Дали си спасен?!

Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Знам дека за тебе е метафора, затоа и си ги толкуваш стиховите како мислиш дека треба, не се заморуваш со старци, отци и се останато од стариот еон...
Но ок е да се понекогаш тоа пак потенцира во текстот... некој ќе почне токму од тука да чита, да знае на што е :)

Зошто да не играш? Па како ќе дискутираме? Ќе бираш со кој ќе зборуваш на форумов или кој ќе ти поставува прашања?
Не оди тоа така... може да ме игнорираш, но да не те прашам што навистина мислеш и од каде тие ставови... не бидува.
Тука читаат и млади луѓе... што само што започнуваат со своите патешествија во врска со религиите...

Лајкови да си ставаме и да си пишуваме секој своето... како си намислил?
Направи си блог, како мене - и пишувај, на форум мора дискусија...

Ти рече за зачнувањето дека е крв и вода
, не раѓањето... јас те прашав за раѓањето и ти реков дека Христос не е безгрешен заради тоа... и тоа не го измислувам јас, туку е запишано во КНИГАТА наречена Библија. Можеби таа треба да ја читаш, целата и еврејскиот дел, за да знаеш зошо во новиот дел се вели дека Христос исполнува некаков закон...

И ти со споредбата ни покажуваш како сите други се грешни заради зачнувањето и затоа е потребен спасител представен во христијанските учења! :)

А јас, стојам спротивно на твојот став: не си грешен! Ниту ќе бидеш, ниту ќе имаш потреба било кој бог да те спасува од тоа кој си и што си...
Нема да функционира кармата тогаш, ќе треба да ја изгасиме од штек :)

Ќе ми докажеш спротивното? :cautious:
I jas tvrdam deka e metafora... sakash za metaforite da diskutirame ili kje ne ubeduvash deka starite oci ne se slagaat so nas?
Ne mislish deka e pozitivno shto se povekje gledaat metafora?

Lj.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.148
I jas tvrdam deka e metafora... sakash za metaforite da diskutirame ili kje ne ubeduvash deka starite oci ne se slagaat so nas?
Ne mislish deka e pozitivno shto se povekje gledaat metafora?

Lj.
Да те убедам во било што - немам намера. Да покажам дека немаш познавање zа ниту една религија или учење, е тоа е одлична цел :)
Дури и да докажеме дека знаеш нешто за религиите, и тоа е нешто... сме успеале да те натераме да читаш и научиш многу повеќе од ова сега што знаеш! ;)

Барем вака беше во минатото, така градевме или рушевме „авторитет“ на форумов... некои се лутеа на тоа, не требало да се поставуваат прашања и да се сомнева човек, да не ги учи светите книги на памет, да бара сличности со други учења... некои не знаеjа да признаат дека нешто не знаат или дека треба да прочитаат книги за нештата: се на сон им доаѓа!

Нормално, треба да се пази метафорите и нивното толкување да не ги претворите во секташко толкување, и тоа само затоа што некој не сака да биде на пример христијанин, дел од православната црква и почнува да гради свој систем...
Не ми смета тоа, тоа е ракот на старите религии кој што ги јаде од внатре. Но бесцелно е...

Инаку не е точно дека се повеќе луѓе гледаат метафори и знаат што значат истите, туку се враќа/станува достапен гностицизмот скриен низ вековите преку разни алатки.

Дали си спасен или не е диркетно поврзано со тоа дека ти си грешен. Можете да измислувате какви сакате оправдувања: мора да си признаете дека мора да прифатите дека вие сте грешни, и тоа наследен грев. Грев кој што ја започна иницијацијата во човештвото. Каков грев бре луѓе?
Здрави, вие ќе се убедите дека не сте здрави, и ќе почнете да земате лек кој што не ви е потребен? Па зошто така?

Започната од ЖЕНА сето тоа. Жената ја имаше сета храброст на Земјата! Затоа жената е секогаш „подолу“ од мажот, неспособна да биде свештеничка, да биде духовно рамна со мажот во религиите кои произлегоа од еврејскиот закон...
Многу повлекува овој „наследен грев“ кој што вие не го гледате бидејќи ова ви е премногу за проучување и далеку од вас :)
Сеедно ви е...
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Хепта шо вељат телемана на тема-Шо после смртта?Како стојат работите во save and exit и обратно?
 
Член од
15 мај 2021
Мислења
125
Поени од реакции
302
Постојано кажувам дека приказната за Исус е метафора, едно се пишува друго се мисли.
Затоа не напишав дека се пролева само крв , туку крв и вода, кој свати - свати!
Може да ми кажеш каде пишува во Библијата кои делови треба да се сфатат метафорички, а кој буквално? Јас сум прилично неук, а и буквалиста, па кога ќе читам вакви работи

(Deuteronomy 20:10-14)

As you approach a town to attack it, first offer its people terms for peace. If they accept your terms and open the gates to you, then all the people inside will serve you in forced labor. But if they refuse to make peace and prepare to fight, you must attack the town. When the LORD your God hands it over to you, kill every man in the town. But you may keep for yourselves all the women, children, livestock, and other plunder. You may enjoy the spoils of your enemies that the LORD your God has given you.

ги сфаќам буквално.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138

Подобро да не читаш чим буквално разбираш.
С'е е метафора.
 
Член од
15 мај 2021
Мислења
125
Поени од реакции
302
Подобро да не читаш чим буквално разбираш.
С'е е метафора.
Значи СЕ е метафора? Ме интересираат неколку работи.

Како знаеш дека се е метафора, каде тоа го пишува?

Како знаеш дека твоите интерпретации на метафорите се точни?

И ако е се метафора, зошто побогу Бог се изразува во метафори? Поетска душа бил?
 
Член од
15 мај 2021
Мислења
125
Поени од реакции
302
Stavre.... ne samo poet tuku i shegobiec, on jade pukanki sega gore nad oblacite i ne gleda kako se macime so metaforite, ima bela brada i mrsna mu e.

:coffee:
Не ми се прават плажа муабети, имај разбирање. Уште две три вакви реченици ќе дојде магарето и после кој ќе ве трпи.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Значи СЕ е метафора? Ме интересираат неколку работи.

Како знаеш дека се е метафора, каде тоа го пишува?

Како знаеш дека твоите интерпретации на метафорите се точни?

И ако е се метафора, зошто побогу Бог се изразува во метафори? Поетска душа бил?
Духовното не може да се пренесе со говор/збор, еве пробај дај опис за љубовта , што е тоа?

Ниту можеш да му објасниш на дете што е секс, кога неговото тело не е на таа возраст да го разбере тоа.
Можеш метафорично да му објасниш, но ќе го разбере тоа кога полово ќе созрее.

Исто е и со духовното, метафорично се пишува, но кога читателот духовно ќе созрее ќе свати што сакал да каже писателот.

С'е се врти околу работи кој ви се пред очи , но не ги гледате бидејќи описот им е застрашувачки , па барате со очите. Па соред тоа и се орентирате , па тоа со очи што не го гледате сигурно не постои.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Не ми се прават плажа муабети, имај разбирање. Уште две три вакви реченици ќе дојде магарето и после кој ќе ве трпи.
Dogovoreno, zvucish iskreno, umorno denes... pa kje te poshtedam i nema da go viknam....

Inaku zirni go ova... ako sakash....

.

Lj.
 
Член од
15 мај 2021
Мислења
125
Поени од реакции
302
Духовното не може да се пренесе со говор/збор, еве пробај дај опис за љубовта , што е тоа?

Ниту можеш да му објасниш на дете што е секс, кога неговото тело не е на таа возраст да го разбере тоа.
Можеш метафорично да му објасниш, но ќе го разбере тоа кога полово ќе созрее.

Исто е и со духовното, метафорично се пишува, но кога читателот духовно ќе созрее ќе свати што сакал да каже писателот.

С'е се врти околу работи кој ви се пред очи , но не ги гледате бидејќи описот им е застрашувачки , па барате со очите. Па соред тоа и се орентирате , па тоа со очи што не го гледате сигурно не постои.
Не ми одговори на ниту едно прашање. Најмногу ме интересира како знаеш дека твоите интерпретации на метафорите се точни? Како знаеш дека си доволно духовно созреан за да ги разбереш метафорите? Како знаеш дека не тресиш глупости кога ги интерпретираш метафорите? На еден лудак во лудница неовата реалност му е повеќе од реална, како знаеш дека не учествуваш во лудило и во метафорите од Библијата не наоѓаш тоа што сакаш да го најдеш?
Автоматски споено мислење:

Dogovoreno, zvucish iskreno, umorno denes... pa kje te poshtedam i nema da go viknam....

Inaku zirni go ova... ako sakash....

.

Lj.
И што со ова? Христијански атеизам, contradictio in adjecto. Ја отфрлале теоријата а ја прифаќале етичката пракса на христијанството. Етичката пракса на христијаните одделена од стравот од Бог, и евентуалната награда не е ништо повеќе од однесувај се добро со ближниот свој. За така да се однесуваш не ти треба никаква религија, па дури ни ваква, ем е религија ем не е.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Не ми одговори на ниту едно прашање. Најмногу ме интересира како знаеш дека твоите интерпретации на метафорите се точни? Како знаеш дека си доволно духовно созреан за да ги разбереш метафорите? Како знаеш дека не тресиш глупости кога ги интерпретираш метафорите? На еден лудак во лудница неовата реалност му е повеќе од реална, како знаеш дека не учествуваш во лудило и во метафорите од Библијата не наоѓаш тоа што сакаш да го најдеш?
Автоматски споено мислење:

И што со ова? Христијански атеизам, contradictio in adjecto. Ја отфрлале теоријата а ја прифаќале етичката пракса на христијанството. Етичката пракса на христијаните одделена од стравот од Бог, и евентуалната награда не е ништо повеќе од однесувај се добро со ближниот свој. За така да се однесуваш не ти треба никаква религија, па дури ни ваква, ем е религија ем не е.
Ne samo etikata tuku naogjaat i mudrost vo pisanijata i od toj aspekt gi cenat.
 
Член од
15 мај 2021
Мислења
125
Поени од реакции
302
Ne samo etikata tuku naogjaat i mudrost vo pisanijata i od toj aspekt gi cenat.
ОК, ама каква врска има тоа со религија, и воопшто со темава дали е некој спасен? Некој наоѓа мудрост во Мајн кампф, некој кај Вилијам Блејк, потполно неважно и неповрзано со темава.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
ОК, ама каква врска има тоа со религија, и воопшто со темава дали е некој спасен? Некој наоѓа мудрост во Мајн кампф, некој кај Вилијам Блејк, потполно неважно и неповрзано со темава.
Spasen, povekje ne patish.... ne e strashno da umresh.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom