Несогласување во брак

  • Креатор на темата Креатор на темата Moody
  • Време на започнување Време на започнување
^ Шах Мат

Не ми е сватливо како тоа може човек погрешно да процени карактер ако живее и е во близина со некого подолг период.
Дали тоа во брак влегувате после 890 излагања на кафе седенки и 3 годишни одмори од по недела дена каде секој со секого си глумите лудило за тие 7 дена?
Човек за цел живот не можеш да го запознаеш, него ли за некоја година излегување. Баш во тие иницијални излегувања пред брак сѐ изгледа како мед и млеко, глума 100000000 левел.

Се зачленив тука за да си ја кажам маката да си олеснам на душава. И некој совет.
Мажена сум 4 години имам две деца едното 4 другото година ипол, моментално сум невработена. Со мажот ми се знаеме долго време се дружевме бевме блиски на него сум ги кажувала сите проблеми кој сум ги имала во животов, пораснав со мајка ми која психички и физички ме малттетираше имав о очув кој беше добар се додека не се напиеше и тогаш не бркаше од дома тоа често се случувааше и да се тепаат расправаат пред мене. Трауми си имам уште од дете. На сопругот тогаш добар другар му раскажував се што ми се случваше зошто му верував..
Знаев дека му се допаѓам па некако не знам ни јас самата почнавме да се гледаме ми обрнуваше внимание што ми годеше се чустував убаво. Се земавме, живееме со неговите на посебен спрат од нив, тој во текот на нашата дружба и врска не ми кажуваше ништо за него и неговата фамилија. Јас ги познавав и мислев дека се многу добри но не било така. Татко му е алкохоличар, а мајка му опсесивна лудача која постојано провоцира и сака да прави кавги и сплетки двајцата се врвни манипулатори и маж ми бил таков...многу добри глумци. Првата година од бракот беше добра се додека не се роди првото дете се промени за 360 степени. Под влијание на мајка му почна да станува вербално агресивен никако неможеш со него да зборуваш, а тој да не е во право такви се и неговите.. што и да се случеше постојано мене ме обвинува секогаш топката ја врти на негова страна, почнува да обвинува без причина да се дере се само тој да биде во право. Лупа крши низ дома се дере по децата ми се дере мене зошто некое од децата плачат кога беа бебиња им се дереше да не плачат, јас сум била крива дека плачеле се што ќе направат или ќе се случи лошо јас сум крива и почнива да се дере да урла крши. Децата се вознемируваат плачат, а тој уште повеќе урла се дере зошто плача. Трпам и навреди, тоа неговите го слушаат ама нив им е гајле зошто и тие такви се научени на тоа нив дури им е мило. Мајка му е опседната со поголемово дете како мајка да му е. Таа чека мажот и да се напие и да почне да провоцира и да направи караница. Сакам да се разведам но моментално заради ситуацијава со вирусов не работам, а и немам каде да одам мајка ми нема да ме прифати. Кога и се пожалив еднаш ми рече сама си го бирала трпи. Да бегајќи од нејзиното малтретирање отидов во друго. Работев по 12 часа за да се издржуваме и што помалце дома да бидам и пак не и чинев навреди, пцуење колнење како помала и секојдневно тепање ми беа секојдневие, деновите кога немаше да ме удри и навреди беа празник за мене. И во школо имав психичко малтретирање бидејќи бев повлечена се исмеваа и навредуваа со мене имав само една другарка која беше нешто слична ситуација како мене па си се подржувавме и ден денес се дружиме. Избегав од еден пекол во друг, не знам што да правам не се издржува веќе ова секој ден напнат да пазиш како да се однесуваш за да не се истури сиот бес врз тебе. Потценувања, заплашувања и викање скоро секој ден. Не се издржува повеќе мислам на најлошото ме држат само децава да не направам нешто.
Ако немаш некоја поддршка од фамилија брат/сестра тогаш ќе трпиш уште. Ако крева рака на тебе или на децата, пријави го во полиција. Имав таков случај во широка фамилија, фино лепо 2-3 пати го зедоја на поседок во станица, убаво го излупаа па му дојде малце памет. Јас би ти рекол да ја напуштиш таа токсична средина, но пошто немаш можности ти останува само онаа "наведната глава сабја не ја сечи" бар дури не се средат работите. Или пак наговори го сопругот да се преселите во друго живеалиште.
 
Ма никако останување со таков човек во заедница ни под разно. Заради децата треба да си замини, а не да трпи психофизичка тортура.
 
Човек можеш да го процениш најлесно кога ќе го набљудуваш како се понаша со други луѓе. Ако манипулира, лаже, краде и т.н. други луѓе и тебе исто ќе ти прави, освен ако не ти е ептен крвно сродство. Ова е у принцип вака, иако ако се набљудуваат различни типови на луѓе тие различно ќе се понашаат...цела наука е ова.
 
За жал живееме во една трула држава каде не постојат никакви закони, најмалце за вакви жртви.
Кај нас не функционираат никакви институции за вакви случаи, полицијата крева раце, и да пријавиш ќе дојдат, ќе го приведат и по 24 часа како ништо да не било, знам од искуство оти сум била сведок тука во комшии на семејно насилство.

Конкретно за случајот, не можам да судам без да сум информирана од прва рака ама јас сметам дека ако со некој си долго време во врска можиш да го препознаеш човек каква стока е, тоа шо викате дека се манипулатори и вешто ја кријат вистинската особина, да постојат такви луѓе ама можиш да ги разоткриеш, проблемот е што повеќето не сакаат, зацапани се до гуша и често замижуваат на некои работи со цел да не го изгубат дотичниот, оти мислат дека тој и никој друг, во очите нивни дотогаш тој е Бог.
Имав другарка исто вака пред да стапат во брак беа долго време другари, и со тек на време им почнаа проблемите во бракот. Кога ќе праев муабет со неа зошто стапи во брак со таков човек ми викаше дека не бил таков порано, ма немој и викам, само јас сум била сведок на многу непријатни ситуации дури беа во врска ама кога ќе му спомневме ние другарките не сакаше да слуша, период му било, имало и полошо.

Конкретно за случајот не знам што да кажам а да помогнам, ако имаш некоја блиска особа, роднина или другарка да ти помогни со престој како за почеток дури да се средиш, да пробаш да најдиш некоја работа за да можите да се издржувате ти и детето, ваљда постојат некои институции за вакви случаи.

Никако останување во брак со насилен човек, тоа не е добро ни за вашето дете да расти во таква средина.
 
Многу брзо носите заклучоци. "Кај ти биле очите" или "сама си го бирала"! Без брзи заклучоци. Може знаела, можеби не. Не е нејзина вина. Бракот е релативно трајна заедница, повеќе од 50% од браковите завршуваат со развод во делови од Европа.

Она треба да се тргне од таа средина, и за неа, и поради децата. Нека одвои време за размислување (за воспоставување емоционална самостојност), што ќе прави во животот и големите одлуки да ги донесе сама.

Прво ти треба кров над глава, пробај да разговараш со мајка ти. Стабилизирај се неколку месеци и барај работа со цел да имаш одредена финансиска самостојност.

Сите поминувале низ тешок период во животот, ама твоето трае со години. Паметно и разумно е во ваква ситуација да бараш кров над глава.
 
Човекот треба да го имаш видено во сите ситуации...и тажен и весел, и пијан и трезен, и расположен и депресивен, и со пари и без пари, и здрав и болен, и осамен и со друштво, и без работа и вработен, ....па донекаде да знаеш со кого си имаш работа.
Сите ние во една врска ги гледаме само убавите работи (така и твојот случај) па после во брак се јавуваат оние скриени мани што не сме ги приметувале, а ни го пореметуваат животот.
Според ова што го кажуваш иако не знаеме доволно што се случува не треба да останеш во тој брак, така да барај си излез со време.
 
Воопшто не е лесно секогаш да се согледа вистинското лице на кого и да е... Колку и да искачале, не можела да го види во „природното опкружение“ со родителите. Многу често на сите нас ни се дешава да направиме погрешна проценка на познаник/колега само што не сме ги искусиле последиците од погрешната одлука како девојчево...
Ја чека тежок пат ама сигурна сум дека ќе успее.
 
A kade da si zamini?

Slicen problem imaa prijateli, se odselija podaleku od majka mu i sega se vo red, fokusirani na decata... no mu trebashe na zlatniot vreme da se oddeli od mama.

I covekot citam ne e nasilen...... no ne e losho i kurs za samoodbrana, za sekoj slucaj.... ako nishto drugo diga samodoverba.... da se izleze od zrtva mentalitetot i prezeme akcija.
 
Тоа е лошо тука, шо не добиваш помош од државата во вакви ситуации. И да оди да пријави негде сите ќе креваат рамења.
Да е во нормална држава ќе добие и покрив над глава и работа и паричен надоместок ама тука ...

Се надевам ќе си го пронајди вистинскиот пат, само цврста волја и упорност, никако откажување.
 
A kade da si zamini?

Slicen problem imaa prijateli, se odselija podaleku od majka mu i sega se vo red, fokusirani na decata... no mu trebashe na zlatniot vreme da se oddeli od mama.

I covekot citam ne e nasilen...... no ne e losho i kurs za samoodbrana, za sekoj slucaj.... ako nishto drugo diga samodoverba.... da se izleze od zrtva mentalitetot i prezeme akcija.
Наместо курс за самоодбрана нека земе курс за маникир/педикир, девојчињава зимаат сериозни пари со овој занает.
 
Sekoe znaenje e dobredojdeno na patot kon nezavisnosta.... a mozebi najbitnoto znaenje e da ne zavisish od nikoj.
 
За жал живееме во една трула држава каде не постојат никакви закони, најмалце за вакви жртви.
Кај нас не функционираат никакви институции за вакви случаи, полицијата крева раце, и да пријавиш ќе дојдат, ќе го приведат и по 24 часа како ништо да не било, знам од искуство оти сум била сведок тука во комшии на семејно насилство.
Што мислиш дека ќе му прават тие? Прво не ни има места во затворите за вакви, второ ако земат да апсат вакви ќе им требаат уште 20 затвори во мкд (немаат пари за моменталните не за дополнителни), трето не смеат физички да го пипнат, а ако го казнат финансиски пак таа ќе наебе во најмала рака со психолошка тортура.

Финансиската помош од државата за самохран родител е смешна и со истата ќе живее бетер од улично куче.

Се зачленив тука за да си ја кажам маката да си олеснам на душава. И некој совет.
Мажена сум 4 години имам две деца едното 4 другото година ипол, моментално сум невработена. Со мажот ми се знаеме долго време се дружевме бевме блиски на него сум ги кажувала сите проблеми кој сум ги имала во животов, пораснав со мајка ми која психички и физички ме малттетираше имав о очув кој беше добар се додека не се напиеше и тогаш не бркаше од дома тоа често се случувааше и да се тепаат расправаат пред мене. Трауми си имам уште од дете. На сопругот тогаш добар другар му раскажував се што ми се случваше зошто му верував..
Знаев дека му се допаѓам па некако не знам ни јас самата почнавме да се гледаме ми обрнуваше внимание што ми годеше се чустував убаво. Се земавме, живееме со неговите на посебен спрат од нив, тој во текот на нашата дружба и врска не ми кажуваше ништо за него и неговата фамилија. Јас ги познавав и мислев дека се многу добри но не било така. Татко му е алкохоличар, а мајка му опсесивна лудача која постојано провоцира и сака да прави кавги и сплетки двајцата се врвни манипулатори и маж ми бил таков...многу добри глумци. Првата година од бракот беше добра се додека не се роди првото дете се промени за 360 степени. Под влијание на мајка му почна да станува вербално агресивен никако неможеш со него да зборуваш, а тој да не е во право такви се и неговите.. што и да се случеше постојано мене ме обвинува секогаш топката ја врти на негова страна, почнува да обвинува без причина да се дере се само тој да биде во право. Лупа крши низ дома се дере по децата ми се дере мене зошто некое од децата плачат кога беа бебиња им се дереше да не плачат, јас сум била крива дека плачеле се што ќе направат или ќе се случи лошо јас сум крива и почнива да се дере да урла крши. Децата се вознемируваат плачат, а тој уште повеќе урла се дере зошто плача. Трпам и навреди, тоа неговите го слушаат ама нив им е гајле зошто и тие такви се научени на тоа нив дури им е мило. Мајка му е опседната со поголемово дете како мајка да му е. Таа чека мажот и да се напие и да почне да провоцира и да направи караница. Сакам да се разведам но моментално заради ситуацијава со вирусов не работам, а и немам каде да одам мајка ми нема да ме прифати. Кога и се пожалив еднаш ми рече сама си го бирала трпи. Да бегајќи од нејзиното малтретирање отидов во друго. Работев по 12 часа за да се издржуваме и што помалце дома да бидам и пак не и чинев навреди, пцуење колнење како помала и секојдневно тепање ми беа секојдневие, деновите кога немаше да ме удри и навреди беа празник за мене. И во школо имав психичко малтретирање бидејќи бев повлечена се исмеваа и навредуваа со мене имав само една другарка која беше нешто слична ситуација како мене па си се подржувавме и ден денес се дружиме. Избегав од еден пекол во друг, не знам што да правам не се издржува веќе ова секој ден напнат да пазиш како да се однесуваш за да не се истури сиот бес врз тебе. Потценувања, заплашувања и викање скоро секој ден. Не се издржува повеќе мислам на најлошото ме држат само децава да не направам нешто.
За жал најмногу ќе настрадаат децата во вашата турнеја, ако останат долго во такво опкружување огромна е шансата и тие да попримат од таквото однесување, ако се разведите ќе страдаат на друг начин - треба да ставиш на вага што е помало зло.

Пробај да најдеш работа и да станеш финансиски независна (децата во градинка додека си на работа, не ги оставајте да ги чуваат старите со цел да заштедите оти и нив ќе им ја направат главата попара). И не било каква работа, туку искористи да научиш некој занат од кој ќе заработуваш добро на долг рок (продавачка во бутик или нешто за 14 000ки не е решение)!

После тоа времето ќе ти даде одговор за следни чекори. Ако заработуваш добро ќе имаш leverage и кон него, а ако се социопати се екстремно добри да проценат со кого можат да се заебаваат. Ако си апсолутно финансиски независна ти гарантирам дека ќе го сменат односот кон тебе и неговите родители и сопругот. Ако се повозрасни неговите родители времето е на твоја страна. После нивна смрт ти гарантирам дека ќе име промени и во неговото однесување (дали на подобро или полошо ќе покаже времето).
 
Што мислиш дека ќе му прават тие? Прво не ни има места во затворите за вакви, второ ако земат да апсат вакви ќе им требаат уште 20 затвори во мкд (немаат пари за моменталните не за дополнителни), трето не смеат физички да го пипнат, а ако го казнат финансиски пак таа ќе наебе во најмала рака со психолошка тортура.

Финансиската помош од државата за самохран родител е смешна и со истата ќе живее бетер од улично куче.

За жал најмногу ќе настрадаат децата во вашата турнеја, ако останат долго во такво опкружување огромна е шансата и тие да попримат од таквото однесување, ако се разведите ќе страдаат на друг начин - треба да ставиш на вага што е помало зло.

Пробај да најдеш работа и да станеш финансиски независна (децата во градинка додека си на работа, не ги оставајте да ги чуваат старите со цел да заштедите оти и нив ќе им ја направат главата попара). И не било каква работа, туку искористи да научиш некој занат од кој ќе заработуваш добро на долг рок (продавачка во бутик или нешто за 14 000ки не е решение)!

После тоа времето ќе ти даде одговор за следни чекори. Ако заработуваш добро ќе имаш leverage и кон него, а ако се социопати се екстремно добри да проценат со кого можат да се заебаваат. Ако си апсолутно финансиски независна ти гарантирам дека ќе го сменат односот кон тебе и неговите родители и сопругот. Ако се повозрасни неговите родители времето е на твоја страна. После нивна смрт ти гарантирам дека ќе име промени и во неговото однесување (дали на подобро или полошо ќе покаже времето).
Па тоа и јас го зборам, не функционира ништо кај нас иначе друга приказна ќе беше.
За болдираното не си во право, демек да чека да умрат неговите и да куртули :) Ако трпела физичко насилство ни под разно не треба да продолжи да живее со тој човек, без разлика дали се живи или не неговите.
Ништо чудно и да станува збор за трета личност во случајот, обично кога ќе се замеша швалер или швалерка се менуваат вака 360 степени работите. Да не испадни на крај дека него некоја Славица му ги меша лончињата а не неговите.
 
kade procita deka trpi fizicko nasilstvo?
 
Грешка моја, во целиот текст имаше напишано дека крши низ дома па затоа се пренасочив.
Небитно, и да не ја малтретира физички какво е тоа однесување да крши низ дома а децата сето тоа го гледаат ? Тој е агресивен, ако нема подобрување подобро да спречи одколку да лечи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom