Да, околу 130 усд беа за да стигнат 105 на binance што е секако премногу. Никаде не прочитав дека за помалу суми провизијата е над 20% што мислам е прилично лудо. А која е сумата над која наплатуваат нормална провизија како што пишува на сајатовите?BTC сам по себе има скапи трансакции, доколку си префрлал мала сума околу 100усд или помалку затоа ти излегло толкав процент. Провизијата се зголемила дополнително кога и берзата која што си ја користел си го зела својот дел. Најдобро и најбрзо ти е да префрлаш со TRX (Трон)
Ова што го сугерираш со Трон значи дека и за помали суми провизијата би била нормална т.е помалку од процент? Значи би одело - Трон за фиат на cex.io, па после на binance со Трон да се купат други алтернативни валути.
Гледам дека има можност за купување на крипто на binance со картичка. Зошто таа варијанта не е поповолна од трансакциите за купување преку cex.io?
А и ако имаш идеја зошто па на XRP ми има закинато (пишува во извештајот резервирано) за сличен толкав износ на усд при префрлање на Труст валет?
Општо за сите - Би било добро да се споделат позитивните искуства од аспект избор на валет, платформа за купување и берза и постапки, неједноставни и со најмал провизија и прифатливи за наши услови. Мислам за тоа сме овде на форумов.
Последно уредено: