Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?

  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Да им забрани на екипите кои не се дел од суперлигата да им продаваат/позајмуваат играчи.
А како ќе им забрани на играчите едноставно да сменат професија? Ќе се пензионираат од натпреварувањата под покровителство на УЕФА, ќе играат под овој формат.

УЕФА да направи такво нешто е еквивалент на тоа Македонија да му забрани на САД да започнува војни.
 
Многу просто е брат.
Доколку Уефа и Фифа се против ова едноставно ќе им биде забрането на Репрезентациите да земаат играчи којшто играат во Супер Лигата.

Нормално дека никој не може да ти забрани ти да отидеш да играш во некој клуб ако тој клуб те сака.
 
Nema sto Fifa da se mesa vo rabotata na Uefa.. Fifa si e baska, i nema da im zabranat na igracite da igraat za repkite na svetsko
 
И хипотетички, ако Реал кој игра во Супер Лигата му понуди на Халанд по 500.000 евра неделно, тој ќе рече, не фала, јас сакам да играм за Норвешка? :D
 
Од една страна Фифа и Уефа се прекорумпирани и си перат пари како сакаат. Си местат домаќини на натпреварувања и веројатно не распределуваат пари како што треба.
Од друга страна едни исти екипи да ги гледаш постојано би било предосадно, вака исчекувањето на ЛШ е поубаво отколку да се вртат истите екипи помеѓу себе секое коло.
 
Глупост од вакви алчни луѓе се уништува фудбалот. А како што читам ги пецнаа домашните федерации и Уефа клубовите што се за формирање на супер лига .
 
Тешко срање ќе биде Суперлигава...:facepalm:

Ќе здосадат натпреварите не само поради многу меѓусебни натпревари туку ќе има и многу натпревари без резултатско значење.
Ако има нокаут фаза уште на почеток неколку екипи ќе ја изборат и останатите натпревари ќе бидат без врска,исто така некои екипи што неможат да изборат нокаут фаза ќе служат само за билдање статистика.

Дното ќе го пробушат уште ако им бранат на играчите да играат за репрезентации.
Се надевам дека ќе има барем некои играчи што јавно ќе се побунат за ова.
 
Ако се прошири на 20-22 тимови од цела Европа, и има можност 3-5 да испаѓаат по сезона не гледам многу валидни аргументи против ваква лига.

Ако се 12 тимови со загарантирано учество како што се најавува, безвеза ќе биди.
 
Изглегоја со изјава на Твитер, ништо од суперлигата изгледа:

ECA_on_Twitter_httpst.cocPXzv3YaF4__Twitte_2021-04-18_21-40-22.png
 
Лига на Шампиони е натпреварување со кое сум пораснал и на кое најмногу сум се радувал како дете. Класик терминот од 20:45, химната, Мастер Кард рекламите, Амстер шеширите, дуплите групи и дуелите на Јунајтед со Депортиво и Баерн, фрустрациите на Јунајтед против Милан и Реал, репризите на МТВ после мечевите во живо, симулкастот на германската Premiere, силната Валенсија, пресвртот во Истанбул, Барса со Роналдињо и Деко, Јувентус на старт на 2000ти, Шевченко, Кака, Ван Нистелрој, Раул, Мориентес, Инзаги, Рој Макај, Џовани Елбер... се само дел од причините зошто натпреварувањето за мене било и ќе биде број еден во фудбалот.

Така да, идејата во г'з да си ја пикнат сите 12 екипи!
 
Nema sto Fifa da se mesa vo rabotata na Uefa.. Fifa si e baska, i nema da im zabranat na igracite da igraat za repkite na svetsko
И хипотетички, ако Реал кој игра во Супер Лигата му понуди на Халанд по 500.000 евра неделно, тој ќе рече, не фала, јас сакам да играм за Норвешка? :D

Доколку 12 клуба влезат у војна со Уефа и Фифа (пошо и фифа е против оваа идеа) тогаш што очекуваш ФИФА и УЕФА како организации да напраат?
Тотален бојкот нормално. Забрана за сите играчи што играат таму да се натпреваруваат на Светското и Европското 2021 и 2022 што ќе бидат сеа е најдобар потег. По некоја логика нели.
Ги боли кур, УЕФА организира, УЕФА ги поставува правилата. ФИФА организира, ФИФА ги поставува правилата.

Тогаш Халанд ќе може да си бира.
И Оскар си отиде од Челзи во Кина по ОГРОМНА плата свесно и знаејки дека никад више нема да заигра за Бразил. Секој со својот избор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom