Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Pred 3 godini koga najprvo se pojavi inicijativata klubovite go dobija toa sto go sakaa od UEFA poveke pari, sega barat fudbal na visoko nivo kako PSZ-Baern i zatvaranje na LS, dokolku UEFA ne go napravi ovaa tie sami ke si go napravat toa. Nema da bide kreirana nikakva Super Liga tuku LS ke ja napravat od zatvoren tip so poveke pari, toa e mislam celata poenta na ovie spinovi i spekulaci.
 
Ќе трае брмчењето максимум три дена, уефа е премоќна организација која во раце ги држи сите луѓе во федерациите, лигите, судиите. Има неверојатна финансиска моќ, пара поголема од буџетите на многу држави. Ако на ова се додаде дека и најолем дел од навивачите се против ваква лига, има да биде задушен овај обид на неколку клубови да ги изиграат како протест во Кина.
 
Значи мразам што сега пак треба да стројам милион нестручни мислења и пак да испаѓам најпаметен, ама изгледа поинаку не може. Рекол Гери Невил јакиот економски и фудбалски стручњак дека срам било ова за клубовите и сите кои ГЛЕДААТ САМО НОКАУТ ФАЗА ВО ЛШ помеѓу баш тие клубови кои сега ги плукаат и немаат појма кои се Лестер, Валенсија, Сампдорија, а не па им пратат утакмици се загрижиле за фудбалот. Дно дна.
Значи до борците за фудбалски права, бидете спокојни лигите ќе си опстојат, само место да гледаме мртви утакмици Реал-Шахтјор во групна фаза наесен директно ќе се почне со јаки групни утакмици помеѓу крем де ла крем во Европа, па на пролет ќе биде вообичена шема со нокаут фаза помеѓу крем де ла крем.
Ете тоа е тоа, просто и едноставно, ама некој Митре од Свирипичино кој не знае 5 играчи од Баерн/Реал/Сити да наброи и гледа фудбал 5 пати годишно се загрижил за Лечестер. Ајт мрш таму, направивте на човек да му е срам да се нарече фудбалски фан, а не па фудбалски навивач или не дај Боже стручњак.
 
Промени и текако треба, е сега дали оваа предложенава Суперлига е правилниот потег, не сум сигурен.

Никави промени не се потребни.

Форматот на ЛШ со 32 екипи е најдобриот формат во светот, не само во фудбалот туку општо во спортот.

Ќе требаше промени ако атрактивноста на ЛШ опаѓаше, но таа е константна веќе со децении.

Ова е само аздислок на увреџените Перез и Ањели, мафијашон Лапорта и американските магнати, за да си го вратат "приматот" од почетокот на двеилјадитите.

Ова па нашево старо дртало у тек на утакмица на Реал ќе објавува нова лига, баш ќе биде симболично дур не пуни Гетафе он да револуционира.
 
Пак ќе повторам, есенва во престижната и полна со историја ЛШ имаше 2 натпревари помеѓу Ференцварош и Динамо Киев што буквално никој на светов не ги гледаше.
 
Пак ќе повторам, есенва во престижната и полна со историја ЛШ имаше 2 натпревари помеѓу Ференцварош и Динамо Киев што буквално никој на светов не ги гледаше.
Токму тоа зборам и јас дека им оди во прилог на милијардериве со агендата. И секој ден и да играат истиве клубови меѓу себе, пак сите ќе гледаат и никому нема да му здосади. Една сезона се случи Челзи и Јунајтед да изиграат точно 7 (со букви седум) пати па не памтам некој да стропа досадно дека било.
 
Гери друга песна ќе пее кога Скај-Спортс би ги имал правата за ЕСЛ, и кога он ќе лапа 100.000 неделно за “стручни анализи и коментари“
 
Токму тоа зборам и јас дека им оди во прилог на милијардериве со агендата. И секој ден и да играат истиве клубови меѓу себе, пак сите ќе гледаат и никому нема да му здосади. Една сезона се случи Челзи и Јунајтед да изиграат точно 7 (со букви седум) пати па не памтам некој да стропа досадно дека било.
*една сезона*.
 
Пак ќе повторам, есенва во престижната и полна со историја ЛШ имаше 2 натпревари помеѓу Ференцварош и Динамо Киев што буквално никој на светов не ги гледаше.

Е добро де. И пред 10 години играше Рубин Казан со Трабзон.
Со овој систем екипи како Динамо К или Загреб никогаш нема да имаат шанса да играат со топ екипи.
Башка со измените пред неколку години им се направи услуга само на поголемите тимови. Порано имаше многу повеќе падобранци него моментално.
 
Читајќи некои коментари "Sto bi gledal megju Barsa-Celzi i WBA-Betis" дојдов до една интересна идеја... а зошто да не се прекинат сите фудбалски лиги во светот?

Онака, сите до една?

Пошто, еве, гледате вие Австијска прва лига? Бразилска втора? Португалска? Грузијска? Турска? Германска втора?
Кога би бирале меѓу Зенит-ЦСКА и Сити-Баерн, што би одбрале? Помеѓу Фенер-Галата и ПСЖ-Јунајтед?

Најпаметно, сите лиги нека се прекинат, секако немаат гледаност, само овие десетина екипи нека си постојат, секако тие само прават пари, тие само се гледани...

Еве, у моментов Лестер-Саутемптон играат полуфинале во најстариот куп....0 коментари.

Идеја за Супер куп? 5+ страни само на темава, со се другите теми 10+ страни се.

Укинете ги сите лиги, само оваа нека постои, како НФЛ :toe:
Нека има драфт, секоја екипа да има по 50+ играчи, и нека игра секоја од овие екипи три утакмици у неделата, пошто нели, секако во понеделник не гледате Бундес 2, ќе си гледате Челзи-ПСЖ
Во петок не гледате холандска втора лига ќе си гледате Барса-Јуве и така натаму
 
*една сезона*.
И повеќе да се, пак сите ќе се седнати пред телевизор. Исти муабет како некни што му се црташе на членот што викаше вистински фудбал дека било некои екипи што само ја копачат топката, нема теорија дека некој ќе седне да гледа такво нешто пред Јунајтед - Реал, Челзи - Барса и слично па колку сака и да се игра често :)
 
Не гледам никаков проблем во тоа дека би здосадило. Нема да здосади секако, гледаноста сигурно ќе биде на ептен високо ниво. Големиот проблем е што целосно ќе ја уништи компетитивноста помеѓу тие 15 тимови и сите останати надвор од лигата. Нема да има апсолутно никаква шанса некој друг тим да оствари подобри резултати од овие тимови во националната лига.
Исто и ќе ја зголеми уште толку цената на топ фудбалерите затоа што 15 клубови со неограничен буџет ќе наддаваат за секој топ талент кој ќе се појави.
 
Еве, во националните лиги ќе си остане како до сега (додека новата лига не ја направат НБА :D ). Ако навистина "фудбалската публика" не сака промени, не е задоволна од новиот концепт кој ќе го уништи фудбалот, тогаш ќе ги гледаат повеќе националните лиги, тие со тоа ќе бидат повеќе престижни, клубовите ќе сакаат повеќе да победуваат и да освојуваат домашни титули и така ќе победат "чуварите на вистинскиот фудбал".:)
На долг рок, помалку луѓе ќе гледаат фудбал ако помине овој формат на натпреварување, јас сум убеден во тоа. Навивачите ќе продолжат да ги гледаат националните лиги, ама со тек на време, ради финансиските импликации на една ваква супер лига, врз клубовите кои ќе учествуваат во неа, квалитетот од целата национална лига ќе се концентрира во клубовите кои ќе учествуваат во супер лигата.
Најголем губитник, како стојат работите, ќе биде ПЛ, бидејќи ќе изгуби многу на популарност откако парите ќе ги пропелираат топ шестте клуба, надвор од дофат за останатите клубови од ПЛ. Види само каков ефект имаше ФФП во некои лиги. Едни имаат по два тима, кои ги ротираат без пад на перформансот, а други мака мачат со борба за излез во Европа. Само за да можат да си дозволат малку покомпетитивен тим, за пак да може да се пласираат во Европа, и така до недоглед. Без да имаат реална можност да играат за титула.
Во Италија Јувентус 9 години освојуваше титула, во Германија Баерн има 8 по ред, во Франција ПСЖ има 7 титули во последните 8 години, а во Англија 3-4 тима кои се менуваат на врвот, со исклучок на сезоната кога освои Лестер.

Иначе, јас мислам дека американскиот концепт не може да функционира во фудбалот, без разлика колку пробуваат да го протуркаат. Европа не е една држава, со иста даночна регулатива за сите. Макроекономските услови на државите од каде доаѓаат клубовите, се сосема различни, инфраструктурата, медиумските услуги и сл. Тоа прави разлики во приходите на клубовите, што го прави непрактично воведувањето на правила за salary cap и останато.
 
Трансфер од бош екипа во тим од суперлига 800 милиони батка...имаш ќеш плати.
 
Пак ќе повторам, есенва во престижната и полна со историја ЛШ имаше 2 натпревари помеѓу Ференцварош и Динамо Киев што буквално никој на светов не ги гледаше.

Епа нека ги укинат ако не сите лиги освен оваа Супер лигава, пошто и така нема никој на Свет да ги глеа.

А ианче па денес модерниве фанови колку ги гледаат нивните тимои, дур се на стадион/ спортска сала, дремат на мобилните, за дома па не праам муабет...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom