Дали си спасен?!

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158
Треба да си го поставиш прашањето "Што е тоа со кое човек е држен како во затвор" за да ја разбереш поентата на спасител.
Догма, која иако е зандана, украсена е со убави тапети па човек кој што не се заморува многу, како да е слеп - мисли дека е слободен . Одамна си го имам ова прашање и поставено и одговорено, ама благодарам за сугестијата. Може да почнат да ја применуваат сите! Многу полезна ствар.

Сега имам други прашања кои ги одговарам последователно и во никој случај не најдов дека одговорот е надворешен спасител, посебно не од стариот еон. ;)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138

Разбирам , човек да се дели од човек според убедувањата, но тоа не е Човечно.
Пробај повторно, што е тоа заедничко за сите луѓе, нешто кое толку многу се приврзало за нив, со што сметаат дека е невозможно нивното постоење, нешто кое им е постоајно пред очи не разбирајќи дека е нивни кафез?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158

Ништо ти не си разбрал, ама нека ти биде...

Човек се соединува со човека според својата природа и искуство, градејќи прекрасни соѕвездија ако имаат правилна рамнотежа помеѓу себе...
Така е со големиот универзум, така е и со малиот, но ти малку разбираш од сето тоа... затоа и вакви муабети.
Не знам како не ти смета догмата на стариот еон и идејата за спасување, за гревови дека твоето дете е грешно заради тоа ти што си правел, дали има логика?Дали се прашуваш што зборувале евреите во нивните мистични книги полни со размисли кои се туѓи и денес на оние кои не се Евреи?

Мислиш дека со твоето толкување и своите размисли за таа философија те ставаат во позиција да си над сето тоа?
Не. Не може да измислиш топла вода со препелкање во калта на стариот еон, само ќе се извалкаш или во најдобар случај ќе бидеш уште еден секташ на христијанската догма, ништо ново. Не знам зошто ми досадуваш со бљуткави идеи и постојано се обидуваш да ме влечеш назад кон христијанството и идејата за грев! Не е тоа за мене, за многумина не е...

Ако за тебе се делат луѓето според убедувања, нека ти биде, ти сигурно не седиш на иста маса со некој што има други убедувања од тебе... стариот еон ти ги мати сметките премногу, или јас ти ги матам како Телемит, пробај да го надминеш тој мртов закон на поделба на народите... не е тешко во реалноста.

Спасител од она што е дадено во стариот еон преку религиите, не постои денес! Не постои надворешен спасител што ќе го спаси поединецот од себе си... тоа е лудост.
Дали ти е јасно тоа?
Може луѓето да веруваат, може да коленичат, да се молат, да бараат надеж, да чекаат втора, трета или не знам која смрт - тоа нема да ги одалечи од другите... тоа што ќе бидат неспособни сами да го носат товарот низ бремињата ќе ги одалечи, ништо друго...

Дали си спасен? Oh mon dieu :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Темата засега останува заклучена се до зачистување и решавањето на пријавите...

П.С.
Жалам што поради надоврзувањето со постовите кои требаше да се избришат настрадаа и неколку кои беа добри, како на пример на @Bodhidharma и @pozdrav eden topol .

Темата отворена за дискусија. Внимавајте на речникот, да не се казнуваме.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158
Ова прашање ја содржи сржта на старите религии: дека човекот е грешен, дека му треба спасител, дека туѓа крв мора да се пролее за да биде спасен духовно!
А ако не дадеш „капка од својата крв“, за да се помине искушение - зошто си вреден како човек воопшто?
Туѓата крв и туѓото искуство може да е патоказ, но не и искупување и бегање од искушенијата кои следуваат...

Прва идеја за крвна жрвта за да се „спаси човекот“ од смртта е кај евреите, од кои што произлегуваат исламот и христијанството. Тие први го даваат ритуалот на курбан и неговата крв да се стави на прагот на едно живеалиште!

Потоа наместо животно, кај христијаните го имаме Исус кој што е нели, јагне... и е убиен и неговата крв треба да спасува! Симболично тоа е алкохолот, вино црвено.

Нема потреба од спасување бидејќи немате наследен грев - тоа се еврејски тајни учења...
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Ова прашање ја содржи сржта на старите религии: дека човекот е грешен, дека му треба спасител, дека туѓа крв мора да се пролее за да биде спасен духовно!
Covekot e greshen... shtoe toj grev? Sebicnosta koja e neminovna bidejkji e instalirana od prirodata i doagja od nagonot za prezivuvanje... bidejkji nie sme zivotni koi se svesni za svojata smrtnost.

Spasen e so tugjata krv - Isus se zrtvuva i so toa go pokazuva patot, celta... zrtvata ne spasuva. So toj cin on inspirira, predizvikuva elevacija... metaforicki so Isus no vo realnosta bilo koj covek koga svedoci zrtva od drug vo nego se budi tokmu taa elevacija.
A za da si sposoben za zrtva treba neshto drugo da ti stane pobitno od sebe, samo togash se nadminuva nagonot za prezivuvanje.

Lj.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Ова прашање ја содржи сржта на старите религии: дека човекот е грешен, дека му треба спасител, дека туѓа крв мора да се пролее за да биде спасен духовно!
А ако не дадеш „капка од својата крв“, за да се помине искушение - зошто си вреден како човек воопшто?
Туѓата крв и туѓото искуство може да е патоказ, но не и искупување и бегање од искушенијата кои следуваат...

Прва идеја за крвна жрвта за да се „спаси човекот“ од смртта е кај евреите, од кои што произлегуваат исламот и христијанството. Тие први го даваат ритуалот на курбан и неговата крв да се стави на прагот на едно живеалиште!

Потоа наместо животно, кај христијаните го имаме Исус кој што е нели, јагне... и е убиен и неговата крв треба да спасува! Симболично тоа е алкохолот, вино црвено.

Нема потреба од спасување бидејќи немате наследен грев - тоа се еврејски тајни учења...
христијаните се лоши, нема збор, али има толку многу други теми во езотеријата преку кои можеш да си го билдаш егото
досадно патетичен стануваш, со овие его трипови и константно папагалско серење по све што е христијанско

мило ми е што се пријави за модератор, се надевам дека ќе ти прифатат
стварно се надевам
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158
Не е грешен. И читај ги светите книги на старите религии, не ми треба твоето што ти сметаш дека е „наследен грев“ бидејќи убаво пишува во самите книги, а и ако прочиташ коментари, ќе знаеш дека „себичноста“ е најмалиот проблем во однос на тоа што го накалемија како грев „големите страшни религии од старото време“ - со кои „војуваме“ денес :)

Идејата дека е грешен се турка за да се има причина да постои Христос (сигурно знаеш што значи тоа), што всушност е месија или мешија на хебрејски, тој што го чекаат да ги обедини! И многу поразлично од идејата за „жртвено јагне“ и туѓа крв за туѓи грешки...

Истокот има убави ствари за тоа, преку карма јога, и не е поврзано со никакво Христос, туѓа крв итн итн... туку те поставува како единка помеѓу мноштвото со кое, мора да имаш интеракција за да имаш искушенија за да поминеш, кон подобро.

П.С. Пишувај кирилица. На подолги статуси е подобро за читање.
Автоматски споено мислење:

Христијанството е лошо во однос на човештвото, со постојано убедување како другите се сатанизам и зло... од исток до запад! Заедно со исламот, како две дијаметрални религии кои меѓусебно не се признаваат и се испреплетуваат во омразата едни кон други, а со тоа меурот го прават поголем од она што треба да биде, ако треба да биде воопшто меур од омраза.

Христијанинот, обичниот верник кој што бара надеж во сешто, воопшто не мора да значи дека е лош... можеби е на тој степен да има потреба од отец, да се исповеда, да е убеден дека е грешен...
Читај ме внимателно... не ми додавај идеи кои ти ги имаш за другите, преку една религија!
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
За некој прашања не треба читање книги, од нив само ќе се добие погрешно разбирање и погрешни заклучоци.С'е е внатре во човекот и неговото постоење.

