Значи Тиквешката лозова ЛР е толку подценета ракија, невероватно. Близу перфекција. Фала Богу подостапна и надвор од Македонија. Пред некоја година на екипа Германци им понудив беа воодушевени сами прашуваа дали ова е Македонски виски. Не дека споредувам туку беше пофалба за квалитетот.
Истиот пример го имам.
Пред некое лето работав со странски турсити и можам да ти кажам дека Пољаците и Словаци се тепаа за чашка ракија а уствари им нудевме домашна жолта кавадаречка. Англичани или други гости кои никогаш не пробале такво нешо беа позитивно изненадени и баш истото им го викав ова е наше македонско виски
. Еднашка памтам едно бате од Полска бараше алкохол и му турив струмичка мастика(од мене) пошо и јас пиев му турив повеќе од пола чаша. За 5 минути истиот дојде со цела група Пољаци да купат од истата, иако ни беше за персонална употреба вака така се продаде скоро цел пакет.
Мафтаа со еврата, ни кусур и ништо не ги интересираше , битно чашките да им се полни.
Друга случка... Група млади од Австралија имавме, од кој 90% беа девојки 20-24 годишни. И јас така млад и упорен со цел памет земам шише ракија и мали чашки за шотови и им идам.... после чаша две се опуштија австраљанкиве се размуабетија им се погоди на сите .... па после беше што беше .