Предлози и свое видување на актуелните фотки на натпреварот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Toto.toto
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мојата ја сликнав со мобилен, на про мод како шо рече Дани може да си играте со сетинзите.
 
Во фотографијата без разлика дали е професионален апарат или мобилен има 3 клучни работи што ја работат математиката во позадина за да добиете некаков ефект. Бленда или Aperture, брзина на окинување или Shutter Speed и ISO или осетливост на сензорот.

1. Бленда или Aperture

За да сензорот прими повеќе светлина логично е дека треба да се стави најмалото f што го дозволува апаратот. Кај постарите мобилни ова е фиксно од 1.4 докај 2.2 зависи од модел. Новите модели дозволуваат во про мод да го менувате до одреден степен. Кај апарат f зависи од објективот, поевтини објективи повисоко f. Поскапи помало f.
Да не ве буни со f се означува блендата. Спомнав математика на 3 елементи, тука доаѓа интересното. Ако ја отворите блендата на 1.4 тоа ви овозможува поплитко поле на фокус односно одредени апарати или објективи/леќи ја одвојуваат позадината од објектот што е во фокус. Кога објектот е многу остар, а позадината премногу матна т.е. не се забележува со око што има тој ефект ќе го сретнете како bokeh.
Помал отвор на блендата прави поголем дел од кадарот да е во фокус, односно подетално да е претставен поголем дел од сцената, а не само објектот кој е во фокус. Но најважно е дека поширок отвор дозволува повеќе светлина на сензорот па така помага при фотографирање во потемни услови. За прашањето на @Corvus, за да го постигнеш саканиот ефект на мобилен/апарат треба да ја најдеш опцијата за бленда и да ставиш блендата на максимум. Да речеме тоа е ф/8.0. Подоле ќе објаснам како ќе ја компезираме светлината.

1200px-Lenses_with_different_apertures.jpg

2. Брзина на окинување или Shutter Speed

Ова се изразува во секунди и делови од секунда. Пример 1/100, 1/50, 1, 2, 5 итн.
1/100 значи е стотти дел од секунда.
1 е 1 секунда, 2 е 2 секунди итн.

Колку е помало толку помалку светлина пропушта на сензорот. На пример 1/250 е само 250ти дел од секунда и сензорот кога се отвара има многу малку време за да собере светлина. Ефектот на долга експозиција се постигнува со намалување на брзината т.е. да поставите колку е максимумот на дадениот апарат/мобилен. Дури и на најскапите апарати ова оди до 30 секунди, за над тоа се користи посебен додаток или bulb мод ама за тоа ви треба трипод каде апаратот нема да се мрда.

Побрзо окинување овозможува да се слика објект во движење. Најбитно ги елиминира ефектите од тресење на раце при фотографирање. Но светлината така е ограничена. Затоа заклучуваме дека во потемни услови подобро е да се користи поспор шатер од 1/10, 1, 2 итн. Затоа тогаш се внимава камерата да нема никакво тресење, дури и најмала вибрација може да направи матна слика.

Ефектот на висока бленда и малата светлина што влегува во апаратот се компезира со поспор шатер што ќе го држи сензорот подолго време отворен за да ја собере целата светлина.
Многу е битно да запамтите дека додека сензорот е отворен, запишува се што е пред него. Затоа мрдањето не е препорачливо.

PerfectExposure-1.jpg

3. ISO или осетливост на сензорот

На пример ISO 50, ISO 100, ISO 200, ISO 400 итн. Колку помало ISO толку помала осетливост на светлина за сензорот.
Колку е пониско ИСО-то толку е пооштра фотографијата. Но нема можност да регистрира детали во потемни сцени. И обратно, повисоко ИСО дозволува фотографија во потемни услови но се колку е поголемо толку се јавува и повеќе шум т.е. фотографиите се пикселизирани.

ISO-200-and-ISO-3200.jpg

Затоа при било каков ефект треба да се размисли кој од овие 3 елементи најдобро ќе го даде саканиот ефект. И се е калкулација, еден елемент зголемуваш, друг намалуваш.

Да не навлагам во по професионални детали и објаснувања да не ве збунам, ама примери за сетинзи што ги користам при долга експозиција се одприлика вака:
ИСО - апаратот мој дозволува 50, најмалку шум и најмала осетливост на светлина. Ова го компезирам со шатер.
Шатер - зависи од саканиот ефект. Многу е битно што фотографирате. Брз водопад како тој на сликата погоре е доволно и 2-3 секунди. Некоја спора река и 2 минути малку ќе ви се. Тестирајте ова по дома мрдајте ја раката пред апарат на различни сетинзи и видете ја разликата.
Бленда - Проблемот со долга експозиција во бел сончев ден е проблем затоа што дури и на 1 секунда сликата ќе ви биде изгорена. Професионално користиме филтри кои се ставаат на објективот и имаат различни стопови. Овде бидејќи ситуацијата не ни дозволува се користи максимумот на блендата. Ако оди до ф/16, тогаш видете колку шатер тоа ви дозволува да отворите.

И да не ве тупам понатака. Ако има некој прашања слободно.
 
Кога ќе има натпревар за машки делови од тело...еве затопли, ѕиврите ги закачив на шајка. Имам качено 2 кила ама нема везе, битно е да се учествуе. :D
 
Буразер на следната нова година ОБАВЕЗНО биди онлајн од 00:00 - 00:05 и поднеси да ти го сменат никнејмо у рецимо Kamadharma. Савршено ти прилега. ;)
 
Малку поче офтопик, ама како се слика ова дугачкава експозиција? Зедов никонче б500 па... да се испробам
 
@Беркут

@KEEF Треба само небо или може ко на комита како што се?
 
Како 4та и 5та слика од неговите, некако така ја замислувам темата, другите може да поминат ама се не толку конкретни.
 
Back
На врв Bottom