Woke и cancel култура, SJW, safe spaces, политичка коректност...

Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Да секако се поместува на лево со левичарскиот лесе фер неолиберализам на левичарите Реган и Тачер каде се продава, дерегулира, фритрејдира се и сешто, се кратат даноци и државни трошоци и се минимизира државната улога во економијата, па потоа тој нерегулиран пазар пропаѓа и секако државата мора да скрати социјални трошоци уште повеќе, за спас на приватни банки, врв на левичарство...

Ок значи барем се согласуваме дека регулација не е апсолутно добро или зло... Тоа пак зависи дали гледаш на компаниja како „здружение на луѓе кои создаваат општествено корисни продукти и услуги“ или „здружение на луѓе кои создаваат профит за сопственикот/сопствениците“. Значи некои регулации се неопходни и корисни, некои се непотребни и штетни...

Ок можеби како дисперзиран капитализам подржан од државата. Наместо капиталот да се концентрира се повеќе во мал број луѓе, државата да овозможува што повеќе број луѓе да преминат од работници во капиталисти и да престанеме со марксизмот еднаш веќе. Не ми пречи рамен данок за плати ама ич и подобро би било ако може да се укине комплетно и за работниците на минимална плата и за ЦЕОви на корпорации. Проблемот е со тие што не придонесуваат ништо кон економијата туку само го поседуваат капиталот, направен и пренесуван уште од робовладетелски времиња и транзиции, кои многу лесно можат и избегнуваат данок...

Ниедна држава досега не пропаднала од минимална плата, скоро сите западни ги имаат, види Германија и Англија, релативно достојна минимална плата а невработеноста им е на најниско ниво во историјата, искрено незнам од каде ги вадете овие аргументи. Никој не ги поставува арбитрарно тие плати, туку се прават преку преговори со бизниси... Капитализмот е суров бидејќи му дозволуваме да биде суров, социјален дарвинизам, животни сме нели не знаеме подобро затоа...

Затоа се залагам за поголема дисперзирана приватна сопственост, поголема еднаквост, поголема инволвираност во економијата и побогати граѓани, значи држава која ќе почне да подржува поседување на други извори на доход освен плати, за сите граѓани, и да престане државата со доење бебиња и пензионери...

Мислам на капитализам соодветен за 21ви век. Овој е те нешто 18ти, те нешто 12ти век... Верувам дека ти мислиш на капитализмот во Нацистичка Германија, каде има бум на одредени права за ариевци, пропратено со ропство за неариевци за зголемена продуктивност и вишок сапун за извоз...

Зошто се откажуваш бе баш сега, кој ќе го брани капитализмот од мене после? :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Како би поставил една ко Тачер да ми ја води економијата/финансиите, ама да го има ликот и облините на Нина Ангеловска. Само карактерот и резонот на Тачер ми требаат, ништо друго. Реган, идеолошки беше фантастичен. Ама потоа целосен потоп и 5-6 непотребни војни. Гренада ја нападна! Мислам дека никој не може на мапа да ја најде, таа им била закана!

Не можеш така да гледаш само кон нацистичка Германија од аспект на продуктивниот труд. Точно дека ги пика сите по фабрики, но до тогаш работникот земал дневница на 2 пати затоа што во рок од неколку часа цените се менувале поради високата инфлација. Работникот прв пат можел да си дозволи одмор. Сепак нацистите започнуваат како работничка партија. Зборувам за бум на работнички права, не граѓански, економски, културни или политички.

За дефинициите за поимот "претпријатие". И да се максимизира профит, економската логика вели дека поединецот е себичен и сака што повеќе, така дел од тој профит ќе реинвестира. Инвестира во самата економија, што и годи на државата. Проблемот можеби лежи во огромните претпријатија кои не можат да се контролираат. Или креираат картели и холдинзи и ја злоупотребуваат доминантната позиција на пазарот за намалување на даноците и регулирање на цените. Има еден понудувач. Тој ја контролира цената. И да, сака да продаде што повеќе по највисока цена.

Реформите се нужни. Вториот процес е трансформирање на целиот економски систем. Некогаш и тоа е опција (кај нас започна '89). Чим имаме забрзан технолошки прогрес и нови технологии, економските системи ќе трпат промени. Во која насока зависи од идеологиите, но и од војните и кризите.

Проблемот со минималната плата. ЗЗ дал политичко ветување 500 евра просечна плата! Политичкиот притисок врз претпријатијата во овој момент е огромен (а тука е и Законот за минимална плата). Затоа нужно е да има поставено минимачна плата, но таа да биде резултат на договор, а не на волја на политичкиот субјект кој сака да придобие гласачи. Како растне платата, и цените се во раст. Затоа ова е класично минско поле. Треба да се игра доста претпазливо.

Ти имаш некоја своја форма на капитализмот. Трендот на движење на капитализмот е кон социјализмот. И јас не сум за оној хард кор капитализам. Работодавецот мора да ги зголеми платите ако никој не покаже интерес за огласот! Видовме дека истиот ни на папир не функционираше. Нула права за работниците. Тие беа обична алатка за профит. Резултираше со протести и интервенционизам насекаде. Сега имаме МОТ конвенции и препораки кои се одредена основа. Ама и тие се резултат на договор (демек).

Затоа најпаметно е да се поттикне соработката, своеволието на државата да се тргне на страна. Пречките за влез и излез од пазарот да се сведат на минимум. И политиките на власта да бидат и гаранција за сопственоста. Другото, економските теории се чиста теорија. Самите страни си ги уредуваат интерно односите за исплатливоста од раскинувањето на договорот во однос на исплатливоста за реализирање на (или мотивираноста да се заврши) обврската, која е стимулирана со плаќање пенали за неизвршување. Тоа мора да остане интерно. Земи или остави (пак економска логика за профит).
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Искрено не можам да го сфатам тоа идолизирање на Тачер и Реган од страна на деснoкрилести конзервативни либертаријанци. Па и направивте религија од нив, Реганизам и Тачеризам :facepalm:
Како прво Тачер беше избрана после нафтените кризи од 1973 и 1979 и колапс на берзите и пад на БДП и инфлација од 25% (!!!). Нормално дека во такви услови ќе креваш каматна стапка до 17% и ќе кратиш државни трошоци и ќе правиш се што е потребно да ја стабилизираш и да ја покренеш одново економијата. Значи причините беа пред се надворешни, и кој и да беше на власт ќе ги направеше истите работи. Реформите беа потребни. Но по која цена? Уништување на индустриските реони и масовна невработеност за да се направи место за профитот и финансиски Лондон и масовен приватен долг. Се изпродадоа сите монополи и загубари и печалбари, сега British Leyland е во сопственост на индијци, германци, арапи и кинеската држава. Heathrow е 90% поседуван од странци. Тоа е наследството на патриотката Тачер. Значи поради светска криза и глупа идеологија тргнаа на лошо многу работи, но сепак Тачер имаше некои позитивни работи, на пример на многу луѓе на социјално домување им дозволи да ги купат домовите со 70% попуст. Еве со статистика:

OB-WZ433_MAGECO_G_20130408210102.jpg

Забележи ја само даночната стапка за највисоките плати, 83% :sramezliv:

Уште една за перспектива:

chart-showing-UK-annual-GDP-growth-and-decline.png

Ништо посебно. Moving along.

Workers' paradise, Nazi Germany:
Workers lost their right to negotiate their wages and improvements in their working conditions.
They could not change their job without permission. The maximum working hours per week increased from 60 to 72.
Workers could be in danger of being unfairly treated by employers for questioning their working conditions. The number of serious industrial accidents increased. Industrial-related illnesses went up 150%.
Living conditions in National Labour Service (RAD) camps were poor.
Massive cuts in welfare spending affected lots of people.
Many farmers left their land due to poverty (in spite of subsidies, guaranteed prices and tax cuts).
Small businesses suffered a lot. Rules on opening and running small businesses were tightened, which resulted in 20 per cent of them closing. They could not compete with the monopolies and cartels formed by big businesses.

Да така работи на микро ниво, со сопственици на мали и средни бизниси. Со големите е друга игра, тие се шерхолдери, нив не ги интересира реална економија, тие ги ставаат парите во хеџ фондови со кои раководи менаџер, на кој единствената задача му е return on investment. Не знам како деривативи и на пример шорт селинг, да се кладиш дека одредена компанија ќе пропадне и да направиш профит ако пропадне, и потоа да го скриеш профитот во некое дувло на другиот крај на планетата и да не платиш ич данок, не знам како точно тоа придонесува за економијата и државата, не знам можеби до мене е...

Реформите се нужни, но не треба да се прават идеолошки, ами демократски...

Ах тој лош Зајко, како смее да ветува просечна плата на ниво на БОСНА, не може Северна да си дозволи таков стандард, ццц абе ќе ги банкротира сите северни крони капиталисти, ах тој бесрамник еден социјалдемократски...
Хмм договара ми е некако пресилен, прееднаков збор. Нема зделки за ова. Државата е над капиталот. Консултира можеби? Државата може да формира независна комисија која ќе го анализира пазарот и ќе препорача соодветна минимална плата, после сите прос енд конс и консултации. Инфлација не е проблем во денешна доба, дури и пожелна е до некаде...

Види треба некаков баланс меѓу социјализам и капитализам, за доброто и на двата. Ако си работник како индивидуа немаш многу преговарачка моќ, мора тоа некој колективен авторитет да го прави за тебе, дали држава дали трговска унија. Преферирам држава. Ако си работодавец мораш да имаш некоја правна заштита од арбитрарни авторитет кои сакаат само да ти наштетат и да ти го уништат сопствениот бизнис. Значи не се може едно без друго и обратно...

Соработка хммм... разбирање можеби? Секако дека сите сакаме правна држава, но светот на профитот треба да знае и да биде потсетен ако заборави, дека правилата можат и ќе се менуваат, и дека и демократската држава не е рамноправен партнер, туку е Суверен, и дека мечот и жезалот не се само украси...
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
И Тачер политичката моќ си ја зацврсти по војна. Нејзината надворешна политика беше одлична и успеа и економски и политички да си ја зацврсти државата. И она што завршува на - изам не е религија, туку учење (движење). Никој не ве напаѓа затоа што имате изградено култ (вие левичарите) и кон Ленин, и кон Сталин и кон Маркс. :P

После Тачер сѐ шарлатани. Мејџор, Блер, Браун, Камерон, Меј и Џонсон. Може пропуштив некој. Англија се движи кон тренд да во одредени градови мнозинство од населението станат неангличани. Тој тренд е за солидарност кон поранешните колонии и територии! А излегоа од ЕУ затоа што не сакаат мигранти и не сакаа Турција (која е доминантно муслиманска држава) да стане членка на ЕУ!

Собаротка, не разбирање. Државата мора да ја поттикнува соработката. Нема да има социјални немири и ќе владее добра волја за спроведување на договорите. ЕСС е такво тело, МОТ таква организација и тоа е добар тренд на глобализацијата. Имаме одредена унификација на законодавствата. Власта е медијатор, но во МОТ има активна улога на гласач.

Да се вратиме на темата. Досега зборувавме за одреден своевиден концепт на капитализмот и за улогата на власта во справувањето со предизвиците. Соодветен пример е простувањето на студентските кредити во САД до 10.000 $! Бараа 15.000 но Џо рече не! Дали државата треба да простува кредити? Не. Економски е неисплатливо. Плус тука се привилегирани оние кои се запишале на колеџ во однос на оние кои не се запишале.

