Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Да не отишол он, ќе се вакцинирал некој со врски. Зарем навистина верувате дека ќе ја примил некој кој е на приоритетна листа?
Ако веќе имаат распаднат систем за термини нека користат сите на кои ќе им се укаже прилика.
Шампиони сме во осудување и продавање памет.
Сака само малку да го ребри заради тоа што претходно продаваше мадиња за бубрези.

Најубаво од се' е што овие за на одмор во грчка се вакцинираат и фаќаат врски пошто од нив и има опасност да шират наоколу. Пре би да се вакцинираат тие одошто некоја баба чија единс занимација е утринската на Шител или евентуално екскурзија до блиската бакалница/пиљара.
 
Да не отишол он, ќе се вакцинирал некој со врски. Зарем навистина верувате дека ќе ја примил некој кој е на приоритетна листа?
Ако веќе имаат распаднат систем за термини нека користат сите на кои ќе им се укаже прилика.
Шампиони сме во осудување и продавање памет.
лол, па се утепаа од осудувања во темава колку народот бил глуп, кој носел маски, кој миел раце и нејкел да се вакцинира.
Не иде сеа на самиот крај да смениме наратив и да бараме одговорност кај институциите :icon_lol:
 
Да не отишол он, ќе се вакцинирал некој со врски. Зарем навистина верувате дека ќе ја примил некој кој е на приоритетна листа?
Ако веќе имаат распаднат систем за термини нека користат сите на кои ќе им се укаже прилика.
Шампиони сме во осудување и продавање памет.
Ронче беше нападнат затоа што почна да продава морал. Другите членови, како Гарфилд или Марсело, никој не ги нападна, ниту ќе ги напаѓа. И тие си ја искористиле приликата и паметно постапиле. Разликата е во репликите на Ронче.

Можеме да поставиме фикција, кој би се вакцинирал наместо него, но тоа е небитно. Факт е дека се обиде на продава морал, настрада и потоа имаше чистка на скоро цела дискусија, помалку или повеќе, со право. :)
 
Видов дека и он се вакцинирал на ДК.

Дај не ме фаќај за точка, запирка или име. Во твојата преписка кон Топлата, која сега е јавна, немаш ништо. Тука го загуби легитимитетот.
 
Видов дека и он се вакцинирал на ДК.

Дај не ме фаќај за точка, запирка или име. Во твојата преписка кон Топлата, која сега е јавна, немаш ништо. Тука го загуби легитимитетот.
Кој е Гарфилд бе ало, какви точки запирки, каква топла, каква јавна преписка, каков легимитет?????
НЕ ЗНАМ ЗА КОЈ ЗБОРИШ
Отиде и ти...
 
Кој е Гарфилд бе ало, какви точки запирки, каква топла, каква јавна препискам, каков легимитет?????
НЕ ЗНАМ ЗА КОЈ ЗБОРИШ
Отиде и ти...
Гарфилд, модератор е некаде. :)
 
Инаку Ронче дали и при 70-100% вакцинирано население вирусот сеуште ќе постои? Да. Дали и при 70% вакцинирано население вирусот ќе може да мутира? Да. Дали вакцинираните ќе можат да го пренесуваат вирусот? Да.
Всушност поентата на herd immunuty е да се намали бројот на подложни домаќини кои може да бидат инфицирани во случај некое лице да се зарази. Тоа се постигнува преку прележаните нели и вакцините. Е сега, не е уште јасно дали вакцините целосно ја блокираат трансмисијата на вирусот (што е една од клучните поенти на herd immunity), па оттука да речам дека вашата фрустрација до некаде е оправдана. Дури и да не е 100% блокирана трансмисијата, туку да речеме 60% пак е поефиктивна од невакцинација. Иако, првичните податоци одат во прилог на тоа и укажуваат дека асимптоматските вакцинирани луѓе не го пренесуваат вирусот, сепак премногу е рано за да го знаеме исходот од вакцинацијата. Но уште една клучна поента кога се во прашање вакцините е ефикасноста, а за тоа постојат сериозни аргументи кои ни укажуваат на тоа дека вакцините штитат од тешка клиничка слика и смрт.

Инаку мутации и не треба толку многу да не загрижуваат со оглед на тоа што вирусите постојано мутираат! Прашање е само дали е drift или shift во прашање. Во најголем број од случаите промените кои настануваат се минимални и не предизвикуваат промени во протеинската конфигурација. Овие мали промени се drift промени и не ја афектираат способноста на имунолошкиот систем да го препознае и да реагира на антигенот. Така што поентата на вакцините би очекувале да биде задоволена.

А од друга страна ги имаш т.н. shift промени кои се позагрижувачки за нас, предизвикуваат поголеми промени во структурата на вирусот па може потешко да се детектираат со постојните тестови, да даде поразлична клиничка слика, поинаку да реагира на третман, па оттука и на вакцинте.
 
Всушност поентата на herd immunuty е да се намали бројот на подложни домаќини кои може да бидат инфицирани во случај некое лице да се зарази. Тоа се постигнува преку прележаните нели и вакцините. Е сега, не е уште јасно дали вакцините целосно ја блокираат трансмисијата на вирусот (што е една од клучните поенти на herd immunity), па оттука да речам дека вашата фрустрација до некаде е оправдана. Дури и да не е 100% блокирана трансмисијата, туку да речеме 60% пак е поефиктивна од невакцинација. Иако, првичните податоци одат во прилог на тоа и укажуваат на тоа дека асимптоматските вакцинирани луѓе не го пренесуваат вирусот, сепак премногу е рано за да го знаеме исходот од вакцинацијата. Но уште една клучна поента кога се во прашање вакцините е ефикасноста, а за тоа постојат сериозни аргументи кои ни укажуваат на тоа дека вакцините штитат од тешка клиничка слика и смрт.

Инаку мутации и не треба толку многу да не загрижуваат со оглед на тоа што вирусите постојано мутираат! Прашање е само дали е drift или shift во прашање. Во најголем број од случаите промените кои настануваат се минимални и не предизвикуваат промени во протеинската конфигурација. Овие мали промени се drift промени и не ја афектираат способноста на имунолошкиот систем да го препознае и да реагира на антигенот. Така што поентата на вакцините би очекувале да биде задоволена.

А од друга страна ги имаш т.н. shift промени кои се позагрижувачки за нас, предизвикуваат поголеми промени во структурата на вирусот па може потешко да се детектираат со постојните тестови, да даде поразлична клиничка слика, поинаку да реагира на третман, па оттука и на вакцинте.
Сѐ е супер, но повторно вирусот ќе постои т.е. нема да се искорени (како и сите тие останати кои често ги набројуваш, сеуште си постојат). Вакцината треба да спречи тешна клиничка слика и смрт. Статистиката е повеќе од јасна, и кај нас и во светски размени, и можат да се прават и компарации. Може да се увиди кои лица или категории му подлегнуваат на вирусот. Тука требаше да се превенира.

Невакцинираните лица сеуште ќе може да го шират вирусот, вирусот се ширеше и меѓу животни (куни и лилјаци), па дури и истите ги зафати и одредена мутација, па Данска пристапи кон требење на истите. Тоа им беше грешка.

Има многу нејаснотии околу вакцините, не само да трансмисијата, туку и за антителата. Ако се сведеме секоја зима повторно да го влечеме народот да се вакцинира, крајот нема да се види. :)
 
?

Што е проблемот не сфаќам? Проблем е што имам 29 години и што сум се вакцинирал? Од Тетово сум и тој ден кога се вакцинирав огромен број на млади околу 30 години имавме термим што на сите ни беше чудно. Другари, колеги, познаници, еден куп млади околу 26-33 год бевме викнати. Можеби дозите ги распределуваат по општини, а у Тетово нема голем интерес од голем број на населението?

Да знам дека мојата доза ќе ја прими некој што е постар, што му треба повеќе од мене и што е у поризична група и да можеше така да се отстапи, не ми е проблем да почекам, напротив одма ќе отстапев. Дедо ми, мајка ми и татко ми уште пред мене се вакцинираа а за нив ми беше највеќе, јас можев да почекам. Ама познавајќи ја државава, нема да заврши кај таков човек. :)

@MARCELLO , од Тетово да не си? Гледам и тебе те прозиваат.
 
Сѐ е супер, но повторно вирусот ќе постои т.е. нема да се искорени (како и сите тие останати кои често ги набројуваш, сеуште си постојат). Вакцината треба да спречи тешна клиничка слика и смрт. Статистиката е повеќе од јасна, и кај нас и во светски размени, и можат да се прават и компарации. Може да се увиди кои лица или категории му подлегнуваат на вирусот. Тука требаше да се превенира.

Невакцинираните лица сеуште ќе може да го шират вирусот, вирусот се ширеше и меѓу животни (куни и лилјаци), па дури и истите ги зафати и одредена мутација, па Данска пристапи кон требење на истите. Тоа им беше грешка.

Има многу нејаснотии околу вакцините, не само да трансмисијата, туку и за антителата. Ако се сведеме секоја зима повторно да го влечеме народот да се вакцинира, крајот нема да се види. :)
Не се држи толку до антителата од вакцините, клеточниот имунитет ти е побитен! :P

Не е никаква сугестија, само ме интересира како го објаснуваш моменталното намалување на бројот на инфицирани во момент кога имаме пораст на бројот на вакцинирани?

Инаку озбилно ви ја разбирам фрустрацијата за некои аспекти на ковид вакцинацијата и се што е поврзано со неа, само не разбирам зошто ги негирате оние убавите и позитивни аспекти на истата.
 
?

Што е проблемот не сфаќам? Проблем е што имам 29 години и што сум се вакцинирал? Од Тетово сум и тој ден кога се вакцинирав огромен број на млади околу 30 години имавме термим што на сите ни беше чудно. Другари, колеги, познаници, еден куп млади околу 26-33 год бевме викнати. Можеби дозите ги распределуваат по општини, а у Тетово нема голем интерес од голем број на населението?

Да знам дека мојата доза ќе ја прими некој што е постар, што му треба повеќе од мене и што е у поризична група не ми е проблем да почекам, напротив одма ќе отстапев. Дедо ми, мајка ми и татко ми уште пред мене се вакцинираа а за нив ми беше највеќе, јас можев да почекам. Ама познавајќи ја државава, нема да заврши кај таков човек. :)

@MARCELLO , од Тетово да не си? Гледам и тебе те прозиваат.
Абе ич да не те боли стојко дека те прозиваат, шо работа друга имаат освен да кењаат тука :)
Истите тие кои брчат тука очи ќе истераат да добијат термин за да го прчат газот на море во Грција.
 
Не е никаква сугестија, само ме интересира како го објаснуваш моменталното намалување на бројот на инфицирани во момент кога имаме пораст на бројот на вакцинирани?
blue-wave-icegif-1.gif
Автоматски споено мислење:

Инаку озбилно ви ја разбирам фрустрацијата за некои аспекти на ковид вакцинацијата и се што е поврзано со неа, само не разбирам зошто ги негирате оние убавите и позитивни аспекти на истата.
Ништо не негирам, ниту имам фрустрации. :)
 
Абе ич да не те боли стојко дека те прозиваат, шо работа друга имаат освен да кењаат тука :)
Истите тие кои брчат тука очи ќе истераат да добијат термин за да го прчат газот на море во Грција.
Не бе океј е, не е проблем што ме прозиваат само ја објаснувам ситуацијава кај нас у Тетово. Сите помладиве бевме зачудени што толку брзо ни дојде ред некако.
 
?

Што е проблемот не сфаќам?
Нема проблем. Никој никого не напаѓа зошто се вакцинирал, го нападнаа Ронче кога започна да продава морал. Инаку правилно си постапил што си отишол на дадениот термин, тоа веќе го напишав. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom