За сите прашања поврзани со религиите треба читање книги бидејќи симболите секој ги витка и толкува до каде му е чергата... а во книгите ќе најдете
премногу долги стази на кои не сте ни стапнале и се наоѓаат добри патокази за да човек не залута и со сета сила се урне во адот
Ми се допаѓа како се зборува за Исус како да е навистина така зачнат, а не дека е тоа некоја симболика... интересно.
Ајде ќе ја играме играта, дека е реално тоа, буквално, па да прашам: го раѓа мајка му без крв да се пролее или...? Има такво нешто во книгите запишано?
Ако е со крв... невина е? Ако не е запишано, ќе оставиме да лебди тоа во воздух?
И не е заради тоа безгрешен Христос, туку заради друго - има и во Матеј и во другите писанија за него од другите 3ца евангелисти кои „сведочат“ за настаните.
Зошто е распнат според христијанската света книга? Зошто е прободен со копје?
Зошто е потребен тој симболичен акт на жртва, туѓа крв, за туѓите искушенија да се поминат?
Си го разгледувал ли молитвите што се создаваат низ вековите што зборуваат за Исус како симбол?
За сето тоа да има основа - мора да те убедат дека има и грев, наследен! Замисли да те убедат дека ти треба спасител за она кој си ти и што си ти...
да те спаси од тебе самиот и твојата природа.
Тоа го немало, го нема и нема ниту да го има кај човекот, инаку искушенијата ќе бидат лага и непотребност! Сите источни учења ќе треба со сета нивна
практичност да ги фрлиме во вода ... бидејќи некој верува дека е грешен и проповеда наоколу дека и другите се грешни...
Не знам дали се разбираме...
Дали симболот Исус е преставен како жртвено јагне (еврејска традиција), за некакво „искупување на гревовите на човештвото“?
Да го нема тој симбол „наседел грев“ нема потреба од „жртвено јагне“... нема потреба од крв.
И да, жртвувањето е еврејска традиција, сето тоа дадено во библијата е еврејска традиција (да не заборавате од каде ви се корените).