Фан Клуб: Арсенал

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Играчите што си ги набројал се во клубот заради Артета, зашо мислеш дека цела сезона го форса Вилиан во прва постава, Себаљос и Ел Нени се вратија по негова желба, еве вториот сеа ќе биде награден со нов договор, Џака исто беше разубеден да остане во клубот, мислеш ова без амин на тренерот ќе биде ставено во пракса ?

Артета беше доведен како тренер кој би требало да го извлече потенцијалот од талентирани играчи, нели беше екстремно хајпан како Стерлинг и Сане ги трансформирал во прва класа фудбалери...
Зашо нема никакви подобрувања кај Пепе, очигледно играчов кога добива трошки минутажа е максимално посветен, не може да го обвинам дека не се труди, ама нажалост формата му оди на полошо.

Обамејанг лани имаше слични статистички податоци(xG) од крило, разликата е што беше крајно ефикасен во завршница на шанси.
Клоп во Дортмунд го проба на крило, виде не функционира, па го стави шпиц и резултираше во голови, она со што се прослави, гол играч, секоја друга позиција му е излишна, не е креатор, ниту дриблер, не знае да сочува топка, нема центаршут, слаба пас игра, на долг рок не можеш да се крстеш дека е крило, мислам дека изгуби мотивација, прегазен е од тоа што постојано е закован на аут линија, играј го шпиц или воопшто не го играј.
Ако е сметан вака на долг рок неплански му е доделен нов договор оти очигледно дека Артета не го преферира на шпиц, истата ситуација на Озил ја повторуваме...

Патем видете Роџерс како го преобрази Варди во покомплетен играч кој не зависи само од голови, чинам играше како крило под Шекспир, па се бореа за опстанок во лига....
Не би сакал повеќе Арсенал да дава долгорочни договори на играчи постари од 31година.

Константа нема сезонава, топло, ладно постојано, достојно за екипа од средина на табела, каде што сме, Емери потфрли да, изгуби од пол позиција да го пласира клубот во ЛШ, ама да не заборавиме дека еден бод не делеше од 4место притоа без Парти, Габриел и Тирни...
Арсен не смее да биде споредуван со просечни тренери, те молам. :)

Прашањето е дали го вади максимумот Артета од играчите, одговорот е не, погледнете ги клубовите пред нас, зарем Лестер и Вест хем имаат подобар состав, Евертон, Астон вила, делеме бодови со Лидс кој се новајлии во ПЛ...

Лампард кој важи за клупска легенда во Челзи со еден куп трофеи позади него беше избркан откако покажа јасни знаци дека не вади доволно од составот, еве сега истиот кој наводно не бил доволно квалитетен за еден тренер се покажува сосема обратно за друг, и нивните играчи изгледаа треторазредно пред да направат промена.
Кај нас изговори еден куп, помирување со ситуацијата, Венгер го мававме оти мислевме дека може повеќе друг тренер, да бидеме конкурентни за ПЛ, и до тука стигнавме да бранеме лик со кој сме заковани на "златна" средина, далеку од амбициите на клубот, да имаше навивачи на стадион немаше да се толерира ситуацијата ..
Следната не гледам различен исход, очекува некој дека ќе се вмешаме во борба за ЛШ под негово водство?

Останува да се надеваме на Лига Европа, тука може да се извади Артета за мизерната сезона.

Нема да добиеме нов спортски директор, директно поврзана му е судбината на Еду со тренерот, на кој договорот му трае до наредната, мислам дека ќе бидат тука и двајцата без оглед како ќе заврши.

Скаутинг мрежа не ти треба за да го доведеш Кутињно на позајмица.
Луис Кампос и Ралф Рагник се достапни, ама ете, ќе ги испуштиме.
Ајде по ред,

1. Дали ти мислиш дека на Артета ако му дадеа пари за трансфери он ќе го вратеше Себаљос, ќе се донесеше Вилиан или па ќе се остаеше Елнени ( ја неам ништо против Елнени, за ростер играч и да се вртка тука е океј. ) До толку си наивен да мислиш дека ако му речат еве ти пари прави тим он ќе ги сака овие играчи??

2. Пепе има изиграно 22 утакмици сезонава до сега, што е доволно за некој да се покаже. Во тие 22 дали 4-5 беше солиден.

3. На Обамејанг му беше дадена шанса ко шпиц сезонава на неколку утакмица, на СИТЕ БЕШЕ преслаб.

4. Глупости споредуваш со Варди, Раниери освои сезона со предобар Варди, може да има аргумент дека и Варди уствари и е уназаден малце под Роџерс.

5. Арсен беше просечен тренер у последните неколку сезони, е сеа ти направи ја математиката оти. :)
Многу ми се смешни фановиве што препаѓаат ради утакмицата со Ливерпул, со Венгер скоро секое дерби беше така. Не полнеа ко пиперки СИТЕ биг 6. Ама разбирам, скоро сите фанови имаат некоја слаба точка кон Венгер што и имаат изгубено меморија каков тим бевме под Венгер последните неколку години. Па Емери и Артета барем успеаја да бидеме колку-толку конкурентни на утакмиците против big 6 тимовите.

6. Друже ако сметаш ти дека Лестер има послаб тим од Арсенал, тогаш проблемот е во фановите ко тебе. Тилеманс,Ндиди и Мадисон ВЛЕГУВААТ ВО ТИМОВ без око да им трепне. Цела 4-ка позади освен на Тирни местото влегува во тимот наш исто без око да им трепне. Евертон има исто така подобар состав, за Астон Вила е дискутабилно, може и да не.


7. Споредбиве со Челзи се очајни, извини. Ко прво ни сме клуб достојни да се споредуваме со Челзи, ни па газдите ни се на исто рамниште. Тотално дијаметрално водени клубови. Арсенал да потрошеа 200+ милиони на трансфери, ја радо би го напуцал Артета.
Ама фановите ко тебе, мислите дека ако избркаме тренер одма со сигурност другиот треба да донесе успеси со ИСТИТЕ играчи, без да донесе нови и да проба да смени култура. Каде бе у кој тим го има тоа? Ајде кажи ми еден тим што нема никакви амбиции, што е преполн со просеци играчи, што нема никаква управа, што е воден од тотални аматери и што има тотално незаинтересирани газди, кажи ајде тим што сменил тренер и наеднаш имал успех?

8.Тука скоро 90% зборуваа дека не го сакаат Кутињо :D


Во никој случај не го сфаќај ова дека сум АртетаИн и такви срања, оти под defaul луѓето кога зборуваш објективно мислат дека си АртетаИн. Би го сменил Артета одма ако има подобро и посигурно решение и ако сум сигурен дека клубот ќе ја смени политиката.
Летово ќе дознаеме какви амбиции има тимот.
Автоматски споено мислење:

Е сега, ако не стасаме до финале во ЛЕ, тогаш Артета не е достоен да го води тимот. Оти и со вакви играчи какви и да се, подобар е тимот од Прага и Виљареал. Ако не успее да пронајде стратегија и мотивацијата за тим што ќе се бори и ќе игра добар фудбал у следниве неколку недели ( дека малце полесен распоред иде) тогаш тоа значи дека и понатаму ќе ги прави истите грешки и нема да учи од нив. Не сакам таков тренер.
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.834
Поени од реакции
492
5. Арсен беше просечен тренер у последните неколку сезони, е сеа ти направи ја математиката оти. :)
Многу ми се смешни фановиве што препаѓаат ради утакмицата со Ливерпул, со Венгер скоро секое дерби беше така. Не полнеа ко пиперки СИТЕ биг 6. Ама разбирам, скоро сите фанови имаат некоја слаба точка кон Венгер што и имаат изгубено меморија каков тим бевме под Венгер последните неколку години. Па Емери и Артета барем успеаја да бидеме колку-толку конкурентни на утакмиците против big 6 тимовите.

Конкурентен со биг 6, човекот има 12 порази на недовршена сезона и уште 8 кола до крај.
Дај изгуби се жити се! :D
Поарно биди 4ти и изгуби против big 6, отколку да си 10ти и да покажиш заби на екипите од биг 6 a падни ги сите од смол 20 :D .
Друго Елени и Себаљос не беа потребни во тимот, веќе ги имавме на располагање Гендузи и Тореира. Но ете егото на Артета беше пресудно и се одлучи да покаже заби и да игра со Елнени и Себаљос,но тоа го удри во глава.
И да верувате уште дека Салиба не беше спремен да изигра барем 1 утакмица во првиот тим?
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
@Ashburton Grove Знам дека ти ги читаш статииве https://arseblog.com/2021/04/project-mayhem-arsenal/ еве добра и се сложувам со повеќето од работите. Премногу грешки се направија from top to bottom, ќе видиме дали тимот ќе учи од грешките или ја наебавме гадно за долг период и ќе станеме Лидс.
Исто и оваа https://arseblog.com/2021/04/edu-own-summer-arsenal/
 
Последно уредено:

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.237
Ова е најлоша сезона. И без трофеј во купот ќе останат, а и според формата и играта и ЛЕ е тежок залак. Треба да се направи целосен ремонт од одбрана па се до нападот. Многу депресивна е моменталната екипа. Ако не успеат и Славија Прага да ја поминат најубаво нека си ги закачат копачките на клин.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
906
Поени од реакции
2.969
Има еден факт кој е важен кога се збори за резултати на Арсенал,
само Арсенал како клуб има двајца позајмени играчи у среден ред на клучни позиции кои се многу важни за тимот и играта.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.870
Поени од реакции
7.103
1. Дали ти мислиш дека на Артета ако му дадеа пари за трансфери он ќе го вратеше Себаљос, ќе се донесеше Вилиан или па ќе се остаеше Елнени ( ја неам ништо против Елнени, за ростер играч и да се вртка тука е океј. ) До толку си наивен да мислиш дека ако му речат еве ти пари прави тим он ќе ги сака овие играчи??

6. Друже ако сметаш ти дека Лестер има послаб тим од Арсенал, тогаш проблемот е во фановите ко тебе. Тилеманс,Ндиди и Мадисон ВЛЕГУВААТ ВО ТИМОВ без око да им трепне. Цела 4-ка позади освен на Тирни местото влегува во тимот наш исто без око да им трепне. Евертон има исто така подобар состав, за Астон Вила е дискутабилно, може и да не.
Не може повеќе да се користе изговорот дека клубот не дава пари, Арсенал фрла невидени пари во бездна последните неколку години откако замина Венгер, па сезонава Кронки извади од сопствен џеб за Парти, 50м јуро во кеш, зарем мислеш дека пакетот на Вилиан е бесплатен, на 200к неделна плата е плус сума од неколку милиони да потпише..
Место него Артета можеше да го земе Буендија, кој гази сезонава, и е најдобар играч во Чемпионшип, секогаш има алтернатива, тука треба да има голема улога скаутинг мрежата која е растурена...

Лестер ги изгради овие што си ги потенцирал, не се купени како завршен продукт, повеќе од 30/40м немат дадено за трансфер.
Вила лани се бореше за опстанок со истите играчи, Евертон имаат добри засилувања ама дека целосно им е подобар составот е лош заклучок, Калверт Луин е подобар од Обамејанг, така ? Рикарлисон подобар од Сака, Алан подобар од Парти, Кин/Мина појаки од Габриел ?

Не сум ни ја само да се направи промена колку да се каже еве пробавме не бидна па ајде дај друго дете, сакам и јас преобразба на тимот позади тренерот, ама нема да ја добиеме додека се Артета и Еду во клубот.

Не е важно дали си ин или аут, еве кажи ми дали веруваш дека Артета ќе успее да го наметне Арсенал во борба за ЛШ наредната сезона ?
Еве викаш не му дале доволно пари, океј, ајде нека освои Лига Европа, сигурен сум дека ќе му даде клубот 50/60м плус од продажба на играчи за нови засилувања, резултати пред се, мора да оправда доверба за да добие дополнителна финансиска поддршка.
Без желба да провоцирам, Лестер во моментов е доста поквалитетен тим од Арсенал, Евертон за нијанса поквалитетен. Вест Хем е по имиња послаб, но имаат голем ворк рејт, а Астон Вила е послаба екипа од Арсенал.

Лестер скоро на секоја позиција имаат подобар играч од Арсенал, а тоа е посебно видливо на средината од теренот. Не ти зборувам за инает, еве спореди играч по играч.
Планска работа си вродува плод, уште од времето тимот на Лестер позади тренерот функционира на ниво, патем и Роџерс има добро око за перспективни фудбалери, и знае да го изваде најдоброто од нивниот потенцијал.

Земи го за пример Барнс, лани покажуваше добар перформанс, ама сезонава константно еден од подобрите играчи на крило во ПЛ по форма, исто важи за Тилманс, Сојунчу, Фофана, Ихеначо кој се наметна во прв тим и освои награда за најдобар играч минатиот месец, ова се изградени фудбалери, факт е дека тренерот има голем удел во нивната преобразба, и вклопување во целина, горе доле истиот состав го имаа пред да го назначат Роџерс, тогаш се бореа за опстанок.

Не случајно се Лестер во топ 4.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.578
Поени од реакции
66.263
Лестер има многу, ама многу добра структура која им е во клубот уште од сезоната која станаа прваци. Имаат страшно добра скаутинг мрежа и добар тим за трансфери, комплетирана со визија за тоа како треба да изгледа клубот и составот во иднина и каков фудбал треба да играат. Земаат млади играчи со огромен потенцијал, и со оглед на тоа како функционира пазарот, ке треба луда сума да се даде за да извадиш играч од кај нив.
 
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Планска работа си вродува плод, уште од времето тимот на Лестер позади тренерот функционира на ниво, патем и Роџерс има добро око за перспективни фудбалери, и знае да го изваде најдоброто од нивниот потенцијал.

Земи го за пример Барнс, лани покажуваше добар перформанс, ама сезонава константно еден од подобрите играчи на крило во ПЛ по форма, исто важи за Тилманс, Сојунчу, Фофана, Ихеначо кој се наметна во прв тим и освои награда за најдобар играч минатиот месец, ова се изградени фудбалери, факт е дека тренерот има голем удел во нивната преобразба, и вклопување во целина, горе доле истиот состав го имаа пред да го назначат Роџерс, тогаш се бореа за опстанок.

Не случајно се Лестер во топ 4.
Јас воопшто не навлегувам во тоа на кој начин се доведени играчите. Факт е дека Лестер во моментот е подобра екипа од Арсенал, и тоа многу подобра екипа. Арсенал кога би ја имал екипата на Лестер би се борел за титула. Од оваа екипа на Арсенал само Сака и Тирни можат да фатат место во Лестер, на сите други позиции Лестер е подобар тим. И Роџерс е многу подобар менаџер од Артета.

Лестер и Арсенал се на две спротивно позиции од аспект на тоа како се води правилно тим. Лестер во моментот е најдобро воден клуб во ПЛ, гледано од аспект на односот вложени средства/резутати, а Арсенал е помеѓу најлошо водените клубови. Лестер носи играчи како Тилеманс или Барнс за без пари, а Арсенал му плаќа огромни пари плата на Вилијан и за фантастични 80 милиони го носи Пепе. Тоа се ужасни потези кои на долг рок го сакатат тимот. Арсенал е чудо од екипа, не трошат, не трошат, и потоа ќе лупнат огромни пари на некој како Пепе. Не велам дека Пепе е многу лош, напротив мислам дека е талентиран фудбалер, но 80 милиони??
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Не може повеќе да се користе изговорот дека клубот не дава пари, Арсенал фрла невидени пари во бездна последните неколку години откако замина Венгер, па сезонава Кронки извади од сопствен џеб за Парти, 50м јуро во кеш, зарем мислеш дека пакетот на Вилиан е бесплатен, на 200к неделна плата е плус сума од неколку милиони да потпише..
Место него Артета можеше да го земе Буендија, кој гази сезонава, и е најдобар играч во Чемпионшип, секогаш има алтернатива, тука треба да има голема улога скаутинг мрежата која е растурена...

Лестер ги изгради овие што си ги потенцирал, не се купени како завршен продукт, повеќе од 30/40м немат дадено за трансфер.
Вила лани се бореше за опстанок со истите играчи, Евертон имаат добри засилувања ама дека целосно им е подобар составот е лош заклучок, Калверт Луин е подобар од Обамејанг, така ? Рикарлисон подобар од Сака, Алан подобар од Парти, Кин/Мина појаки од Габриел ?

Не сум ни ја само да се направи промена колку да се каже еве пробавме не бидна па ајде дај друго дете, сакам и јас преобразба на тимот позади тренерот, ама нема да ја добиеме додека се Артета и Еду во клубот.

Не е важно дали си ин или аут, еве кажи ми дали веруваш дека Артета ќе успее да го наметне Арсенал во борба за ЛШ наредната сезона ?
Еве викаш не му дале доволно пари, океј, ајде нека освои Лига Европа, сигурен сум дека ќе му даде клубот 50/60м плус од продажба на играчи за нови засилувања, резултати пред се, мора да оправда доверба за да добие дополнителна финансиска поддршка.
Не само откако замина Венгер, додека беше Венгер Арсенал фрлаше пари во бездна. Да не ги набројувам играчите сите знаеме кои се и што се. Арсенал почна да оди по надолна линија кога Дин со отиде од тимот. После тоа се почна да се работи само колку да се задржиме во топ 4, а не да направиме еден чекор понапред. Затоа те молам, не го прави Венгер светец. Тоа што викаш од џеб извадил пари, ги кажуваш ко којзнае колку да дале, всушност дадоа 50милиона. 50 милиона. Не викам не, супер е тоа, ама требаше многу повеќе од тоа. Ама ајде, сите го занемаруваме фактот дека коронава го погоди и те како фудбалот. Не е лесно веќе да купиш/продадеш играч, освен ако не го преплатиш.

Кога викаш Артета да го земеше Буендија, добро, за што служи Еду во тимот? Па он е тој што треба да биде над Артета уствари, он треба да го има последниот збор.

Тилеманс е купен за 45 милиона, Ndidi за 20 милиона, Мадисон 20м, Фофана 35м, Кастање 24м. Поентава ми е дека Лестер троши, ама паметно троши. Јас би сакал вака паметно Арсенал да работи, а не 72м на човек што не знае да оди.
Кога зборувам за подобар состав еве јас на пример, не знам за другите, мислам на балансот во тимот. Е кажи ми сега ти искрено, кој има побалансиран тим Евертон или Арсенал? Јас мислам, ама сепак тоа сум само ја, дека Евертон има побалансиран тим од Арсенал, нема врска имиња и такви срања.

Грешката на Арсенал не е во никој случај Артета, грешката на Арсенал е што нема искусни луѓе позади Артета. Фрлен е во огинот одма, не се такви времињата веќе, ко на пример, Венгер кога дојде во Арсенал, тотален анонимус ама доаѓа во колку-толку стабилен тим и ја вметнува неговата филозофија за фудбал на професионалци, не на лигуши што треба да им се кажува кај да бидат по теренот и да нема жар во нив никаков. Доаѓа во тим кај што има капитениште, не али експрес Травис Скот за капитен. Не е битно брат ја дали верувам во Артета, јас искрено моментално и неам некоја надеж за повисоко од воа што сме, без разлика кој тренер е. Реков Артета ако не стаса до финале во ЛЕ, мораме да пробаме со друго дете, едноставно нема време да се чека за он да си ги научи грешките. Ама тоа ќе биде оти атмосферата ќе стане претоксична околу тимот. Ако лета Артета мора да лета и Еду, имаме сили и способни сме за уште промени без тоа да биде финансиски поддржано од Кронке?
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.870
Поени од реакции
7.103
Мора да ги пофалам адидас, редовно добри дресеви вадат за Арсенал
33.PNG
Автоматски споено мислење:

Leno, Bellerin, Holding, Gabriel, Cedric, Xhaka, Partey, Willian, Smith Rowe, Saka, Lacazette
Subs: Ryan, Hein, Ceballos, Aubameyang, Pepe, Mari, Nelson, Elneny, Nketiah, Martinelli, Azeez, Lopez
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Не знам кој му е филмов што не го игра Мартинели
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
561
Поени од реакции
1.021
Мене па ми излгеда дека е со стаклени нозе Мартинели, новиот Росицки. Се надевам дека ќе го гледаме кај нас, огромен потенцијал и талент има.

Почетокот на утакмицава не ми изгледа на арно. Оставаат многу простор да се шутира надвор од 16ник, во нападот се чека индивидуални блесоци и некој да издрибла све живо додека додека останатите стојат укотвени. Нема движење без топка, а и кога ќе помине Сака или Белерин од страна едвај Лаказет го имаат за додавање. Мое мислење е дека требаше да се тргне од прва секунда агресивно напред, овој мек пристап ми мириса на пораз.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.482
Поени од реакции
10.217
Бриј, ни со Славија не можеме рутинирано...
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Абе не сфаќам како можеше тоа да го утне Сака, па 5 дена имаше да се намести и да бира каде да шутира. Можеше да направи и салто пред да шутне пак немаше никој да го стигне, како успеа цел гол да го промаши.... И Лаказет многу ноншалантен шут во претходната акција... Единствено тоа на Холдинг испаѓа дека беше најблиска шанса до постигнување гол. Не знам крајно се несериозни. Би сакал и 2 непопуларни мислења да пишам:
- Парти греши премногу битни пасови и често неговите пасови не ставаат во гомна, голем дел од тие пасови не мора да ги одигра и се избрзани.
- Џака џабе зборите дека бил играч со муда не бегал да прими пас и контролирал курци палци. Колку пати сум го видел да е во одлична ситуација да прими пас, играчот со топка да сакал него да му подаде, ама он покажувал со прстите назад кон некој играч. Бегање од одговорност левел влада. Да прими топка веќе 5 играчи се исфрлени и од старт има потенцијал за полу контра во продолжеток на акција.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.073
Поени од реакции
7.160
Арсенал, тим со вредност 600м евра, едвај се приближуваат до голот на Прага, тим со вредност ~10м. Како го објаснувате тоа дека толку е капацитетот со играчи како Парти, Лаказет, Џака, Сака, Белерин... ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom