Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
30 јуни 2020
Мислења
24
Поени од реакции
0
Би сакал да ми даде некој совет во врска со диск пакни.Овие пакни кои што ги имам моменталоно се истрошени па би сакал да земам некои квалитетни.Но дилемата ми е дали да земам resin или metalic.Планирам да го возам на водно и за слични не толку захтевни спустови и сум 60kg(доколку значи нешто).Знам дека Metalic се во секој случај подобри но разликата во цената е голема resin(400den пар),metalic(800 пар).Па прашањето ми е кои да ги земам, дали е голема разликата во траење помеѓу овие два вида.Кои повеќе би се исплателе да ги земам?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Варира тука и стилот на возење а и колку возиш, секако металот потраен е ама во исто време ќе се аби и пакна и диск додека со резинот само пакната.
Што гледаш и помеѓу што се размислуваш?
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
24
Поени од реакции
0
http://www.bikestop.com.mk/components.php?lang=2&mb=22&id=812
Помеѓу овие се размислувам,доколку некој има подобар предлог нека ми каже бидејќи не се разбирам многу
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
http://www.bikestop.com.mk/components.php?lang=2&mb=22&id=812
Помеѓу овие се размислувам,доколку некој има подобар предлог нека ми каже бидејќи не се разбирам многу
Уште инфо да стаиш на што ќе ставаш топ ќе биде ;)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Никаква компатибилност неможам да најдам за тој тип, едино некој од искуство да сподели. Исто и линкот што го постави тие падови немаат компатибилност со кочнициве барем на хартија :toe:
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
86
Би сакал да ми даде некој совет во врска со диск пакни.Овие пакни кои што ги имам моменталоно се истрошени па би сакал да земам некои квалитетни.Но дилемата ми е дали да земам resin или metalic.Планирам да го возам на водно и за слични не толку захтевни спустови и сум 60kg(доколку значи нешто).Знам дека Metalic се во секој случај подобри но разликата во цената е голема resin(400den пар),metalic(800 пар).Па прашањето ми е кои да ги земам, дали е голема разликата во траење помеѓу овие два вида.Кои повеќе би се исплателе да ги земам?

Извади ги пакните и сликај ги. Би требало да се компатибилни со стандардните B01S на Шимано. Металик нема да ставиш додека не ги смениш роторите со некои компатибилни за металик пакни.
 
Член од
7 мај 2015
Мислења
7
Поени од реакции
22
здраво, ќе сака ли некој да ми даде совет за купување точак. Веќе долго време барам половен, но се откажав од таа идеја. Премногу време потрошив во гледање, наоѓам само модели со безобразни цени, поскапи отколку нови, несоодветна големина за мене, и најбитно не се разбирам и да најдам дали е исправен истиот. Затоа одлучив да купам нов. Во потесен избор има два модела: Ghost Kato Essential 29 и Trek Marlin 6.
Може и некоја трета опција во буџет од 500-650 еу.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.038
Поени од реакции
5.938

И двата спаѓаат во долната средна класа и ги имаат основните делови за возење средно тешки и тешки тури со тоа што можеби за нијанса Ghost има подобри менувачи и подобра виљушка иако двете се заклучуваат но затоа Trek има за еден степен подобра брзина за полесно искачување на стрмни угорници.Изборот ти го оставам на тебе да си одбереш.
 
Фала сепак. ке фрлам паричка тогаш
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.038
Поени од реакции
5.938
Фала сепак. ке фрлам паричка тогаш
Види ако го возиш претежно на рамно сеедно е кој ќе го возиш но ако планираш да се качуваш на појаки угорници како делот од 2км на Водно што е после детското спрема врв тогаш оди на Trek.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво на сите,

Во потрага сум по велосипед, претежно за возење низ град и околу него (90% на асфалт со благи угорници), би се користел рекреативно 3-4 пати во неделата, значи максимум 20-тина km на ден. Не сум голем познавач и по досегашното истражување и коментарите по форуми, сфатив дека за сумата која сакам да ја потрошам (околу 400 евра), подобро ми е да барам половен наместо нов. Висината ми е 185cm, значи L рамка оптприлика со 28-29" тркало.

Сакам да ве прашам за совет, дали вреди да се земе во предвид точакот во линкот подолу, во однос на опремата која ја има и цената од 450 евра? Исто така, која е предноста на 1x8 преносот во однос на другите (2x, 3x), бидејќи гледам дека поретко се застапени овие со 1x отколку останатите?

Исто така, дали имате некој коментар околу квалитетот на велосипедите на оваа страна, некој искуство да сподели доколку има.

Ви благодарам однапред :)
 
За низ град овој е исклучиво за рамна подлога со ограничена брзина додека со секоја блага угорница има шанси да се мачиш поради фиксниот пренос.Со пренос 2x 3x имаш различен отпор кој се регулира во зависност од условите на патот.За 450 евра имаш нови Trinx велосипеди 29 инчи кои освен низ град служат и за сериозни тури.Јас за ваков тип би дал максимум 150 евра и тоа челична рамка.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
@Audiofil , еден од велосипедите кои ги гледав се и Trinx (линк подолу), ама се начитав коментари дека не се квалитетни и дека брзо ќе имам проблеми со нив, а и опремата на нив не е нешто посебно.

Kajgana Shop

На врв Bottom