Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Си ја преценија моќта ликовиве. Немаат толку тежина на пазарот, колку што беа убедени дека имаат. Вкупните приходи на сите 12 клубови, во најдобрите години, се околу 6.5 милијарди евра. За една индустрија во денешната економија, тоа е ништо. Посебно кога целиов проблем доби и политички контекст, им го снема целиот leverage преку ноќ. Пишав и во претходни постови, фубалот е и културен феномен, не е само entertainment. Американците не го разбираат тоа, а на криминалци како Ањели и Перез, никогаш не им ни било гајле.
Плус, избраа најлош можен тајминг за овој потег, во ваква глобална економска клима, со вака диспропорционално претрпени последици од ковидот, од страна на 1% и останатите. Пр самоубиство е да искачаш со вакви елитистички планови, резултат на картелско договарање, кога револтот врие под површината цела година.
Секоја чест за навивачите во Англија и за Челзи како клуб. Можеби и другите посрале гаќи, ама факт е дека они први повлекоа потег.

Тешко фијаско и удар по реномето на клубовиве, особено смешни искочија менаџериве кои се истрчаа како лидери на новава лига. Мило ми за гомното Ањели и фосилот Флорентино. Заслужуваат ваков јавен резил и двајцата.
Сега станува интересно како ќе се смени балансот на моќ во фудбалскиот свет. Мислам дека старава гарда на историски клубови, си пукаше во нога со потегов, зошто претходно имаа прилично привилигирана позиција и влијание низ целата хиерархија на Уефа.
Сега на новите лојални клинци можеби повеќе ќе им се слуша гласот во иднина.
Мене искрено сево ова не ми е јасно. Се работи за паметни и успешни луѓе, невозможно е да ја немаа предвидено реакцијата на јавноста. Не се влегува во ваков пуч без сондирање на јавноста. Овие испаднаа шокирани од тоа на каков отпор наиде идејата за супер лигата.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.603
Поени од реакции
5.571
Најголена грешка им беше лошиот формат со без систем на испаѓање. Да го спремеа тоа малце подобро немаше да има вакви реакции и може ќе им пројдеше идеата. А и требаа да знаат дека нема да наиде на одобрување. Како и да е направија притисок и врз уефа што резултираше повеќе финансии за фудбалот во глобала.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
којзнае какви последици и реперкусии ќе има сега за пучистиве
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Интересно е што и фудбалерите и менаџерите на овие клубови се против (барем во ПЛ не знам за другиве лиги).

Бруно, КДБ, Рашфорд + ете муабетите дека Мегваер и Шо биле иницијатори, Хендерсон свикал состанок итн итн.
Со оглед дека они би биле исто во ќар, доста неочекувано дојде ова.

ЕДИТ: Еве го и Хендерсон

 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Мене искрено сево ова не ми е јасно. Се работи за паметни и успешни луѓе, невозможно е да ја немаа предвидено реакцијата на јавноста. Не се влегува во ваков пуч без сондирање на јавноста. Овие испаднаа шокирани од тоа на каков отпор наиде идејата за супер лигата.
Ќе да ги изненадил политичкиот фактор, така ми се чини. Не дека им се чисти образите на сите инволвирани.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.279
Поени од реакции
12.631
Место да ги плукаме и ругаме Челшит, Шити и ПСЖ како расипници, тие махерски станаа заштитници на фудбалот. Ех Филе и Перезе мајче ви ебам, пропаднав заради вас како што утре ќе пропадне Јувентус на Миланската берза. Иш.
овие можат да се приклучат на #MeToo движењето
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.944
Поени од реакции
25.213
Ако го направи Челзи ова, масивно ќе ми се подигне респектот за клубот, дури ќе се расправам со Ставро катадневно ако треба.


21.jpg
images.jpeg

ElDidier
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
абе сиромаштијо остануваат мегамилионските плати на играчите и менаџерите да се шетаат на зелена ливада.....или не ?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Мене искрено сево ова не ми е јасно. Се работи за паметни и успешни луѓе, невозможно е да ја немаа предвидено реакцијата на јавноста. Не се влегува во ваков пуч без сондирање на јавноста. Овие испаднаа шокирани од тоа на каков отпор наиде идејата за супер лигата.
Колку побогати, толку поdetached се од реалноста. Или некоја агенција ги има прелажано со фалш истражување или пак Американците ја посрале работата со нивната игнорантност, исто како Волмарт што си помина во Германија.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Леле, кога ќе ми текне некоо ликови тука го споредуваа ова со НБА, со НХЛ... ццццц

Не е Америка ова дечаци, глави паѓаат. Фудбалот тука е светиња од спорт, премногу се замешани сите сфери (економски, финансиски, политички, забавни).

Во Англија ќе ги ставеа во Sunday League да играат шесте екипи, абе око немаше да им трепне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom