Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.221
- Поени од реакции
- 3.499
Кога сме кај автопатите, еве еден мој пост напишан на 26 јуни 2020г, значи пред сокоро една година кога имаше најава за инвестициски бум (пред изборите) и го најавуваа автопатот до Блаце кој првите 2000м (со 3 патарини) требаше да почнат да ги градат уште во 2019г.
Подолу целиот пост.
Тендерот за избор на изведувач ќе се објави следниот месец, градежните работи ќе почнат во вториот квартал од годинава и ќе траат 18 месеци. Надлежните уверуваат дека работите ќе се одвиваат брзо бидејќи на овој дел не се предвидени тунели. Паралелно ќе се работи на проектирање на вториот фаза од патот од Блаце до Стенковец долга 10,5 км. Тендерот ќе биде објавен во 2020 година, а изградба се очекува да заврши по 2023 година
Подолу целиот пост.
На рекламата слушнав 260 километри автопатишта дека ќе изградат во следниот мандат, милијарда инвестиции итн. милијардите од странските инвестиции неможеме да ги осетеме оти имавме 600 милиони (од кој 400 поради даноците) и не видовме никаква инвестиција, ама во автопатиштата видовме и ќе видеме, само да ги набројат од каде до каде ќе бидат тие автопатишта.
Иако на хартија знаеме дека сигурно ќе успеат да ги направат за 4 години, во реалноста ситуацијата е поинаква, пишав пред некој ден дека се планира изградба на 20000 метри автопат и никој не ме поправи оти којзнае дали некој слушнал дека ќе се прават само 2 киломтра (2000 метри).
Автопатот Скопје – Блаце ќе се гради годинава – Готов до 2023?!
Ова е од Телма про СДССМ телевизија, не е измислено од Алфа на пример, и е Објавено на 11 јануари, 2019 во 16.26 ч, пред еднаипол година.
со други зборови изготвен е проект на 2 километри и требаше да почнат да се градат до 30 јуни лани, останатите 10,5км ќе се проектираат ако даде госпоТ пари, па мош ќе биде направен до 2023 целиот со должина од 12500 метри.
Значи ако даде госпоТ пари (а во овие времиња тешко) ќе се направат 260000 метри автопат за цели 4 години или во реалноста можеби ќе направат 12,5км за 3 години, 4,166км годишно или над 62 години ќе и требат да ги изградат сите 260км.