Фан Клуб: Интер

Сметам дека ова никад не ни беше планирано да успее, само начин на клубовиве да стават притисок врз УЕФА да ги качи премиите.
Ете сеа они се откажаа, УЕФА е на ред.
 
Добра Game of Thrones епизода беше, во која нашиот млад Стивен, the young wolf, на крајот беше масакриран како Роб Старк.

Имиџот на клубот непоправливо нарушен. За утеха не сме само ние, 10 други клубови се оцрнети заедно со нас.

Каква аматерска проценка.
Мех.

Реал и Јуве највеќе беа спомнувани дека се иницијатори и основачи на идејава, плус претседател и потпретседател.
Манчестер по нив дека американец стрвен за пари им е газда.
Тотенхем и Арсенал дека кој кур се овие клубови да се таму.

Ние ќутенката со останатите екипи. Утре никој нема да знае дека уопште сме биле за оваа идеја.
Сеа пак ќе почнат муабетите за продавање на клубот, за дужење на плати.
За 1 месец ќе освоиме Скудето.

Стек ќе остане дно.
Јас ќе продужам да те нервирам.
Сите ќе продужиме да го мразиме Џони.
Да не случајно некој помисли дека јас нема да останам дно.

И така.
 
Јас не би се радувал дека пропадна супер лигава.
Тоа е од спортски аспект супер ствар ама ние и комшиките ќе имавме најголем аир јер сме у најголеми гомна.
Ќе биде весело...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
io-dzontra.gif
 
Реал и Манчестер најмногу изгубија во очие на фудбалската јавност затоа што беа посочени како лидери на пучот. Дури мислам дека целата идеја потекна од газдите на Манчестер. Јуве е трет на листата на губитници.

И во право си, за Арсенал, Тотенхем, Интер, Милан ќе се заборави дека биле дел од проектот, како поканети екипи. Атлетико секако никој ништо не го ни праша, им рекоа дека ќе играат во суперлигата, и тие само климнаа со главите. Челзи и Сити дури и добија поени плус како први кои потегнаа нога за излегување од супер лигата.
 
Последно уредено:
Јас не би се радувал дека пропадна супер лигава.
Тоа е од спортски аспект супер ствар ама ние и комшиките ќе имавме најголем аир јер сме у најголеми гомна.
Ќе биде весело...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Ја не би ни жалел многу по неа. Да, вистина е дека клубот ќе добиеше каква-таква финансиска стабилност, ама и ќе беше вечно врзан во еден медиокритетски круг на учества во таа лига. Исто како Болоњи, Удинезиња и Торина во Серие А, кои пливаат на средина на табела секоја сезона, без некаква шанса да играат за некаква титула.
Сега читав некаква статија, дека и сите клубови-основачи немало да добиваат иста загарантирана премија, со самото учество, туку биле поделени во некакви групи, на база на историска релевантност, број на фанови и маркетиншка атрактивност. Наводно, во таквите рангирања, Јувентус ќе бил во топ рангот, а Интер и Милан во третиот ранг и разликите помеѓу загарантираните премии помеѓу Јуве и нас, ќе бил 200 милиони евра. И во моментов, Јувентус има circa 100 милиони повеќе приходи од Интер и 250 милиони од Милан. Додади ги на тоа и овие 200 милиони плус и Јувентус ќе направеше монопол од италијанската лига.
Ако е вистина ова што го напишав, тогаш сосема ми е јасно зошто Јувентус и Реал (плус Барса веројатно) се најгласни за лигава. Буквално сакаа идната доминантност, на овие 5-6 клуба од тој прв ранг, да ја финансираат на грб на кумулираната вредност на брендовите на овие големи, „традиционални“ клубови. Тоа би било тежок криминал, не само за компетитивноста во таа лига и спортот воопшто, туку и за клубови како Интер и Милан, кои никогаш нема да бидат во ситуација, да го рефлектираат варирањето на вредноста на нивниот бренд, во соодветен дел од колачот, што ќе го генерира таа лига. Нема зошто да го јадеме резилот и да ги трпиме овие драми, за Јувентус да добие lifeline од погрешните одлуки последниве години и да добие пат кон клубовите со најголеми приходи. Или пак, за Реал и Барса да ги надоместат своите природни недостатоци, односно тоа што не се акционерски друштва и да си создадат затворен клуб до кој ќе нема пристап ниеден претендент за влез во елитното друштво.
Истиот педерски трик го направија со ФФП, пред 10 години. Под плаштот на спасот на фудбалските клубови од неодговорни газди и подобрување на финансиите на малите клубови, создадоа систем од кој најголем бенефит имаа Реал, Барса, Баерн и Јувентус. Англиските клубови не ги споменувам тука, зошто они парите ги прават ради атрактивноста на нивната домашна лига.

Мене ме радува што има најави од Уефа за реформирање на ФФП. Треба само да ги сменат тие глупи правила, со правила за горна граница на соодносот на приходите со платите за целиот staff. Пример, за клубовите со топ 10 приходи, или со приходи над некој определен износ, платите да не смее да надминуваат 50% од приходите, а за останатите 60-65%. А инвестирањето во клубовите и трошењето на трансфери да биде целосно неограничено. За брзо време ќе се врати атрактивноста на клупскиот фудбал, нема потреба од големи филозофии, ни жалопојки дека модерниот фудбал е уништен. Фудбалот, денес, е во подобра позиција од било кој спорт во историјата.

Лигава ќе беше добра за Интер, единствено за оние на кои им е побитно максимизирање на shareholder value, а не компетитивноста на клубот. :)
Јас мислам дека не сме во толку трагична позиција. И ние и Милан имаме голем потенцијал за раст. Треба да се изгради само тој проклет стадион и да се обезбеди редовност на учества во ЛШ и мислам дека и едниот и другиот клуб ќе го прешишаат Јувентус со приходи. Во тој случај, ќе се врати и атрактивноста на Серие А и полека ќе се вратат спонзорите и гледаноста. Со добро работење, мислам дека можат и двата клуба да стигнат до сегашното ниво на Сити и ПСЖ, што е околу 500-550 милиони приходи. Не е сјајно, ама е сосема доволно за еден клуб да се нарекува голем. Имаат златна кокошка во градот Милано, која и двата клуба недоволно ја користат.
 
Стадион нема да има,тоа до сеа требаше да ни стане јасно.
И да напраат нов ќе биде повторно заеднички и со тоа приходите нема да бидат како ние што сакаме.
Од друга страна клубот ни тоне во долгови,плати за играчи каснат по 3 месеца,а жанговци ги кочи смрдената кина да вбризгаат кеш директно.
Ситуацијата (финансиска) е далеку од добра и гарантиран приход од ~200милиона годишно ќе беше буквално ко од бога подадена рака.

Јас комплетно се слагам за неетичноста и анти-спортскиот формат на покојната супер лига,да не ме сфатиш погрешно.

пс.Колку ќе земел јуве,колку реал,интер милан сеа мислам дека е само шпекулација.
Верувам дека никогаш нема да дознаеме што точно се случувало.

Според мене превише смрди работава,големи се шансите и се ова да беше само притисок кон уефа за да зголеми приходи на најбогативе,а и директен договор меѓу уефа и одметнициве не отпишувам.
 
За стадионот имаат готов проект. Да не се случеше коронава, прилично сум сигурен дека ќе беше во понапредна фаза.
Интер има голема гледаност, и со ваква Меаца прави исто пари од match day како Јувентус со сопствен стадион. Нов стадион, дури и делен со Милан, би бил комплетен game changer и за нас, а веројатно и за Милан. Кога излегуваа информации за проектот за новиот стадион, излегоа анализи дека и двата клуба ќе добиваат околу 100 милиони евра годишно од целиот комплекс.
Тоа е повеќе од дупло од парите што ги прават во моментов.
Јас мислам дека и финансиската состојба не е толку лоша, колку што се драматизираше по медиумите. Проблемот беше очигледно во cashflow-от, не во сервисирањето на долгот, или финансиските резултати. Платите каснеле, тоа е вистина. Ама, ни еден медиум не спомна дека Интер е еден од ретките клубови, кои ги платќаше платите во целост, во текот на целата корона криза. Најголем дел од останатите големи клубови кратеа плати. Сметководствено, финансиските резултати од минатата година не се најдобри. Веројатно исто ќе биде и оваа. Меѓутоа, тоа е повеќе резултат на пандемијата, а не на некаков долгорочен тренд. Ако направиш споредба со останатите италијански клубови, и Јувентус и Милан се во полоша состојба. Милан минатата финансиска година ја заврши во црвено од околу 200 милиони евра. Остај ги на страна муабетите дека Интер е пред распад. Сунинг веројатно бара малцински инвеститор, ама тоа не значи дека ситуацијата е толку критична, колку што се претставува.

Иначе, парите кои би ги добивале од учество, во споредба со парите кои останатите клубови би ги добивале, е најбитниот аспект за нас, бидејќи од тоа би зависела идната компетитивност на клубот. За кур ми е лигата, ако единствена улога на Интер во неа е да биде украс и да прави друштво. Да сум акционер, би ми било битно дали клубот ќе биде профитабилен во иднина, ама јас сум фан, ме интересираат резултати на терен.
Иако, не исклучувам и дека ова беше една голема игра, или некаков договор. Многу е тешко во моментов човек да процени, што се случувало во позадина.
 
Многу сакам на 1ви Мај да славиме скудето за да одам на рает другиот ден да се убијам од алкохол во некоја планина или парк... долгоочекуваниот ден после 11 години е се поблиску.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom