Поделба на имот

  • Креатор на темата Креатор на темата qwerty123q
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2020
Мислења
1.062
Поени од реакции
1.392
Возраст
32
Прашањето е:



Дедо ми и баба ми имаат наследство и по нивната смрт како се поделува?
Тие ми се дедо и баба по мајка ми (но таа е почината неодамна и ништо немаше на нејзино име). Значи дедо ми и баба ми имаа две ќерки т.е мајка ми (постарата) и тетка ми.

Доколку немаат прецизирано кој што да наследи, според закон како оди поделбата, на две половини т.е половина на тетка ми и половина на мене?
 
Имотот го делат мајка ти (без разлика што е почината) и тетка ти. Ако си единствен наследник на мајка ти, тогаш нејзината половина е твоја.
 
Прашањето е:



Дедо ми и баба ми имаат наследство и по нивната смрт како се поделува?
Тие ми се дедо и баба по мајка ми (но таа е почината неодамна и ништо немаше на нејзино име). Значи дедо ми и баба ми имаа две ќерки т.е мајка ми (постарата) и тетка ми.

Доколку немаат прецизирано кој што да наследи, според закон како оди поделбата, на две половини т.е половина на тетка ми и половина на мене?
Ако е жива тетка ти, тогаш таа е наследник на 50% и потомците на нејзината сестра(вие) 50%. Е сега имајте на ум дека при наследувањето вие кои сте потомци на починатиот наследник, ќе платите 3%(мислам) данок, пошто сте второ колено наследници.
 
Ne se plakja danok, bidejki nasleduva vo prv nasleden red.
 
Првиот наследен ред се потомците на оставителот и неговиот брачен другар. Баба ти има 50%, а ти и тетка ти по 25%

Баба ти може да се откаже од тие 50% и вие да ги поделите, ама може да ги даде само на еден. Како и да е навреме поделите се што треба, нека е на нивно име до смртта и после секој наследник со свој дел.

Данок на наследство и подарок не плаќа:

1) Наследникот, односно примателот на подарок од прв наследен ред.

2) Наследникот, односно примателот на подарок од втор наследен ред на еден наследен односно на подарок примен стан, односно семејна станбена зграда ако со оставителот односно давателот на подарок живеел во заедничко домаќинство најмалку една година пред смртта на оставителот, односно во моментот на приемот на подарокот, под услов тој и членовите на неговото семејство да немаат друг стан односно станбена зграда.
 
Сите си кажавте мнение, изгледа никој озбилно не го прочита стартниот пост.
 
Znaete li sto znaci pravoto na pretstavuvanje?
Prv nasleden red: bracen drugar i potomci.
Vtor nasleden red: roditeli i bracen drugar.
Автоматски споено мислење:

Vnukot vo konkretniov slucaj se javuva kako naslednik vo prv nasleden red po pravoto na pretstavuvanje na negovata majka, odnosno kerka na ostavitelot.
Ps. Mala edukacija
Автоматски споено мислење:

Inace, tetkata i vnukot nasleduvaat po 1/2 od imotot
 
Дедо ми почина за жал пред 3 недели, ни стигна писмо за оставинска постапка. Меѓутоа во меѓувреме дознав дека кога била таму кога се потполнувало документот за посмртницата, се пишала сама како наследник, и тој ја прашал таму дали има сестра и деца. Па и во меѓувреме ја прашала баба ми во смисла да се пишела тетка ми и баба ми. Ми нема логика сето тоа, али осеќам во последно време како да ме одбегнува.


Како и да е, баба ми се откажува од сето наследство, сака да го подели имотот на нас двајцата односно мене и тетка ми. Јас се консултирав со правно лице, во случај ако не се договориме ние меѓусебе, преку суд ќе одам да се дели по идеална половина, па да видам дали ќе и одговара така. :)


Ме фаќа анксиозност и нервоза, се молам периодов да останам силен и смирен. Немам никој близок салам што би ме поддржал освен баба ми.
 
Koj e prv nasleden red, vnukot? Jalnas si mnogu, tetka mu nema da plati oti e prvo koleno, a on ke si plati ko popce!
Нема данок. Иди по право на претставување (нешто што ќе биде забележано и во полномошно и во решение од Нотар).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom