Хмм, ја би ги изанализирал прво фактите про оваа одлука, стриктно од аспект на поголемите.
Луѓе, сфатете еднаш, бизнисот го боли цеф за традиција, освен кога таа му иде во прилог. Мора да расчистиме околу тоа. Затоа пример сите други се повикуваат на "традиција", бидејќи од таа традиција, они го вадат лебот.
Веќе е прекасно едноставно, клубовите и општо фудбалските организации се премоќни и комотно можат да формират своја лига и таа верувам да биде од технички и професионален аспект топ организирана и во време на пандемија. Екипи како Сити, ПСЖ, Реал имаат толкава моќ, што буквално парите што ги издвојуваат за 2 играчи се адекватни на буџети на цели сектори на развиени држави. Едноставно веќе е прекасно и фудбалот одамна е влезен во "бизнис" водите за да сега некако се одглавува. Се знаеше одамна дека ќе иде во ваква насока, само се чека расплетот.
Фудбалот, во очите на крволочните, како што ги нарекуваат greedy owners нели, ја нема остварено свјата целосна монетизациска моќ, а е спорт број 1 во светот, сеуште. Набргу, за 15 години, тој примат ќе му биде, во најмала рака загрозен (ако не и превземен), како што денеска секој спорт ти е на еден клик во секое време, он деманд, секоја секунда, плус е-спортовите вртоглаво растат од година во година.
Фудбалот сеуште е неактуелен во некои атрактивни англосаксонски држави (Канада, Америка, Австралија и тн) каде што може многу повеќе да се монетизира и каде што луѓето не би имале проблем да се сабскрајбнат на дадена тв-like платформа и да ги добијат сите утакмици на клик... Да се разбереме, таквите држави не се многубројни и ако се гледа по "глава на гледач", повеќе од половина (50% +) фудбалските фанови немаат пари да си приуштат Sky Sports пакет или да си додаваат Арена Спорт за 5 евра месечно покрај регуларната претплата. И затоа reddit soccer streams си фршти секој викенд. Најголем дел така функционираат и клубовите, лигите и така натаму сеуште не се оптимизирани во праењето пари ко што се спортовите преку океанот на пример.
Самите лиги се во конкуренција едни на други и тоа на некој начин го спречува остварувањето на целосниот потенцијал на самиот фудбал во поглед на монетизација.
Друга работа е што лига на шампиони е топ натпреварување, да, но, се чини дека тоа најмногу флопнува во поглед на монетизација со оглед на потенцијалот. Имате екипи како Ференцварош, Краснодар, Башакшехир, Клуб Бриж и тн и тн. Овие екипи се 10 нивоа над своите компетенти во домашните лиги и они по 2 месеци се спремаат за таа една утакмица (еве Клуб Бриж со Лацио на пример ми текнува лацијалите едвај поминаа со играч повеќе). Да, ова може не е константен факт, ама секоја година има вакви х примери каде што во име на "еднаквоста" на сите да речам држави, има екипи на кои реално местото не им е таму. Вакви екипи не би биле топ 10 во ПЛ, Серие А и тн. И нека не ве лажат некои резултати и повремени флопови на големите против вакви мали екипички, бидејќи разликата е огромна во број на тешки утакмици и битност на истите. Едно е ти лагано да се шетараш низ лигата како Селтик до лани, Славија Прага, Ѕвезда и тн и да имаш комоција да се спремаш против пример Интер/Ливерпул ко животот да ти зависи од тоа, а друго е да имаш незгодни гостувања константно и да гостуваш на екипа која ЖИВОТОТ СИ ГО ИМА ПОСВЕТЕНО да те победи.
Од фудбалски аспект, реално не секој пат најдобриот во таа сезона е Европски шампион, секако има исклучоци од секаков облик и форма... За мене "најдобар" би требало да биде во конзистентност и во долгорочност, а не во една утакмица каде што некој на среќа ќе рокне еден гол или ќе се случи некоја несакана грешка, после тоа - park the bus и помини даље. Еве пошто се спомна НБА на пример, таму стварно најдобриот во таа година е шампион, бидејќи мора 4 пати да го победи својот противник нели за да помине понатаму. Европските натпреварувања мора да се оптимизираат во тој поглед едноставно и да станат по-објективни.
Друго, ова натпреварување сеуште е базирано на корени од 60тите на минатиот век, кога патување со авион пример било огромен трошок за клубовите, траело многу долго, па хотели чуда, немало технологија ко денес, нивото на професионализам било помало и тн и тн... денеска тоа е многу унифицирано и поедноставено, подобрено... додека корените се тие, истите од 60тите. Да не ме сфатите погрешно, убавината на фудбалот е во тие 2 утакмици кои што се играат во 1/8, 1/4, 1/2 финале, и во Давид vs Голијат, каде што помалиот ќе му ги замрси сметките на големиот, ама на сметка на тоа иде фактот што не секогаш објективно подобриот оди понатака. Да играат во 4 добиени, ќе мора и двете екипи некогаш и некако да напаѓаат, не може да дадат на дубара 1 гол, тотално повлекување и чао пријатно поминавме. Мора да се избалансира фудбалот како игра и да се рафинира ЛШ како натпреварување и тоа е евидентно.
Понатаму, има "ситни риби" инвеститори во фудбалот кои дадени "делумни" успеси ги монетизираат за една година, распродаваат играчи и после тоа имаат тотална стагнација. Еве, ликови како Лотито на пример (лупам), во очи на некои гиганти се проблематични, бидејќи го ситничарат фудбалскиот монетизациски потенцијал на спортот. Едноставно такви ликови им штетат на големите бидејќи тие се тука for the long run, за разлика од ситните интереси на вакви кримоси, кои функционираат на принцип - "пркни една година, собери медот, стагнирај 10" и така во endless loop.
Најмногу од се иритира лицемерието на дадени фудбалски организации, работници, клубови, легенди и тн. Демек види ги Германциве какви се, се грижат за својата лига, помалите клубови, а дозволија феномен како Ред Бул Лајпциг. Лицемерие од епски пропорции. Сите ќутеа тогаш, сега се претставуваат херои кога најшироката јавност им оди во прилог. Јаваат на ветрот на незадоволството и си ќаруваат внимание и ПР поенчиња кои подоцна ги монетизираат самите.
Друго, сите што се противат на идејата, генерално им одговара статус кво ситуација (онаква каква што е), бидејќи во ситуација на некаква си Супер Лига, нивното влијание и кешот што го прават, ќе го снема.
Најгадно од се ми е што телевизискиве куќи, фудбалските легенди и сите што се контра идејава, се кријат позади капата на фановите, најголемо лицемерие во историјата. Каде беа кога фановите на Ливерпул вадеа банери за away ticket prices на Емирати? Ги болеше цев тогаш, бидејќи самите они правеа кеш. Сега, кога нивното праење кеш е доведено во прашање, се кријат позади фановите. ЛИЦЕМЕРНО и гадно. Овие другиве барем не кријат, да, крволочни и алчни сме, тука сме само за кеш и тоа е тоа... За разлика од застапниците контра идејава кои се ултра хипокрити. Плус, самите они имаат неколку годишни договори за тв-права на лигиве, кои идат у канта ако сево ова се преорганизира. Они веќе имаат однапред определени договори и тие се тие што ќе ги трпат последиците од ослабени лиги и тн.
Мултимилионерски пандити како Невил и такви фаци не ми се ни коментираат. Сето лицемерие искочи на виделина.
Фудбалот одамна веќе е тивко згазен и монетизиран, и низ годините никој не се дрзна за ништо да смени, ама сега кога нивното газе е под закана, застануваат зад фановите. Мрш бе пизда ви матер лицемерна.
Смешно ми е као, што има да гледам Милан - Арсенал откако ќе ги изгубат првите 5 утакмици... Епа, да сте сопственик на Милан и Арсенал пример, екипи кои изминативе години се борат за гол курац, вие таму у ноември кревате раце, со што самата монетизациска моќ на клубот е помала. Истото важи горе доле со другиве екипи.
Демек што има убаво во тоа да се гледа Милан - Реал секоја година да играат? А демек не играат вака? Чемпионс куп, Ауди куп, пријателски и тн. Да, тоа не се компетитивни натпреварувања, ама пак, играат обавезно еднаш во 2 години. па да не зборам како и во самата лига на шампиони, пошто истото натпреварување е базирано на принципи од средина на минатиот век, имаме ИЗВЛЕКУВАЊЕ... ЛОТАРИЈА и исти противници играат неколку години по ред во дадена фаза од натпреварувањето (Челзи - Атлетико пример). Значи мора да се елиминира тој ЛОТАРИСКИ момент и да се сведе на минимум, и стварно објективно најдобриот да биде шампион и тоа е тоа.
Понатака, корупцијата во фудбалот и во организации како ФИФА, УЕФА, националните асоцијации и така натаму. Ова е сериозен проблем и се случува многу повеќе отколку што ние знаеме. Верувам дека има еден тон корупциски скандали, и дека ова е исто така една од иницијалните каписли во замислата на големите да се одвојат. Немаат проблем да лапаат кеш и ЛУЃЕ ДА ГИНАТ за изградба на стадиони, па да има робовладетелски односи за работници, ама големите да се издвојат - не никако. Лицемерие пар екселанс. Клошаришта невидени, и они самите се соучесници во упропастување на фудбалот. Префрлија Светско Првенство во Катар вукојебина, се збори и збореше дека преку зима ќе се игра (не сум сигурен дали ќе биде вака), и они ќе ми држат демагогии? Мрш бе, склонете се курца.
Самите лиги имаат недоследности поради погоре-наведените причини што ги наведов. Земаат некој клуб од Чемпионшип пример (еве Шефилд), го креваат горе, го праат кешот таа сезона, 50 милиони профит шклап, газдата задоволен, цица кеш од клубот, го инвестира на друго место каде што ќе има поголема и побрза заработка и после тоа само ќе го одржува клубот во живот, чекајќи следни 5 години исто сценарио за да извлече нови 50 милиони. Така егзистираат, на ниво на локален македонски бизнисмен во однос на долгорочниве големи и огромни клубови кои се тука за да останат и да се борат на врвот.
За разлика од многумина критичари, јас гледам и увидувам од каде им доаѓа потребата на големите да се одвојат. Тоа не може од аспект на фан слепо да се гледа, туку мора и да се внесе перцепција и идеја за бизнис страната, а не самото тркалање на топката.
Но, сепак повеќе сум за НЕ во поглед на оваа идеја, но напоменувам, реформи се неминовни и мора да се случат во европските натпреварувања. Монетизациски, фудбалот не е ни далеку оптимизиран ко што би сакале, и промени се неминовни на ваков или онаков начин.