Криптовалути - Генерална дискусија

Член од
14 мај 2016
Мислења
47
Поени од реакции
12
BTC сам по себе има скапи трансакции, доколку си префрлал мала сума околу 100усд или помалку затоа ти излегло толкав процент. Провизијата се зголемила дополнително кога и берзата која што си ја користел си го зела својот дел. Најдобро и најбрзо ти е да префрлаш со TRX (Трон)
Да, околу 130 усд беа за да стигнат 105 на binance што е секако премногу. Никаде не прочитав дека за помалу суми провизијата е над 20% што мислам е прилично лудо. А која е сумата над која наплатуваат нормална провизија како што пишува на сајатовите?
Ова што го сугерираш со Трон значи дека и за помали суми провизијата би била нормална т.е помалку од процент? Значи би одело - Трон за фиат на cex.io, па после на binance со Трон да се купат други алтернативни валути.
Гледам дека има можност за купување на крипто на binance со картичка. Зошто таа варијанта не е поповолна од трансакциите за купување преку cex.io?
А и ако имаш идеја зошто па на XRP ми има закинато (пишува во извештајот резервирано) за сличен толкав износ на усд при префрлање на Труст валет?

Општо за сите - Би било добро да се споделат позитивните искуства од аспект избор на валет, платформа за купување и берза и постапки, неједноставни и со најмал провизија и прифатливи за наши услови. Мислам за тоа сме овде на форумов.
 
Последно уредено:
Член од
28 септември 2014
Мислења
1.101
Поени од реакции
1.687
Да, околу 130 усд беа за да стигнат 105 на binance што е секако премногу. Никаде не прочитав дека за помалу суми провизијата е над 20% што мислам е прилично лудо. А која е сумата над која наплатуваат нормална провизија како што пишува на сајатовите?
Ова што го сугерираш со Трон значи дека и за помали суми провизијата би била нормална т.е помалку од процент? Значи би одело - Трон за фиат на cex.io, па после на binance со Трон да се купат други алтернативни валути.
Гледам дека има можност за купување на крипто на binance со картичка. Зошто таа варијанта не е поповолна од трансакциите за купување преку cex.io?
А и ако имаш идеја зошто па на XRP ми има закинато (пишува во извештајот резервирано) за сличен толкав износ на усд при префрлање на Труст валет?
При трансакција на бтц конкретно трансакцијата на блокчејн ке те чини исто како и да си префрлил милион усд да речеме, секоја трансакција си има горе доле фиксен fee. Јас лично не ги користам труст валет а средствата ги префрлам од cex.io на бинанс со трх и е прилично ефитно особено ако се земе во предвид голема сума. Скоро, 1 трон ми беше фее за трансакција, што е премалку а и многу побрзо се извршува трансакцијата. Што сакав да кажам е дека трансакцијата на блокчејн не е наплатена во % туку во фиксен fee без разлика колку голема е трансакцијата сама по себе. А берзите земаат некој ситен процент(дополнително) ској најчесто е незначаен , тебе ти излегло голем % фее кога ке направиш крајна математика само затоа што си префрлил мала сума. Да речеме да си префрлил x10 од таа сума би платил скоро исто фее, незначително повеќе(повеќе само поради процентот од берзата, но на блокчејн исто)
 
Фала за појаснувањата. Го преставив во процент тоа што ми го закинаа за да се добие престава за големината во однос на трансакцијата. Инаку беше 0.0005 BTC или околу 25 усд. Како што сугерираш веројатно треба да се земе поевтина валута зашто на неа фиксниот fee е помал. Поздрав
 
Член од
26 мај 2018
Мислења
26
Поени од реакции
9
Здраво дечки.
Неколку прашања и варијанти кои ги размислувам. Не ми замерувајте ако лупнам нешто бесмислено, пошто сум почетник и многу работи не ми се јасни :)

Читав, читав, ама не можам да најдам конкретни одговори. Направив акаунт на Binance. Го верифицирав. Е арно ама сега... за payment method? :(

Дали може оваа варијанта? Дали некој воопшто ја има пробано.

Отвораш сметка во Dukascopy банка. Си порачуваш картичка. Од Payoneer си префрлаш пари на картичката на Dukascopy. Ако е забрането на исто име, пошто од Payoneer многу тупат, од Payoneer на Payoneer му ги праќам на другар ми. Тој од Payoneer ми ги праќа на Dukascopy. Дебитната картичка од Dukascopy ја врзувам на Skrill и после го користам Skrill како Payment Method во Binance.

Трансакциите од купи - продај на Binance фактички ми легнуваат на дебитната од Dukascopy. Истата можам да ја користам за повлекување од банкомат дали кај нас, дали од кај соседиве. Dukascopy дозволува тргување со криптовалути за разлика од Payoneer, кои пак може да ти ја блокираат сметката.
Ептен зелени истресив или има ова некоја логика? :)
Ај ве молам за мислење.
 
има логика само да тестираш дали се ке работи во пракса, според мене би требало. За да не се мачиш толку можеш да си купуваш/продаваш нa cex.io и ке тргуваш на бинанс
 
Не сум пробал, но ми изгледа сосема логично да оди директно со купување на binance, освен ако нема некој скриен проблем. Ако може некој да појасни зошто е подобро да се оди преку cex.io па на binance, а не директно истото да се направи на binance?
 
Скриен проблем е тоа што сме од Македонија, па 99% од обидите да купиш или продадеш крипто нема да ти бидат успешни, освен ако не се регистрираш да речеме како Бугарски државјанин.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
239
Поени од реакции
124
Здраво дечки.
Неколку прашања и варијанти кои ги размислувам. Не ми замерувајте ако лупнам нешто бесмислено, пошто сум почетник и многу работи не ми се јасни :)

Читав, читав, ама не можам да најдам конкретни одговори. Направив акаунт на Binance. Го верифицирав. Е арно ама сега... за payment method? :(

Дали може оваа варијанта? Дали некој воопшто ја има пробано.

Отвораш сметка во Dukascopy банка. Си порачуваш картичка. Од Payoneer си префрлаш пари на картичката на Dukascopy. Ако е забрането на исто име, пошто од Payoneer многу тупат, од Payoneer на Payoneer му ги праќам на другар ми. Тој од Payoneer ми ги праќа на Dukascopy. Дебитната картичка од Dukascopy ја врзувам на Skrill и после го користам Skrill како Payment Method во Binance.

Трансакциите од купи - продај на Binance фактички ми легнуваат на дебитната од Dukascopy. Истата можам да ја користам за повлекување од банкомат дали кај нас, дали од кај соседиве. Dukascopy дозволува тргување со криптовалути за разлика од Payoneer, кои пак може да ти ја блокираат сметката.
Ептен зелени истресив или има ова некоја логика? :)
Ај ве молам за мислење.
Јас можам да ти префрлам која сакаш крипто, колку сакаш кога сакаш.. пиши ми во ПП ќе се договориме
Дека користам и јас binance
 
Член од
14 мај 2016
Мислења
47
Поени од реакции
12
Еве да споделам искуство во врска со закинувањето на дел од XRP при префрлање на валет бидејќи гледам никој не знае (што е чудно за тие кои веќе тргувале а има такви). Значи Рипл има правило при отворање на акаунт кај нив, односно прва трансакција со нивната валута (под изговор да не се работи за спам), да задржат ни помалку ни повеќе 20 XRP. Инаку тоа во долари сега ви е 35. Тие тоа фино го викаат резервирани коинти кои испаѓа дека неможат да се повлечат, значи вие иако ги гледате веќе не ги поседувате. Со ова и при оваа вредност на рипл и ограничените можности за голем пораст рипл не го препорачувам за инвестирање. Еве бујрум и официјално објаснување за резервацијата https://xrpl.org/reserves.html#reserves
Јас се надевам дека нема вакви слични трикови кај другите валути. Ако има споделете, нема да ве кошта ништо а некого може да поштедите од нервози и фрлени пари.

Инаку за тие што планираат да почнат, да повториме, никако да купувате биткоинт како основа за идна трансакција бидејќи една трансакција ќе ве чини од минимум 20усд па нагоре. Еве линк за преглед на висината на фее за биткоинт. Моментално е 21усд а на 24 февруари било 31усд. Мислам во 2017 бил и до 60усд. Во некој од претходните постови го имаше спомнато неколку пати
.

Вкупен впечаток - изговорот за криптовалутите/блокчеинот како начин на функцонирање за избегнување посредници кои само земаат големи пари за нешто што самите може да го направите само фино звучи ама нешто баш и не функционира у пракса.
 
Член од
28 септември 2014
Мислења
1.101
Поени од реакции
1.687
Инаку за тие што планираат да почнат, да повториме, никако да купувате биткоинт како основа за идна трансакција бидејќи една трансакција ќе ве чини од минимум 20усд па нагоре.
Сличен е и случајот со етериум да знаете, цената на трансакциите е висока во некои моменти дури и повисока од таа на бтц , зависи колку е оптеретена мрежата
 
Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.730
Поени од реакции
2.823
Decki staviv pred nekoj den pari na doge i sakam sega da izvadam od binance ama ova aplikacijava ne mi ja prifakja verifikacijata a sve pravam ko so treba i licna karta staiv i faca i sve, znam deka ke ide nagore uste ama sakam da izvadam malce kolku da vidam deka ke se izvadi.. gledav neso na yt i u eden klip vikase ako e na majcin jazik licnata moralo pasos da se staj.. eve ne znam nekoj ako imal vakov problem i go resil da kaze nacin?
 
Ке ги продадеш за USDT , па од бинанс ке ги префрлиш преку TRC20 мрежа на cex.io па преку цех.ио ке ги извадиш на мастеркард. Или ке се договориш со некој човек што врши таква услуга
 
Kajgana Shop

На врв Bottom