Види, се тоа ми е јасно, посебно за вториот дел за кој баш сега искоментирав додека листав низ страниве што ги имав пропуштено.
Може си ја видел рекламава, ако не обавезно гледај
Него не си ми јасен зошто ја подржуваш супер лигава во ваков формат како што е сега предложена - без испаѓање, односно glorified friendlies, монопол на парите во фудбалот од 20тина клубови (сигурно ќе се приклучат уште, посебно швабиве и французите), осакатување финансиски на сите тимови надвор од оваа бувљотина, итн.
Па не е фудбалот само овие 20 клуба мме. Што ако пропадне Арсенал или Милан? Немора да се они вечно помеѓу најдобрите, ќе се издигнат други клубови. Вака нема шанса да видиме нов Лестер бидејќи уште од старт се лимитирани.
Нека направат супер лига како замена за ЛШ, ама нека биде таа со релегација, со шанса на сите клубови од УЕФА лигите да се пласираат, нека има еве 5-10 тимови помалце од моменталнава ЛШ, ама да има барем некоја цел СЛ, да има вистинска борба за победа или опстанок.