И не се сложувам со членовите кои тврдат дека ова за нас ќе остане непозната територија. Нашето образовнание ќе стане воук. Веќе имавме повлекување на учебници по граѓанско образовнание и по национална географија.
Во соседна Србија во собранискиот лавиринт е Законот за истополови заедници. Тој е спротивен на Уставот на Србија, но и ги привилегира истите за ползување на одредени права во таа заедница во однос на хетеросексуалните заедници. Тоа е новата нормала и си закоравен ако си против!

SJW- го има од 2001 кај нас. Дури и Дуи е класична SJW партија која ги фаворизира Албанците со сите тие привилегии за глас плус. Истата логика ја применуваат и SJW за "угнетуваните" во американското општество (црнците и посебно црната жена, педерите, транџите, мигрантите...сите кои не се бели мажи). Ова девијантно однесување е резултат на општествената декаденција. Кога ќе видиш дека сѐ е од приватна иницијатива, Гејтс за вакцини, Маск за автомобили или Бренсон ракети! Другите држави ја земаат полека водечката улога на САД во светот. САД се сведе на воениот буџет кој е се поголем и поголем. Дел и носи капитал, ама полесно е да поминат 700 милијарди за воените потреби отколку Х милијарди за некој проект сличен на Хабл!

За ПиСи културата кај нас. Има неколку невладини кои галамат, ама треба ептен да го фати вниманието на јавноста за да стане дел од некој судски процес.

пи.ес. Има една максима "што повеќе права за работниците, толку помалку права за невработените". Заев дал политичко ветување за просечната плата која може нема економска оправданост и логика. Таа треба да е продукт на заедничка волја во форма на договор, а не на самоволие на власта.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Западот се поместува кон лево и државната интервенција е политика на левицата во тој сет алатки на "големата држава (влада)". Тоа го среќаваме во командната економија преку лечење на претпријатијата и банките кои се во криза со давање на лажни (политички) кредити (тоа го имаше и кај нас по независноста, дури и во '95 и '00 за Стопанска банка). Ако сакаш да имаш стабилна економија, мора да имаш стабилни банки.

Но лично ја поддржувам државната помош при Ковид пандемијата затоа што власта е таа која те огранучува или ти забранува во целост да ја вршиш својата дејност. Се залагам за дерегулација, сем кај монополот (природниот монопол не може да се избегне) и кај загадувањето на животната средина. Тука цената ја плаќаме сите. Ова прашање отвори многу полемики во САД последните неколку месеци.

Не знам што подразбираш ти под редистрибутирана приватна сопственост со државен интервенционизам. Но даночниот систем мора да остане ваков каков што е- рамен данок. Не можеш да настапиш со логиката дека "богатиот мора да плати повеќе затоа што може". Богатиот и плаќа повеќе затоа што на иста даночна стапка има повисока даночна основа.
Економскиот баланс не може да се одржи без оние кои го поседуваат капилот. Не може. Затоа има и тука механизми (како ЕСС) кои треба да стимулираат соработка меѓу сопствениците на трудот и капиталот (односно нивните претставници) и владата како медијатор.

Прашањето дали треба да има одредена минимална плата е исто така спорно. Капитализмот е доста суров и затоа сметам дека да, но повторно да биде продукт на договор, а не на самоволие на власта.

И последно. Социјалните проекти се срање. Крајно дестимулативно се рефлектираат на економијата. Тоа се буквално пари фрлени во вода (иако технички дел од парите циркулираат). Треба голема социјална реформа затоа што ~40% од буџетот оди за социјални трансфери, а тука се и оние кои се на државна цицка. Никогаш нема да доживееме економски просперитет со толкави тегови. Згора на сѐ имаме и огромен јавен долг. Не може во целост да се отфрлат, но мора да се намалат.

И капитализмот поминува низ одредени фази. Не знам ни за која форма на капитализмот мислиш. Дури и имаш уште една интересна теорија-национал-социјалистичката за подреденоста на работникот. Во тој период има и бум на одредени права, каде некои работници прв пат во животот отишле на одмор.

Штета што ме начека на залезот на мојата форумска "кариера". :(
Капитализмот не мора да биде суров.Пример за тоа се Скандинавските земји.Ама со нашиот балкански менталитет секој систем ќе биде суров.5 века под турско не е заебанција.Не можиш преку ноќ да го ресетираш да биде скандинавски.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Капитализмот не мора да биде суров.Пример за тоа се Скандинавските земји.Ама со нашиот балкански менталитет секој систем ќе биде суров.5 века под турско не е заебанција.Не можиш преку ноќ да го ресетираш да биде скандинавски.
Види како е замислен да функционира капитализмот.

Ама зависи од формата на капитализмот. Ништо не е врежано во камен. Ако не функционира или се реформира или се трансформира. Ние имаме пазарен систем, но имаме и регулаторни тела. На хартија е сѐ супер, во пракса работата кочи. Корупцијата е голем проблем. Покрај тие регулаторни тела имавме покачување на струјата поради надворешен притисок и формирање на ВИП покрај постоење на КЗК! :)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Види како е замислен да функционира капитализмот.

Ама зависи од формата на капитализмот. Ништо не е врежано во камен. Ако не функционира или се реформира или се трансформира. Ние имаме пазарен систем, но имаме и регулаторни тела. На хартија е сѐ супер, во пракса работата кочи. Корупцијата е голем проблем. Покрај тие регулаторни тела имавме покачување на струјата поради надворешен притисок и формирање на ВИП покрај постоење на КЗК! :)
Види за тоа и го спомнав менталитетот како главна кочница.На пример кај нас имаш цели генерации кои се воспитани со девизата-Учи за да неработиш.Сеа имаш илјадници невработени со дипломи пошто не сакаат да работат ништо друго надвор од нивната струка.На капиталистот не го интересира дали имаш диплома или не.Или те бива или не,толку.Од друга страна ја имаш Јапонија каде шо на децата на училиште од мали им се ствараат работни навики.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.548
Поени од реакции
2.691
Капитализмот не мора да биде суров.Пример за тоа се Скандинавските земји.Ама со нашиот балкански менталитет секој систем ќе биде суров.5 века под турско не е заебанција.Не можиш преку ноќ да го ресетираш да биде скандинавски.
Нордискиот модел е најдобар , но за жал менталитетот тука на народот не е за нордискиот. Иако погледите ми се социјал-демократски / социјалистички , најдобриот модел за Македонија е Сингапурскиот. Многу што мислат дека сингапурскиот модел е чист капиталистички модел забораваат дека недостатоците на капитализмот горе доле се санирани таму ( маркетот за недвижнини повеќе од 80% е од државата ) ма да и таму последниве 10-15 години го фаќаат истиот тренд на decline на системот , ама таков е капитализмот , нестабилен и вештачки одржуван во кризи.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.357
Поени од реакции
34.999
Капитализмот не мора да биде суров.Пример за тоа се Скандинавските земји.
Скандинавија ти е чист социјализам (и неодржлив на долги патеки без вишок финансии, како и сите форми на социјализам).
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.118
Поени од реакции
9.520
Скандинавци живеат во Скандинавија и затоа функционира системот, но како се зголемува приливот на пипл оф колор така истиот ке пропаѓа.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.070
Поени од реакции
6.551
Скандинавија ти е чист социјализам (и неодржлив на долги патеки без вишок финансии, како и сите форми на социјализам).
Како е неодржлив кога нордискиве земји го фураат тој систем скоро еден век, а Норвешка на пример не само што нема долгови туку има државен фонд од над Трилион евра.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Како е неодржлив кога нордискиве земји го фураат тој систем скоро еден век, а Норвешка на пример не само што нема долгови туку има државен фонд од над Трилион евра.
Да, затоа што има нафта и природен гас. И Сирија поради тоа имаше прогрес. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom