Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Земав половен но екстра сочуван Cannondale CAAD12 алиминиум со карбон вила и карбон елементи. Мавик бандажи со целосна Ultegra 6800 групсет. Диск варијантата !

Чудово е ултра лесно, пердув. Гуми Continental GranPrix 5000 напред назад.

Бомбона.
Од Струмица?! :D
Топ машина!
Создравје да си го возиш и многу километри да поминеш.
Cannondale Caad и SupersixEvo сериите едни од најлесните алу велосипедски рамки моментално на пазаров - рамо до рамо се со карбоните. Едвај 1кг+- им тежи само рамката.
 
Дечки едно прашање, каде можам да најдам гуми за пони велосипед, ми треба или крем или бела боја. Во план сум да го реставрирам точачето :)
 
Здраво дечки едно прашање имам тектро хидроулични кочини на мојот велосипед (МТБ) сакам да ги сменам гледав понуди сакам да земам шимано дали може да се монтираат шимано кочници на тектро ротори и тектро адаптер за шепа. Предниот ротор ми е 180мм задниот 160мм. Благодарам поздрав.:)
 
Од Струмица?! :D
Топ машина!
Создравје да си го возиш и многу километри да поминеш.
Cannondale Caad и SupersixEvo сериите едни од најлесните алу велосипедски рамки моментално на пазаров - рамо до рамо се со карбоните. Едвај 1кг+- им тежи само рамката.
Да од Струмица. Го знаеш дечкото? Си направив фин муабет со него, ми изгледа доста сериозно. Кажа го сервисирал ланска сезона и го возел се на се 7 пати за овие две години. Немал време за возење и затоа го продавал. Изгледа како газда човек. Не сакаше да пушти на цена многу, изгледа си го цени бајкот. Се најдовме сепак на "заеднички јазик".
 
Не, не го знам, само во исто време кога ти пиша дека си купил он стави по групите на ФБ дека го продал. Го пратев инаку низ огласите и претпоставив дека баш за тој бајк се работи.
Да знаеш дека не си згрешил. Отприлика таа е реалната цена за тој модел и правиот потег е купување на половен велосипед со одлична опрема наспроти нов со просечна опрема во тој ценовен ранг.
 
Здраво на сите, ве молам некој да ми препорача добар сервисер низ Скопје-во за Амортизер. Ми се зафркна амортизерот на МТБ, па ми треба некој кој што навистина знае и се разбира во оваа работа. Ваши предлози, мислења и сл. Фала ви !!
 
Раде Ристевски Velo RIZ во Автокоманда барај го
 
Здраво дечки едно прашање имам тектро хидроулични кочини на мојот велосипед (МТБ) сакам да ги сменам гледав понуди сакам да земам шимано дали може да се монтираат шимано кочници на тектро ротори и тектро адаптер за шепа. Предниот ротор ми е 180мм задниот 160мм. Благодарам поздрав.:)
Адаптерите ако се со IS стандард ќе мојт, исто немет гајле и роторите, само на нив треба да се запази за каков тип на пакни се (постојат различни во зависност од производителот).

Имаше во Номад од Нортвејв без ракави бејслејер
 
Да ве прашам нешто. Сеа откога отворив нова сезона со точакот приметив дека механичката диск кочница доле како да потфаќа дури возам и се слуша како нежно гребење. Дали ова некако може сам да го решам или на точкар да го однесам?
 
Ако се потрудиш да ја исцентрираш позицијата на диск-плочките, ќе го решиш проблемот, но перформансите на кочењето ќе ти се намалат. Веројатно дискот е малку искривен (или помалку веројатно бандажот). Слободно заврти ја гумата (во воздух), па доколку забележиш дека брзо успорува, мораш да го решаваш проблемот, а доколку се врти долго време, нема потреба да чепкаш.
 
Никој нема искоментирано за ова. Цените на скоро сите нови точаци во оваа 2021 година се ненормално високи, посебно тие марките. Shimano Tourney групата ви ја продаваат за 600 евра, алооо. Вие продолжете да трчате по марки, па догодина и за 1000 евра ќе ви ја продаваат.

Кај думските велосипеди, тие со Кларис група до лани не се продаваа повисоко од 45 000, а сега најефтиното е 52 000... Добро размислете се пред да инвестирате во нов велосипед...
 
Па цените се минимум +150 еур споредено со пред година и пол. Наводно не може да се постигне со продукција. Но, времињата се менуваат, сега е моментот да искористат, но ќе си легнат на брашното.
 
Нема врска класичен муабет, видоа се се покачува, па удрија и на ова. На страна и што народот со коронава почна повеќе да вози велосипед.

П. С. Да е до продукција нема во Србија да бидат поефтини велосипедите, да не се лажеме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom