намалена. Ако на пример легнам или се испружам на стол, сензацијата привремено исчезнува, а кога ќе станам пак на нозе, пак се појавува, но многу е мала. Оваа состојба ми трае со недели. За среќа не се влошува, но не се подобрува...