Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Па тоа беше и моето прашање :D
Ви се чудам на умот, еден куп филмој си напрајвте на ебиветарските филмовите на спамеров @Dumbledore. Тој не само шо инсинураше дека сум бил во грешка за еден куп работи, туку се надоврза на @мкд владе дека еден куп ставови сум променил. :)

На темава сум да си кажам што мислам и да ми промени мислење некој, ако грешам. Не сум тука да терам агенда како овај забаров.

Иначе ќерка ми има 20 години и велам да не се вакцинира оти нема потреба, ама таа нешто ми запиња, така да ако реши ќе си се вакцинира.
Автоматски споено мислење:

Pojma nemam ni za koj zboras, ni za so zboras ama ok, ne si ja stegaj dusata.
Ај сега, ко да не знаеме дека водиш детален роковник за сите на форумов, па ќе му извадеш долен веш во право време. :D
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ви се чудам на умот, еден куп филмој си напрајвте на ебиветарските филмовите на спамеров @Dumbledore. Тој не само шо инсинураше дека сум бил во грешка за еден куп работи, туку се надоврза на @мкд владе дека еден куп ставови сум променил. :)

На темава сум да си кажам што мислам и да ми промени мислење некој, ако грешам. Не сум тука да терам агенда како овај забаров.

Иначе ќерка ми има 20 години и велам да не се вакцинира оти нема потреба, ама таа нешто ми запиња, така да ако реши ќе си се вакцинира.
Не спамам за тоа дека некој за нешто те лажел... и тоа на секоја можна тема! Тоа го правиш ти. Потоа следува и убавата приказна за теориите на заговор.

Зад Трамп застанав чисто идеолошки, а дадов свој став 3-4 пати за неговото справување со Ковид пандемијата, дури и прогнозирав дека тесно ќе загуби.

Не е страшно да се промени став. И јас менувам ставови...ама не толку често колку ти. Делумно се согласуваме, делумно не.

И ти кажав, има многу членови кои ќе бидат пресреќни да дебатираат со тебе. ;)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Не спамам за тоа дека некој за нешто те лажел... и тоа на секоја можна тема! Тоа го правиш ти. Потоа следува и убавата приказна за теориите на заговор.
Неќам да слегувам на твое ниво, ама сега морам. Ајде пример за ова што го тврдиш.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.350
Поени од реакции
24.027
Ај сега, ко да не знаеме дека водиш детален роковник за сите на форумов, па ќе му извадеш долен веш во право време. :D
Koj so si drobel, toa ke si srka :toe:
I ne na site, taman rabota. Uste pomalce za virusot. Si znaete vie za sto vadam prljav ves.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Супер е ова, барем сега знам што е теорија на заговор :D
Не реков дека тоа е теорија на заговор, туку дека потоа следува приказната за теориите на заговор. Читај на претходните страни.

Само твоето е без аргументи, а зборувавме за лошото менаџирање со Ковид пандемијата во Њу Јорк (Квомо е политички готов) и во Калифорнија (500.000 гласови беа поништени за Њусом, ама и тој нема голема поддршка ни од своите). Каде сум тука излажан? Дали го товарат Квомо за лошите политики и неколкуте илјади жртви од старските домови? Дури и неговиот брат, кој е "новинар" во СиЕнЕн, рече дека за тоа не може да го брани!

Не ти е прв пат да обвиниш дека сум бил излажан. :pipi:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.496
Поени од реакции
11.426
Баш би сакал да образложиш зошто се младите *супер преносители* и аналогно на тоа зошто вакцината би ги направила *не преносители*. Може и малку по стручен осврт да дадеш, да фатиш подлабоко што се вика, пошто гледам добро ја пратиш темата.
Па нема некоја филозофија во моето размислување. Ако младите се тие кои нон стоп шетаат, искачаат по кафиња, идат на работа и слично, логично е дека тие го пренесуваат вирусот на домашните.

Од медицински аспект секако дека постарите и хронично болни се приоритетна група, ама кога постарите прибираат и одбиваат да се вакцинираат, зошто да не се искористат вакцините за помладите кои изразиле желба за вакцина?

За да се создаде колективен имунитет, потребно е минимум 70% од населението да е вакцинирано. Тука спаѓаат и млади луѓе (над 18 години).

Ви се чудам на умот, еден куп филмој си напрајвте на ебиветарските филмовите на спамеров @Dumbledore. Тој не само шо инсинураше дека сум бил во грешка за еден куп работи, туку се надоврза на @мкд владе дека еден куп ставови сум променил. :)

На темава сум да си кажам што мислам и да ми промени мислење некој, ако грешам. Не сум тука да терам агенда како овај забаров.

