Најпреценети играчи искачаат од Бенфика и Порто.
Сега баш ги гледам најскапите излезни трансфери од овие екипи и на прсти на раце може да се избројат погодоците од истите.
Бенфика: Едерсон сметам дека ги има оправдано 40те милиони што ги плати Сити за него. За Феликс и Рубен Диас е сеуште рано да се коментира како трансфери што се поскапи од овој. Иако знак прашалник за Феликс дали некогаш ќе успее да оправда 127 милиони евра платени за него. Рубен Диас 68 милиони, рано е за него да се коментира иако сезонава кружат доста позитивни критики за неговите настапи.
Од другите, Ди Марија, Давид Луиз и Немања Матиќ секако дека ги оправдаа 30те милиони евра горе-доле за нивните трансфери, Ди Марија 33, другите двајца по 25 што е во ред па дури и испод цена кога ќе ги споредиме со поскапите играчи од нив како Аксел Витсел, Раул Хименез, Семедо, Линделоф, Ренато Санчес, Коентрао, Родриго, Гончао Гуедеш, Нико Гаитан, Енцо Перез, Лазар Марковиќ, некојси Раул де Томас у Еспањол за 22, Јовиќ, Рамиреш, Хави Гарсија, Талиска... играчи платени над 20 милиони евра. Чисти просеци и грабеж од трансфери. Менаџерски играчи и ништо поише. Алал парите и способноста на Мендеш.
Порто: греота, грдни пари заработиле на играчи како Хулк, Едер Милитао, Мангала, Хамес Родригез, Фабио Силва, Андре Силва, Џексон Мартинез (михихихилан), Данило, Имбула, Диого Далот, Фелипе.
Ко трансфери што оправдаа, секако Фалкао у Атлетико, Алекс Сандро и Жоао Мутињо. Од постарите тука ќе ги напоменам Пепе, Карваљо, Деко, Босингва, Пауло Фереира, мада па и за овие двајца е прашање колку вределе за тие 20тина милиони платени пред поише од 15 години.
Бесрамно ограбени Манчестер и Интер за Андерсон и Рикардо Кварезма.
Уште еднаш честитки за Мендеш.