Терминот грев опишан во христијанството е многу едноставно за објаснување, потребно е да го разберете своето постоење и од каде сте дошле.

Како зачнува жена?
Со пролевање крв и вода.Законот вели "не пролевај невина крв".
Зачнувањето во старт е со грев, затоа се вели дека секој човек е грешен.

Како споредба земете го зачнувањето на Исус, зачнува девица без да се пролее невина крв.Од тука се вели дека Исус е безгрешен.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158
Како споредба земете го зачнувањето на Исус, зачнува девица без да се пролее невина крв.Од тука се вели дека Исус е безгрешен.
За сите прашања поврзани со религиите треба читање книги бидејќи симболите секој ги витка и толкува до каде му е чергата... а во книгите ќе најдете
премногу долги стази на кои не сте ни стапнале и се наоѓаат добри патокази за да човек не залута и со сета сила се урне во адот :D

Ми се допаѓа како се зборува за Исус како да е навистина така зачнат, а не дека е тоа некоја симболика... интересно.

Ајде ќе ја играме играта, дека е реално тоа, буквално, па да прашам: го раѓа мајка му без крв да се пролее или...? Има такво нешто во книгите запишано?
Ако е со крв... невина е? Ако не е запишано, ќе оставиме да лебди тоа во воздух?

И не е заради тоа безгрешен Христос, туку заради друго - има и во Матеј и во другите писанија за Исус од другите 3ца евангелисти кои „сведочат“ за настаните.

Зошто е распнат Христос според христијанската света книга? Зошто е прободен со копје Христос?
Зошто е потребен тој симболичен акт на жртва, туѓа крв, за туѓите искушенија да се поминат?
Си го разгледувал ли молитвите и анализирал ритуалите што се создаваат низ вековите што зборуваат за Исус како симбол?
За сето тоа да има основа - мора да те убедат дека има и грев, наследен! Замисли да те убедат дека ти треба спасител за она кој си ти и што си ти...
да те спаси од тебе самиот и твојата природа.

Тоа го немало, го нема и нема ниту да го има кај човекот, инаку искушенијата ќе бидат лага и непотребност! Сите источни учења ќе треба со сета нивна
практичност да ги фрлиме во вода ... бидејќи некој верува дека е грешен и проповеда наоколу дека и другите се грешни...
Не знам дали се разбираме...

Ниту еден бог не може да ве спаси од вас самите! Можете сешто да измислите и да направите... ти си тоа... и нема друг да застане на твоето место.
Гревот посебно наследниот е потребна алка во старите религии. И е само огромно ограничување... :(

Дали симболот Исус е преставен како жртвено јагне (еврејска традиција), за некакво „искупување на гревовите на човештвото“?
Да го нема тој симбол „наседел грев“ нема потреба од „жртвено јагне“... нема потреба од крв.
И да, жртвувањето е еврејска традиција, сето тоа дадено во библијата е еврејска традиција (да не заборавате од каде ви се корените).

П.С. Го мразам романтизмот што се гради околу религиите... нема романтизам! Заборавете на тоа... читајте поезија ако ви е до романтизам.
Религиозниот романтизам изнаоѓа оправдување за секое бладање и создава фанатици!
Од фанатици, не ја бидува работата, така да ви кажам...
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
За сите прашања поврзани со религиите треба читање книги бидејќи симболите секој ги витка и толкува до каде му е чергата... а во книгите ќе најдете
премногу долги стази на кои не сте ни стапнале и се наоѓаат добри патокази за да човек не залута и со сета сила се урне во адот :D

Ми се допаѓа како се зборува за Исус како да е навистина така зачнат, а не дека е тоа некоја симболика... интересно.

Ајде ќе ја играме играта, дека е реално тоа, буквално, па да прашам: го раѓа мајка му без крв да се пролее или...? Има такво нешто во книгите запишано?
Ако е со крв... невина е? Ако не е запишано, ќе оставиме да лебди тоа во воздух?

И не е заради тоа безгрешен Христос, туку заради друго - има и во Матеј и во другите писанија за него од другите 3ца евангелисти кои „сведочат“ за настаните.

Зошто е распнат според христијанската света книга? Зошто е прободен со копје?
Зошто е потребен тој симболичен акт на жртва, туѓа крв, за туѓите искушенија да се поминат?
Си го разгледувал ли молитвите што се создаваат низ вековите што зборуваат за Исус како симбол?
За сето тоа да има основа - мора да те убедат дека има и грев, наследен! Замисли да те убедат дека ти треба спасител за она кој си ти и што си ти...
да те спаси од тебе самиот и твојата природа.

Тоа го немало, го нема и нема ниту да го има кај човекот, инаку искушенијата ќе бидат лага и непотребност! Сите источни учења ќе треба со сета нивна
практичност да ги фрлиме во вода ... бидејќи некој верува дека е грешен и проповеда наоколу дека и другите се грешни...
Не знам дали се разбираме...

Дали симболот Исус е преставен како жртвено јагне (еврејска традиција), за некакво „искупување на гревовите на човештвото“?
Да го нема тој симбол „наседел грев“ нема потреба од „жртвено јагне“... нема потреба од крв.
И да, жртвувањето е еврејска традиција, сето тоа дадено во библијата е еврејска традиција (да не заборавате од каде ви се корените).
Постојано кажувам дека приказната за Исус е метафора, едно се пишува друго се мисли.
Затоа не напишав дека се пролева само крв , туку крв и вода, кој свати - свати!

Со тебе не играм...не ме цитирај.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158
Со тебе не играм...не ме цитирај.
Знам дека за тебе е метафора, затоа и си ги толкуваш стиховите како мислиш дека треба, не се заморуваш со старци, отци и се останато од стариот еон...
Но ок е да се понекогаш тоа пак потенцира во текстот... некој ќе почне токму од тука да чита, да знае на што е :)

Зошто да не играш? Па како ќе дискутираме? Ќе бираш со кој ќе зборуваш на форумов или кој ќе ти поставува прашања?
Не оди тоа така... може да ме игнорираш, но да не те прашам што навистина мислеш и од каде тие ставови... не бидува.
Тука читаат и млади луѓе... што само што започнуваат со своите патешествија во врска со религиите...

Лајкови да си ставаме и да си пишуваме секој своето... како си намислил?
Направи си блог, како мене - и пишувај, на форум мора дискусија...

Ти рече за зачнувањето дека е крв и вода
, не раѓањето... јас те прашав за раѓањето и ти реков дека Христос не е безгрешен заради тоа... и тоа не го измислувам јас, туку е запишано во КНИГАТА наречена Библија. Можеби таа треба да ја читаш, целата и еврејскиот дел, за да знаеш зошо во новиот дел се вели дека Христос исполнува некаков закон...

И ти со споредбата ни покажуваш како сите други се грешни заради зачнувањето и затоа е потребен спасител представен во христијанските учења! :)

А јас, стојам спротивно на твојот став: не си грешен! Ниту ќе бидеш, ниту ќе имаш потреба било кој бог да те спасува од тоа кој си и што си...
Нема да функционира кармата тогаш, ќе треба да ја изгасиме од штек :)

Ќе ми докажеш спротивното? :cautious:
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Постојано кажувам дека приказната за Исус е метафора, едно се пишува друго се мисли.
Затоа не напишав дека се пролева само крв , туку крв и вода, кој свати - свати!

Со тебе не играм...не ме цитирај.
Fali moderator, hepta kao sakashe sega ne.
Si za? Kazi mi tuka da ne se glupiram da te predlagam... utnav so dvajca.
Ne znam zoshto se zainativ, no ... ete.

Lj.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom