Фан клуб - РК Вардар

Значи немаме среден бек, немаме десен бек, изгубивме и еден лев, ама важно имаме 150 голмани и го продолживме Тале.
И ќе радуваме ако донесеме недокажани играчи од Египетската лига.
 
А што сакате вие од Франција и Бундес да доаѓаат.Треба да бидеме задоволни со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме и ова е топ.Прво ме радува што иде Вујо и што ќе нема манекени по терен.Второ досега има и добри засилувања а секако дека ќе им има уште.Трето здравје пак ќе пуштат публика а таа с екогаш адут плус за Вардар дома.
 
А што сакате вие од Франција и Бундес да доаѓаат.
Па Еурофарм објави потписи со играчи од Франција и Бундес вчера и денес. Ние под нив сме?

Се претерува малку во проценките со трансфериве дека се супер добри. Пример сите се попалени дека оној Кудуз ќе доаѓа. Он доаѓа од романска лига. Лани, Гоце Георгиевски дојде од романската лига, прогласен за најдобро десно крило таму. И реално најверојатно е најдобар на таа позиција во таа лига. Тука купишта луѓе го плукаа тој трансфер, дека слаб бил он за Вардар. Сега доаѓа далеку помалку проверен играч, и сите се радуваат, очекувајќи дека ќе кине мрежи.

Сега за сега, реално гледано, мене ми делува дека ние најверојатно сме на пат да бидеме послаби следната од оваа година. Дај боже да грешам, ама со носење непроверени играчи не се цели кон 1/4 од ЛШ. Екипи како Сегед, Киелце, Порто не успеа да се квалификуваат оваа година во 1/4 финале, а оние се полни со квалитетни ракометари. Ние треба да се надеваме дека ќе имаме солидни шанси со некои анонимус голман од Кувајт, играчи што не излегле од Египет, и бекови од романската лига? Дај да бидеме сериозни. Ако се има амбиции за 1/4 финале во ЛШ и 1/2 во СЕХА, треба проверни играчи.

Ако толку се можностите Океј, јас го прифаќам тоа. Ама нека не се повторува тоа 1/4 во ЛШ, 1/2 СЕХА. Ние со ваков состав ќе го пиеме дебело од Мешков, а не па од други. А реално и Битолчаниве почнаа серизоно да се заслиуваат. За две години, ништо чудно да земат титула дома.

Пак ќе кажам, ако ситуацијата е таа, таа е. Океј. Ама чудни ми се тие најави, следната сезона ќе бидеме 40% појаки и вакви некои најави. Реално нас ќе ни биде супер тешко да поминеме група, не па за друго да збориме.
 
Ги читам денешниве коментари и мислам дека е претерување и тврдењето дека засилувањата се катастрофа, но и дека претеруваат оние што мислат дека догодина ќе сме значително појаки. Моето мислење би било негде на средина.
Не се сложувам дека тоа што Кубанецот на Еурофарм доаѓа од француската лига го прави поголемо засилување од Кудуз. Да, игра во Романија, но лани беше МВП на лигата, а Динамо Букурешт чиј главен играч е - стигна до осминафинале и дуелот со ПСЖ беше откажан заради пандемијата. Јас признавам дека со скепса го прифатив трансферот на Гоце, ама тој се покажа како еден од најкорисните играчи сезонава.
Не знам, мислам дека трансферите до сега се солидни. Голманиве добро ги стокмивме, поготово ако Борко се пензионира. И секако, да не го потпишеме оној циркузантот од Кувајт.
Јотиќ воопшто не ме импресионираше, не беше баш тимски играч, ама ќе ни фали секако. Особено во ситуација каква што сме кога немаме потпишано нов среден. Или барем ние не знаеме за тоа. Така да, цела сезона мислам ќе зависи од тоа кого ќе потпишеме на среден бек. Јас лично би дополнил и десен бек ко бекап на Гурбиндо и уште еден пивот што игра во два правци.
 
Бидете бе малце трпеливи и не верувајте одма на битолски портали. И не се лупајте више со тој од Кувајт, нема да биде голман на Вардар.
 
Апсолутно!

Ако гледаме така, Гурбиндо од каде доаѓа? Прва француска лига и тоа од еден од најдобрите три тимови во лигата, Томовски доаѓа од Бундес. Џукич од Португалија, лига и ракомет кои по сите сегменти се неколку скалила над нашите и тоа од вториот тим после Порто. Кудуз доаѓа од Романија да, ама истиот Кудуз прошлата сезона беше најдобар стрелец на Динамо во ЛШ со 61 погодок во сезоната во која за прв пат после господ знае колку време Динамо успеа да пројде група во ЛШ. Па не е дека битолчани ги носат носителите на игра од Монпелје и ПСЖ во Битола!

Исто така, воопшто не би се согласил дека Египетските играчи со кои не поврзуваа се no-name или непроверени. Збориме за двајца играчи (Јахиа Ел-Дера и Ел-Тајар голманот) кои беа дел од репрезентација која играше финале на СП оваа година и тоа беа едни од носители на истата. Јахиа Омар од Веспрем да не случајно лошо се покажа во Веспрем? И тоа дојде на 21-22 години кога беше дааааалеку од некаков си етаблиран играч. Дали истите ќе се снајдат на истиот начин како и Омар? Апсолутно никој не може да прогнозира и има големи шанси да се покажат како промашени трансфери, ама да се збори дека се непроверени или лоши играчи е во најмала рака несериозно. У крај краева, ракометот станува се повеќе "физички" спорт каде што физичките предиспозиции, приодната атлетост, скокот итн. играат се поголема и поголема улога, а играчите од северна Африка совршено се вклопуваат во тој мубает.

За крај, јас не мислам дека којзнае колку ќе бидеме подобри. Ерата на Самсоненко и имиња како Канељас, Дујшебаев, Македа, Циндриќ итн. се зад нас, новата реалност е оваа. Ама дури и во оваа ситуација постои мнооогу простор за напредок и за игра. У крај краева да не случајно во минатото кога Михајло бил претседател и спонзор сме носеле имиња од калибарот на Џукич, Гурбиндо, Кудуз итн? Не само што не сме носеле, туку не сме ни можеле да замислиме имиња од сличен калибар во Вардар.

Јас гарантирам дека ако се докопаме до солиден организатор на игра, и успееме да го задржиме костурот на тимот барем 2-3 сезони ако се врати публика у сала ќе стигнеме и до 1/4 во ЛШ.
 
Јас не викам дека Кудуз е лош трансфер. Друго сакам да кажам. Дека е работа на перцепција. Гоце, пошто е наш, му ги знаеме маните, сме го гледале 15 години како игра, одма го проценуваме по лошите страни. Вака ко Кудуз некој, луѓе не го гледале многу, прочитале МВП на романска лига, гледале нешто YouTube и мислат дека ќе пали тука, лом ќе прави. Реалноста е дека он имаше некој настап за хрватска пред неколку години и не го ни перцепираат више дека постои од таму. Ние оваа година ќе го изгубиме стартниот десен бек на хрватска (Чупиќ) и Јотиќ, кој исто има настапи за хрватска, има играно во Алброг, еве сега Бундес, Вардар. Значи за пример, губиме два играчи кои се далеку попроверени од Кудуз, а тука ми се продава филм некој дека треба да биде возбуден дека ќе имаме подобра екипа следната сезона. Дисингер каков таков беше викнат оваа година да игра за Германската репрезентација, тоа е знак на некоја калибар, општ квалитет што го поседува он. Ние ако сакаме да не паднеме скалило под нивото на кое сме сега, треба да носиме играчи од тој квалитет. Океј, тоа не е реалност повеќе, ама тогаш тешко дека ќе се стигне 1/4 ЛШ според мене.
 
Абе каков Јотиќ, просечен играч - башка беше човек што го донесе Стево, така да.. Треба да се донесе разигрувач што разбира ракомет!
 
Јас не викам дека Кудуз е лош трансфер. Друго сакам да кажам. Дека е работа на перцепција. Гоце, пошто е наш, му ги знаеме маните, сме го гледале 15 години како игра, одма го проценуваме по лошите страни. Вака ко Кудуз некој, луѓе не го гледале многу, прочитале МВП на романска лига, гледале нешто YouTube и мислат дека ќе пали тука, лом ќе прави. Реалноста е дека он имаше некој настап за хрватска пред неколку години и не го ни перцепираат више дека постои од таму. Ние оваа година ќе го изгубиме стартниот десен бек на хрватска (Чупиќ) и Јотиќ, кој исто има настапи за хрватска, има играно во Алброг, еве сега Бундес, Вардар. Значи за пример, губиме два играчи кои се далеку попроверени од Кудуз, а тука ми се продава филм некој дека треба да биде возбуден дека ќе имаме подобра екипа следната сезона. Дисингер каков таков беше викнат оваа година да игра за Германската репрезентација, тоа е знак на некоја калибар, општ квалитет што го поседува он. Ние ако сакаме да не паднеме скалило под нивото на кое сме сега, треба да носиме играчи од тој квалитет. Океј, тоа не е реалност повеќе, ама тогаш тешко дека ќе се стигне 1/4 ЛШ според мене.
Да, ама истиоt муабет goes both ways.

Истиот тој Дизингер на 11 мечеви во ЛШ има постигнато 23 погодоци и освен што се најде на поширок список за репрезентација нема забележано настап за Германија после 2016-та кога станаа европски шампиони, повреден е 10 пати во сезоната и дури на мечеви од домашно првенство делува како ич к*р да не го боли за ракомет. А, вака ако некој му го прочита CV-то ќе си рече чекај, играл за Либек, Кил, Вардар, бил европски шампион со Германија, европски шампион со Вардар на клупско ниво. :)
 
Да, ама истиоt муабет goes both ways.

Истиот тој Дизингер на 11 мечеви во ЛШ има постигнато 23 погодоци и освен што се најде на поширок список за репрезентација нема забележано настап за Германија после 2016-та кога станаа европски шампиони, повреден е 10 пати во сезоната и дури на мечеви од домашно првенство делува како ич к*р да не го боли за ракомет. А, вака ако некој му го прочита CV-то ќе си рече чекај, играл за Либек, Кил, Вардар, бил европски шампион со Германија, европски шампион со Вардар на клупско ниво. :)
Апсолутно. Јас го критикувам него од првиот ден во Вардар. Ама поентата ми е дека ние губиме играчи кои имаа проверен квалитет, а не знам дали овие што доаѓаат можат воопшто некад може да изиграат на тоа ниво. Дисингер лошо играше општо во Вардар, со исклучок на првиот дел од оваа сезона. Ама знам барем дека ако е фит и спремен дека може да игра против големи екипи. Тоа и го има покажно во Вардар во неколку наврати. Талески знам дека не може. И тоа е очигледно. Едноставно нема таков квалитет и во 90% од врвни натпревари очекувам да потфрли. Јас сум да избрка Дисингер, тоа цела година го зборам, ама сакам да се донесе некој за кој знам дека може да изигра на нивото на кое може Дисингер на добар ден, за да одиме чекор нагоре.

Ние никој на ниво на Чупиќ ние нема да донесеме за следната сезона. За Јотиќ ја зборам уште пред да го донесат во Вардар дека он е за 15 мин играч во врвна екипа. Тоа и тука може да се најде во моите постови. Ама проблем ми е дека овој Кудуз не знам дали е и за толку. Искрено, го немам гледано премногу дечкото во цели натпревари па немам некој супер цврст став за неговите способности. Иако пак, 26 години има, најверјатно е на врв на својот потенцијал, а три години игра во романската лига. Сепак и тоа е индикативно за нешто. Сите сме читале дека таму финансиски лошо стојат клубовите. Гоце се жалеше дека кога дошол во Вардар дека 3-4 плати по ред не земал пред да дојде. Овој Кудуз го бркале 2 пати од стан зошто од клубот не плаќале кирија.

Јас не викам дека се ужасни трансфериве, само не гледам како може толку да бидат луѓе сигурни дека може да целиме кон 1/4 со куп играчи кои никогаш не играле на тоа ниво. Гурбидно е проверен играчи и знам дека он може да игра тврди натпрвеари против врвни екипи и да повлече ако треба. Го докажувал тоа. За овие другиве најваени немам таква сигурност и имам сомнежи дека може да придонесат за да се остварат најваените цели. Овие од Египет ги гледав и јас, ама тоа прикажување на такви турнири мене не ми е најдобар идникатор за целосен потенцијал на играчи. Затоа секогаш имам сомнежи за играчи кои не се докажале некоја сезона во јака конкуренција. Квалитет се гледа преку константност. Пак ќе кажам дека разбирам дека толку е буџетот, ама мене овие потези не ми влеваат доверба за најавените цели. Тоа.
Автоматски споено мислење:

Полека малце.
Па на таа позиција игра за Хрватска откако се врати во репрезентација. Реално и во Вардар беше неколку пати мислам избран во тим на колото во ЛШ како најдобар десен бек.
 
Друже, најавените цели се осминафинале во ЛШ, Ф4 Сеха и титула дома. Не знам од каде ти е завртено во глава четвртфинале ЛШ. Друго ако така гледаме, коа го носевме Кара и најголем дел од ракометарите во тој период, по тебе требаше да се утепаме од скептицизам на форумов, а видовме до кај стигна Кара. Муабетот е, пред се да се намалат очекувањата во ЛШ, за почеток важно е да склопиме солиден тим и иде кон тоа. Важно е да играме добро, да се види желба, дух, борбеност за секоја топка. Тој исти Кудуз најавува дека едвај чека да гине за Вардар на терен, дека тој дрес е светиња а Вардар институција и верувам дека ќе игра добро, па чак и многу подобро од Јотиќ. Ангажирање на играч кој игра во Франција не е по дифолт не знам какво засилување. Ете и Тале го донесовме од Германија ( ваууу Бундеслига) па добивме курац на бициклу. Исто и Порто коа го носеа Николче ( го земаа од факинг Работник ) па гледај што добија. Тоа е, помалце скептицизам и повеќе верба.
 
Никогаш не треба да се заборави како се издигнавме во ракометот.Почетоците беа со Вујо , он ја врати титулата на Кале и ја плати многу скапо , ама ја донесе и го однесе Вардар у ЛШ.
Никогаш не сум се сомневал , па ни сега , Вујо ке изгради нов силен Вардар.
Тоа е долга патека , ама јас верувам во него и дека ке напраи чудо некој ден.
 
Чупиќ десен бек боже сачувај.
За разлика од лани кога немаа ни еден добар трансфер од почеток ама баш све беше катастрофа за мене оваа следна сезона е ветувачка барем на тој план доста добри трансфери до сега само малце ми е нелогично затоа што уште незнаат кој ке биде тренер па да може сам да ја гради екипата не секој играч мојт да се вклопит во одреден систем од било кој причини. Кудуз го пратам подолго време баш ме интересират како ќе се покажит во Динамо беше главен играч ама друга прича е тоа и очекувања друга ќе е овде не сум многу оптимист ама не сум ни песимист околу неговиот придонес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom