Кладилниците ќе работат на шалтер систем т.е од дома ќе може да составиш тикет и таму само да го уплатиш, и до сега едно добри 80% од луѓето не дремеа по кладилници туку на веќе готово ливче само одеа го уплаќаа така да нема да трпат они никаква финансиска штета. За кафичи, кафани и сл ич не ми се ни коментира - не може мене како обичен човек да ме тераат на отворено да носам маски а они се лупнале по 5+ луѓе на една маса прават корона парти
Делумично ќе се сложам дека одреден дел од кладионичарите преферираат да играат брзи тикети, но не треба да се заборави дека солиден дел од клиентелата на кладилниците се и постари луѓе кои не знаат или не сакаат да прават брзи тикети.
Финансиска штета и те како ќе има за кладилниците и за нивните вработени, сите кладилници сега ќе затвораат неколку саати порано, нема да може да се врши кладење на утакмици кои се почнати (live betting), итн.
Сево ова ќе контрибуира кон тоа да се создава илегално кладење какво што имаше прошлата година во тек на полициските часови, каде што неколку независни луѓе во еден град примаа уплати и вршеа исплати на кладење, без било каков данок.
Во врска со кафулињата, постои мерка за тоа колку луѓе смеат да седат на една маса, колку масите треба да бидат одвоени, средства за дезинфекции на маса, итн, значи проблемот пак ќе речам е во инспекторатот кој што очигледно не си ја врши работата или е под нечива контрола.
Да се разбереме, јас сум за воведување одредени мерки поготово во одредени сектори од кои што може да произлезе кластер, но не сум за нивно потполно финансиско уништување, не сум за зголемена невработеност и сиромаштија.