Иначе ќерка ми има 20 години и велам да не се вакцинира оти нема потреба, ама таа нешто ми запиња, така да ако реши ќе си се вакцинира.
Чичко Тенеке, со сета должна почит сакав само малку да се нашалам. Нормално дека на возрасен човек не може да му наметнуваш што треба, а што не треба да прави. Ти како родител не му мислиш лошо на твоето дете и најдобронамерно искажуваш твое мислење, ама верувам дека одлуката ќе и ја оставиш нејзе.

За Дамблдор лош збор да не чујам. Омилен лик за дискусии на форумов.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.061
Поени од реакции
2.070
Па нема некоја филозофија во моето размислување. Ако младите се тие кои нон стоп шетаат, искачаат по кафиња, идат на работа и слично, логично е дека тие го пренесуваат вирусот на домашните.

Од медицински аспект секако дека постарите и хронично болни се приоритетна група, ама кога постарите прибираат и одбиваат да се вакцинираат, зошто да не се искористат вакцините за помладите кои изразиле желба за вакцина?

За да се создаде колективен имунитет, потребно е минимум 70% од населението да е вакцинирано. Тука спаѓаат и млади луѓе (над 18 години).

Чичко Тенеке, со сета должна почит сакав само малку да се нашалам. Нормално дека на возрасен човек не може да му наметнуваш што треба, а што не треба да прави. Ти како родител не му мислиш лошо на твоето дете и најдобронамерно искажуваш твое мислење, ама верувам дека одлуката ќе и ја оставиш нејзе.

За Дамблдор лош збор да не чујам. Омилен лик за дискусии на форумов.
Искрено, очекував малку по софистициран одговор, да не речам медицински, а не овие папагалски фрази од шунд портали. Повторно потенцираш вакцинирани за да се спречи ширење на вирусот. Ако е вакциниран мислиш дека е облечен у скафандер или што. Повторно прашувам, образложи зошто невакциниран по тебе е супер преносител, а вакциниран е не преносител. Ете од Фајзер велат дека вакцината не знаат дали спречува пренесување на заразата, но тврдат дека 100% штити од се друго. Каква е таа вакцина. Како по тебе штити вакцината како врв на денешната медицина, ако не може да потврдат дека го спречува ширењето на вирусот.
 
Образложив зошто, заради колективниот имунитет.
Што се однесува до вакцината на Фајзер, па и сите други вакцини (не само ковид) штитат од тешка клиничка слика и смрт а тоа е најважно.

Благодарение на вакцините искоренети се многу болести а светот брои скоро 8 милијарди. Нејсе, нема да го тупам правени се муабетиве многу пати наназад, а ти како медицинско лице би требало да знаеш како штитат вакцините и зошто се благодет.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.350
Поени од реакции
24.027
Што врска има која е, не ве разбирам што мажишта лоши сте.
Дискутирајте си за вирусов ако нешто со сигурност знаете.
НЕ ми е јасно зошто за Ставрогин, Ставре,конус, Мијалков итд. не се заебавате кога ќе дојде до 1001 профил!?
Oti ima 1001 profil. Ne e interesno povekje :toe:.
I recimu na bjonsot da ne glumi ludilo tuku da se vrati na temata posto se izgubi balansot. Ni trebaat dve doktorki so sprotivni stavovi oti izletavme vo krivina. Ostaj ti virusot, balansot e najbiten.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Да се вратиме на темата и да ги одмрзнам односите со @teneke . Што мислиш за овој? Да не беше атентатот, мислам дека немаше да победи. :)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.350
Поени од реакции
24.027
@cholismo pocnaja iftarite, a tebe te nema da relativiziras i opravduvas. Daj vreme e, gledas se izedoja pomegju sebe ovie od dosadno so mu e. Nema so koj da se raspravat koj e kriv. Ajde razmrdaja temata ;).
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Да се вратиме на темата и да ги одмрзнам односите со @teneke . Што мислиш за овој? Да не беше атентатот, мислам дека немаше да победи. :)
Шо со овај, пак некој што ќе величиш за пенисово здравје? :D

Бразил викаат бил како Македонија, луѓето се поделени за партии до ниво на религиозност.

Неговите ќе си го гласаат до смрт.

Во поглед на короната, тој е тежок специфичен случај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom