Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?

  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Не им дошло до играчите и навивачите? Тие го прават спортот, не знам шо се понашате како овие неколкумина да се богови, баш зависат од навивачите и играчите, смеј се слободно.
Точно, само навивачите и играчите можат да се изборат против ова. Ама за тоа е потребно баш сите навивачи сложно да протестираат и бојкотираат. Локалните да не одат на стадион, а ние да не гледаме на ТВ. И сите играчи да се сложни и храбро да се спротистават на своите газди и да ризикуваат да останат без работа. Која е шансата ова да се случи?
 
Би рекол локалните се поважни, ако останат стадионите полупразни тоа ќе е крах.

Играчите ако се договорат и излезат заеднички ништо не им можат, шанса нема да тргнат газдите против играчите. Јасно е кој ќе ја добие таа битка.
 
Дедото пак ќе гостувал на некое радио, го пуштиле сам да го брани проектов, никој друг не излегува да се валка, јасно им е што мислат сите, од играчи, тренери до навивачи. Во случај да не бидне ништо ќе се понашаат како ништо и да не се случило, само Перез изигравал кловн по телевизии, паметна работа.

Тоа што Перез само излегува и зборува не го менува фактот дека сите претседатели што го потпишале договорот се исти гомна, меѓу кои и вашиот бог Лапорта. А и нормално е дека Перез ќе зборува кога тој е претседател, кога се случуваат вакви работи очекуваш одговорност од претседателот, зарем не? Но колку што е Перез крив, толку се криви и останатите претседатели кои се дел од оваа гомно лига.
 
Не знам шо му треба ова да ги вади Барса од гомна ама ајде.
 
Наратор:

Не можат да направат Супер Лига без англиските клубови.

А тоа што ја потценувате државата како таква е исклучиво ваш проблем и неукост. Имаше вакви како тебе и во 2009 година во САД на пример, или исто во САД во 1929 г година, па плачеа и молеа за државна интервенција која ќе им го спаси посраниот концепт и политичка идеја.
Си ги измешал нешто лончињата, од Супер лига отиде на глобална финансиска криза. Не ја потценувам државата, пишав има моќ да реагира. Дали и е од интерес да го напраи е друг муабет.
 
Значи со тебе правам муабет не со другите 80 страни, бидејќи те сметам за паметен лик.
12те клуба не бараат да не играат во домашните лиги туку да не играат во Лига Шампиони. Како тоа го уништува фудбалот ? Се откажуваат од едно приватно натпреварување и одат во друго кое е креирано од нив зошто им се може. Објасни ми како го уништуваат фудбалот ? Ги уценуваат другите да играат таму, ги држат за грклан уефа да ја уќине ЛШ ? Не ти го сфаќам муабетот. Ете им го ПСЖ нека го држи кремот у ЛШ заедно со Баерн и компанија. Значи едноставно бизнисот ќе пропадне ако не го направат ова, а се доволно моќни за да го.

Фудбалот нема да престане да постои без овие 12 клуба, нити ќе пропаднат првенствата.Смешки се муабетиве
Го уништува. Правиш приватна лига и другите кој ги ебе. Генерираш уште поише пари од ТВ права и квази навиачи од Индонезија и Филипини (не дека сеа ги нема). Преполн си со пари. Утре ден и одиш на Астон Вила и и го зимаш Грилиш ко ништо а сирота Вила се мачела толку да го развие ко играч. Не развиваш фудбалски клинци - таленти затоа што во Супер лигата ќе сакаш да играш со ѕвездите што ти се платени по 500к неделно. Дали мислиш дека новиот Гринвуд на 17 години ќе добие деби против Реал Мадрид ? Ќе извади ли Барса нов Ансу Фати ? I don't think so... Ги земав за пример Јунајтед и Барса како тимови затоа што во последни 2-3 децении стално вадат играчи од школа и се првотимци. На Јунајтед како клуб голем дел од филозофијата му се темели баш врз младинската школа.
Немаш веќе утакмици каде што малиот клуб победува некаков Титан (и сам знаеш како е, беше навивач порано :) )

Дали ќе им биде дозволено на овие 12 клубови да продолжат да играат во домашните првенства? Федерациите се прилично остри во ставовите дека ако играат во друго натпреварување кое не е признаено од ФИФА и УЕФА ќе бидат автоматски избацени од домашните првенства. Едно е тие да сакаат друго е дали ќе им дозволат. Океј сеа иде делот ''ама знаеш дека овие клубови носат пари, поише они им требаат на лигата него лигата нив и сл''., ама овој проблем е надминлив според мене. Кога можеа клубови како Сити и Тотенхем да станат некаков фактор у фудбалскиов свет, ќе можат и Евертон, Вест Хем и Вила.

Нема да престане фудбалот и без овие 12, ама помалите ретко ќе имаат шанса да играат со некој од овие гиганти, а тек па да го победат...
 
Би рекол локалните се поважни, ако останат стадионите полупразни тоа ќе е крах.

Играчите ако се договорат и излезат заеднички ништо не им можат, шанса нема да тргнат газдите против играчите. Јасно е кој ќе ја добие таа битка.
Ама која е шансата да се случи тоа. Целосен бунт и одбивање за одење на стадион и за играње, а не само празни зборови. Јас мислам 0,00000000000000000000000000000000000000000000001%
 
Тоа што Перез само излегува и зборува не го менува фактот дека сите претседатели што го потпишале договорот се исти гомна, меѓу кои и вашиот бог Лапорта. А и нормално е дека Перез ќе зборува кога тој е претседател, кога се случуваат вакви работи очекуваш одговорност од претседателот, зарем не? Но колку што е Перез крив, толку се криви и останатите претседатели кои се дел од оваа гомно лига.
Па јас не ги бранам, не знам како си го разбрал така постот, сите се гомна, ама овај излегува на тапет најмногу. Иначе нема дилема дека и Лапорта е гомно криминално, не се станува претседател на клуб од поштеност.
 
Па шо мислиш зошто гостуваше во Чирингито синоќа ? Кој ја гледа таа емисија знае дека 80% се Мадридисти внатре. Не случајно прв пат се огласи во јавност во таа емисија, и скоро сите гости синоќа беа Мадридисти, освен двајца ама тие безгласни букви се, никој не го нападна со прашања, дремеа како путки внатре, в уста му се пулеа цело интервју и климаа со главите како ретардирани, единствено водителот малце го нападна ама не дојде до збор оти старецот не престана да брбла, ко Васко Ефтов да го слушав. Сориа го оставија дома оти пепел ќе го напраеше на сред емисија, а баш се надевав дека и тој ќе биди во програма.
Џосеп Педерол водителот е куле и роден Каталонец.

Нејсе, смешно е фановиве на Барса на форумов да ја напаѓаат Суперлигата, а ја напаѓаат зошто е Флорентино претседател и не разбираат дека тоа е почесна титула, ете нека му ја дадат на Ла Порта. Не ги прави претседателот правилата, туку сите учесници. И ако на некој му треба Суперлига моментално, тоа е Барселона. Со долг од 1.2 милијарди евра, а наредна година ќе и плаќаат пенали на УЕФА поради ненавремено враќање на кредити. Истата таа УЕФА што им го сврте грбот во сред криза и има улога на лихвар очигледно и се активира само кога некој дужи пари.
 
Ама која е шансата да се случи тоа. Целосен бунт и одбивање за одење на стадион и за играње, а не само празни зборови. Јас мислам 0,00000000000000000000000000000000000000000000001%

Немора да е целосен, исто ко и на другава страна што не и треба целосна 100% подршка да си прогура некои свои агенди.

Како што објаснив некој пост погоре, се си е меѓузависно и ќе испадне како што треба, незнам што се крева толку фама.

Се ќе си се избалансира до некоја точка на взаемна рамнотежа, нема бегање, само опуштено :)
 
Ама која е шансата да се случи тоа. Целосен бунт и одбивање за одење на стадион и за играње, а не само празни зборови. Јас мислам 0,00000000000000000000000000000000000000000000001%
Ајде прво да видиме капитените што ќе договорат, јас мислам има добра шанса да се спротистават.
 
Џосеп Педерол водителот е куле и роден Каталонец.

Нејсе, смешно е фановиве на Барса на форумов да ја напаѓаат Суперлигата, а ја напаѓаат зошто е Флорентино претседател и не разбираат дека тоа е почесна титула, ете нека му ја дадат на Ла Порта. Не ги прави претседателот правилата, туку сите учесници. И ако на некој му треба Суперлига моментално, тоа е Барселона. Со долг од 1.2 милијарди евра, а наредна година ќе и плаќаат пенали на УЕФА поради ненавремено враќање на кредити. Истата таа УЕФА што им го сврте грбот во сред криза и има улога на лихвар очигледно и се активира само кога некој дужи пари.
Педрерол е куле ама од оние кои не му смета да освојува Реал секока година титула. Небитно, револтиран беше синоќа и единствен кој проба да го нападни Перез ама стариот е долго време на оваа сцена и има давано интервјуа колку Педрерол влакна со има на главата. Не ги остави до збор да дојдат, на секое прашање имаше одговор а кога ќе му поставеа нешто шо не му одговара му ги вртеше прашањата како Филипче наш :).
 
Точно, само навивачите и играчите можат да се изборат против ова. Ама за тоа е потребно баш сите навивачи сложно да протестираат и бојкотираат. Локалните да не одат на стадион, а ние да не гледаме на ТВ. И сите играчи да се сложни и храбро да се спротистават на своите газди и да ризикуваат да останат без работа. Која е шансата ова да се случи?
Последниве 4-5 години само на форумов со секое ново трансфер лето и пренадуени трансфери има кило постови од типот на - „каде замина фудбалов, не е за гледање“, и изненадување, пак се гледа. Да се намалеше гледаноста, ќе се намалеа и парите од ТВ правата и може немаше да се подуе толку меурот пред пандемијата.

ТВ правата, генерирањето на социјалните интеракции, посети на Твитер, Инстаграм, Фејсбук, кликање на тие нивните хаштагови, тие се денес богатството кое нив им носи приливи. Затоа и Перез посочи дека ова денес се Нетфликс генерации и во право е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom