Здраво на сите! Имам поднесено 2018 год. преку чичко, но ми кажаа дека веќе не важи преку чичко, па на денот на интервјуто ги подадов документите од клубот во Струмица, посмртницата од прадедо, извод од дедо, татко. Дали некој е во иста ситуација како мене? Или пак би можел до некаде да го претпостави исходот, дали има можност да ме одбијат? Посредник на другар му кажал дека ако на происходот му пишува дека вади преку роднина ќе го одбијат со сигурност после интервјуто. Инаку сум на статус положително. Ви благодарам однапред!