Во почетокот, за време на родовските односи, грчката религија се состоела во обожавањето на природните појави (животните, земјата, дрвата...). По распаѓањето, во Хомеровото време оваа религија била заменета со верувањето во боговите. Грчката митологија се состои од легенди (митови) за боговите и хероите (од тука е и називот - митологија), а коренот и е нормално во верувањето на старите Грци. Грчките богови изгледале како луѓе, имале доблести и мани како луѓе, се разликувале по тоа што биле бесмртни, помалку – повеќе неранливи и способни да станат невидливи и да патуваат со брзина на светлината, а живееле на Олимп. Грчката митологија сигурно имала влијание на сите останати митологии.
Настанувањето на светот:
По грчкиот мит, во почетокот небото и земјата биле измешани и владеел хаос. Потоа од хаосот се издвоиле богињата Геја- земјата и Уран- небото. Тие двајца ги изродиле останатите богови – титаните. Меѓутоа, Уран плашејќи се некој од децата да не му ја преземе власта ги затворил титаните под земја. Меѓутоа еден бог- Хронос (време) успеал да излезе од провалијата и да ги ослободи останатите браќа и сестри. Тогаш, како што се и плашел уран, Хронос ја одземал власта на татко си и станал господар на светот. Меѓутоа Хронос го стекнала истата судбина како и неговиот татко, бидејќи бил симнат од страна на неговиот помлад син- Зевс.
Настанувањето на луѓето:
Во почетокот Грците мислеле дека луѓето никнале од земјата како билки, меѓутоа со времето тоа верување е отфрлено и се мислело дека титанот Прометеј од глина направил човек, а Атина му вдахнала душа. Прометеј ги штител луѓето, им помагал и ги учел. Од Аполон го украл огнот и им го дал на луѓето, потоа фатил див бик и им го дал на луѓето да го впрегнат, ги научил како да вадат руда. Поради сето ова Зевс се налутил и било наредено Прометеј да биде окован со железни синџири и на Кавказ тој бил прикован за една карпа каде што секој ден слетувал орел кој му го клукал црниот дроб. Прометел долго висел вака додека не бил ослободен од Херкулес.
Херои:
Во грчката митологија се споменуваат и полубогови, кои се нарекуваат херои. Тие имаат надчовечна сила, памет и снаодливост. Обично биле заштитници на луѓето, убивале чудовишта и разбојници. Најпознати грчки херои биле Херкулес, Тезеј, Јазон.
Во грчката митологија постоеле грчки божества, музи, нимфи, херои, титани...
Грчки богови:
-Зевс, Хера, Посејдон, Афродита, Дионис, Аполон, Хермес, Деметра, Атина, Арес, Хастија, Артемида, Аполо, Аластор, Калипсо, Еол, Хад, Херкулес, Ирис, Мојра, Морфеус, Немесис, Нике, Пан, Тетис, Тритон, Хеба, Хефајс, Хестија...