Па ја како што читав, екипите од домашните првенства ќе се борат за пласман во БеНе лигата. Плус мислам дека ќр се 18 екипи. Незнам како би идело само испаѓањето и промоцијата во случај сите испаднати екипи да се од Белгија.
Реално overall добар потег ќе е ова на двете федерации знаејќи дека ќе е многу потешка за освојување, константно дерби натпревари и пример за останатите лиги. Особено ќе служи како добар пример за фудбалот во Источна Европа и аматерскиве лиги.
Има решение и за испаѓањето, да речеме ако испаѓаат 3 екипи, и од тие 3 ако има 2 белгиски и 1 холандска, влагаат 2 белгиски и 1 холандска. Место за место.
Што знам, дава надеж дека се белгијци и холанѓани и ќе дадат професионалност на лигата. Мада, ако нема некое посебно значење од типот на места у ЛШ и слично, не гледам како би го кренала нивото на мотивација за натпреварување. Секако дека на Ајакс, ПСВ, Генк, Андерлехт им е побитно да се шампиони на својата земја и со тоа да имаат пласман у ЛШ и ЛЕ отколку да се шампиони на некое во наводници небитно заедничко првенство.
Плус, зависи и послабите екипи како ќе се понашаат тука. На Ајакс му е гајле, он комотно со Венло може да игра со втор тим и после против Генк да игра со првотимци. Ама на Спарта Ротердам ќе и биде проблем да игра против Зулте Варегем и после против Феенорд.
Ќе биде ова добро за 3-4 екипи, ама ај да ги видиме деталите прво па ќе коментираме.